(Повод: Детаљниот урабанистички план за урбаната заедница „Роберт Гајдиk“), Инж. арх. Петар Трајков
Почитувана г-ѓа Аларова,
Ви се обраќам како инвеститор на урбанистичкото решение за урбанистичката заедница „Роберт Гајдиk“, проект изработен од арх. Лидија Андреевска.
Овој дел на Скопје е проектиран од најголемиот урбанист Кензо Танге и тој со минимални корекци е реализиран во целост. Во тој простор повеќе години живееме околу 5.000 жители. За да се измени со ново урбанистичко решение, претпоставка е дека сакате просторот да го дооблагородите и да ни го подобрите живеењето во него. Но, што предлага проектот.
Сите парковски уредени простори, кои се формирани во период од повеќе години, се претвораат во паркиралиште. Речиси и да нема слободна површина која не се претвора во паркинг-простор. Од тоа не се поштедени ниту плочниците над подземните гаражи, кои се армирано-бетонски плочи- покриви на гаражите. Тие се приватна сопственост и сопствениците имаат имотни листови за нив. Покрај тоа, армирано-бетонските плочи се димензионирани за пешаци, а не за возила, каде што покрај статичкото, има и динамички товари. Вградените терацо- плочки воопшто не можат да поднесат автомобилски сообраќај! Па, кој сопственик ќе дозволи на покривот на неговата гаража да се паркираат возила, кога при купувањето се согласил покривот да биде само шеталиште?
Со претворањето на сите површини во паркинзи се одземаат сите детски игралишта, клупите за одмор, шеталиштата и се сечат четириесетгодишни дрвја.
Сето погоре се прави, наводно, да се обезбеди доволно паркинг-места за жителите на оваа населба. Па, проектантот има ли видено дали се потребни тие места? На овој простор има стотици подземни гаражи (повеќе отколку во целиот друг дел на Скопје), има веќе изградени паркинзи многу повеќе од потребните на жителите од оваа населба. Се има чувство на недостиг на паркинг-простор во претпладневните часови, кога од периферијата на градот сите сакаат тука да паркираат, па дури и тие што доаѓаат од внатрешноста на земјава. Добро би било проектантот заедно со вас да прошетате во попладневните часови или за време на викендите, па да видите дека нашите возила не заземаат ни 30 отсто од паркинг-просторите. Значи, новопроектираните паркиралишта не се за нас, туку за цело Скопје и Македонија, уништувајќи ги притоа веќе облагородените простори?
Посебна приказна е проширувањето на ул. „Даме Груев“ која наместо да се затвори, се претвора во булевар, со движење во двете насоки. Во цел свет строгиот центар на градовите веќе е претворен во пешачки зони, а сообраќајот пренасочен во поширокиот дел од градовите. Со овој предлог план наместо тоа, најстрогиот центар се претвора во паркиралиште и се зголемува густината на сообраќајот, при што не е поштедено ни ��обранието.
Од друга страна, се предвидува дислокација на Зеленото пазарче и негово претворање во парк. Па, зошто тогаш не се исели пазарчето и директно да се претвори во паркиралиште, наместо да се уништуваат постојните зелени површини? А за паркот на пазарчето до кога ќе чекаме?
Проектот е потполно неодржлив, ги крши сите урбанистички норми и прописи и ја деградира постојната состојба. Со еден збор, тоа е злосторство за овој дел од градот, чија евентуална реализација би ја чувствувале и генерациите што доаѓаат.
Необјасниво е како проектантот можел да исцрта и предложи вакво нешто: или не ја познава материјата на која работи или добил таква задача, па цртајќи нешто без и малку професионална совест, сам себе се деградира само за да ги исполни барањата на нарачателот. Овој ист проект беше предложен пред неколку години, но не се усвои заради жестоката реакција на граѓаните. Сега истиот во вид на плагијат се нуди повторно. Дали на проектантот му се плаќа двапати за ист проект?
Ние, жителите на оваа урбана заедница, повторно жестоко ќе се спротивставиме и никако нема да дозволиме планот да се усвои и озакони уништувањето на сето она што со години е градено и целосно деградирање на нашето домување.
Ве известуваме дека граѓаните веќе се организираа за борба против овој проект и неговата реализација. Ќе бидат известени и Антикорупциската комисија, јавниот правобранител, а се разгледува и можноста за покренување судска тужба против инвеститорот и проектантот, со барање привремена мерка запирање на сите активности, до правосилната пресуда. Очекуваме дека Вие како наш градоначалник ќе застанете во наша заштита за да останете во добри спомени, пред Вашето заминување од градоначалничката функција.
Pa zarem ovaa gradonacalnicka se uste ne ja zatvorijaa ili taa ukrala 12.000.000 evra a ne kako Zaev samo8.000.000 pa zatoa nema spektakularno apsenje.Tuku pravilo stana drugite da kradat a ovie od vlasta da susat
Од: bobo
Датум: 07.09.2008 19:59:07
Aman od nasi arhitekti,go upropastiva Skopje.Toa se najgolemite neznajkovci vo strukata(od site strucnjaci voopsto,vo razni struki).