Број 3599  вторник, 07 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Сузана Акбелге

актерка

Утринава уште во 7 ч. наутро веќе сум на Скопскиот саем, каде што го снимаме новиот филм „Балканот не е мртов“, во режија на Александар Поповски. Времето за снимање не ни е строго одредено, но верувам дека ќе работиме некаде до пладне. Останатото време од денот го користам за уредување на домот со четка или валјак во рака. Тоа ми е за концентрација и релаксација.

Верче Пандиловска

пејачка

Со оглед на тоа дека утре во јавноста (на мојот веб-сајт и на „Јутјуб“) излегува мојот нов видеоспот за песната „Нема да оздравиш“, речиси цел ден сум зафатена со обврски околу промоцијата. Во текот на денот имам неколку интервјуа за различни медиуми, така што во денешниов ден не ми останува време за ништо друго.

Здравкица Билбиловска

радио и ТВ-водителка

Првата работна обврска во текот на денот ми е водењето на емисијата во радио Метрополис од 13 до 14 часот. Оттаму продолжувам во телевизијата АБ канал, каде што ја подготвувам темата за следната емисија „АБ-селект“, која се емитува секој четврток на овој ТВ-канал.


#
Најди! во Утрински

"""