Брoj 2703  среда, 04 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Втора страница

Македонија е на тенка линија да заврши како Белорусија

Нашата земја е на добар пат да стане нова Србија, со изборите прати сигнал дека сака да живее во изолација

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Македонија од неделава стана новото проблематично дете на Европската унија, и не само што пораката од изборите беше дека на политичките структури не им е гајле за евроинтеграцијата, туку и дека отворено му се потсмеваат на Брисел што живее во илузија дека има некакво влијание на политиката што се води во државата. И што е најстрашно, тоа не е се'.

На последните избори во Македонија беше издевалвирано се' што може да се издевалвира во очите на демократска и цивилизирана Европа. Брисел доби шлаканица бидејќи никој не водеше сметка за деветтиот услов што ни го поставува, Албанците добија шлаканица бидејќи нивните лидери им го оспорија правото да гласаат, а Македонците добија шлаканица бидејќи во мнозинство поддржаа влада која, пак, дозволи да се случи фалсификат видлив од Месечината, и парафразирано со зборовите на Ангелика Бер, да дозволат случувања со кои државата гарантирано нема иднина.

Македонија во учебниците по политика веројатно ќе биде првата земја во која партија со сигурна и огромна победа дозволи да и' се стави прашалник на легитимноста, зашто сака да гради Потемкинови села, а не да ја следи реалноста на политичката сцена.

Македонија е на добар пат, исто така, да стане нова Србија, бидејќи со изборите прати сигнал дека сака да живее во изолација, игнорирајќи ги пораките од Европската унија, НАТО, САД и од демократската јавност која не' поддржува. Како илустрација, веројатно само во Албанија, која не отиде подалеку од Спогодба за асоцијација и стабилизација последните две години, е регистриран список на злоупотреби какви што неделава беа видени лично од европските амбасадори на гласачките места низ Македонија, земја-кандидатка за членство која упорно се труди да не биде тоа и во иднина.

Практично нема што нема од она што е регистрирано во светот како изборна злоупотреба, а што не се случи на наша територија, без оглед што беше етнички изолирана: полнење кутии, застрашување гласачи, пропаганда низ медиуми, манипулации со изборни ливчиња, селективно дејствување на полицијата, па според некои информации и учество на полицајци во инциденти и фалсификати за да и' се помогне на ДПА да добие рејтинг каков што му треба на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако из��инатите два дена сите европски функционери излегоа со тврдења дека го поддржуваат премиерот Никола Груевски во намерата да организира прегласување, не може да се скрие фактот дека Брисел е тој што го бара тоа, и дека нашиот премиер доби шанса за поправен, која ако не ја искористи, ќе се најде на тенка линија да заврши како Лукашенко, а Македонија како Белорусија.

Легитимитетот (на власта) е клучниот збор што се провлекува во сите реакции од Европската унија, САД и НАТО, и тоа што Брисел ни ја остава и натаму отворена вратата за прогрес, и покрај скандалот со изборите, е поради тоа што е склон кон барање решенија дотогаш додека не станат безнадежни шансите за тоа.

Она што е најпоразително е дека Македонија реши да си наштети самата во годината кога ЕУ почна да го одмрзнува процесот на проширувањето и иако спорот околу името не дава голема надеж за светла иднина, не треба да сме тие кои ќе си го ставиме јажето околу европерспективата.

Најразочарани неделава во Брисел затоа беа тие кои најмногу ја помагаат Македонија, бидејќи не им остана ни малку образ, не пак аргументи да даваат поддршка за евроинтеграцијата на земјата, но и за спорот околу името, кој сами не можеме да го менаџираме, ниту, пак, да го решиме во наша полза.

Практично, кажано со едноставни зборови, она што бара од нас Европската унија е повторување на изборите за да може да го признае исходот и да им честита на победниците, и евентуално во декември да си го покрие образот ако реши да ни даде некаков условен датум за преговори.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи неспорно и што инцидентите се случија само на териториите каде што мнозинство се Албанците е олеснителна околност што ја уважува и Брисел, но се' додека не добие јасно уверување дека власта и водечките партии не стојат зад фалсификатите, или барем дека не ги дозволуваат, ниту Груевски нема да добие полн легитимитет во ЕУ.

Полошо од тоа за Македонија здравје, бидејќи граѓаните му дадоа силен мандат за многу нешта, но не да не' скара со тие што ни требаат најмногу. Од оваа диоптрија, дилемите дали си напиша Македонија извештај за ноември или не, ќе добие датум или не, стануваат споредна работа.

Прашањето е дали Македонија воопшто оди на патот на евроинтеграцијата, бидејќи последните месеци многу повеќе се влечат потези во спротивен правец од тоа што тоа го бара од нас Брисел. Од првото предупредување дека организирањето на изборите е губење драгоцено време, второто предупредување дека ќе си направиме проблем, бидејќи нема да организираме регуларно гласање, па до последното дека штетите од кампањата можат да се поправат само ако има нула инциденти на денот на гласање.

Не само што имавме насилство од големи размери, туку тоа го правевме и пред очите на посматрачите и амбасадорите, за да бидат сигурни дека не им ги почитуваме препораките и дека тие ни служат како упатство што треба, всушност, да не правиме за да не добиеме членство и да не мораме да ги слушаме советите на Унијата.

Со африкански избори не се исполнуваат европски перспективи, а тоа тешко дека не го знаат ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и ДУИ. Мала утеха е напуштањето на етнодистанцата околу изборите во Македонија, односно фактот дека првпат европските функционери проговорија јавно за политичката некултура и демократските манири на албанските политички партии во земјата, место да се оградуваат досега дека и тие се граѓани на Македонија. Брисел нема веќе намера да затвора очи пред разгаленоста на една етничка политичка структура, која има гарантиран пристап до власта во земјата, па тоа изгледа ја направи арогантна до таа мера што ја руинира иднината на сите граѓани во државата. (С.Ј.)

 


Статијата е прочитана 5482 пати.

Испрати коментар

Од: Belorus
Датум: 04.06.2008 00:11:45
More arno da sme ko Belorusija. Nevrabotenosta ke ni bide 1 % i zakonite ke se počituvaat 100%. A za ovoj narod samo toa treba -stroga disciplina.
Од: Antonio
Датум: 04.06.2008 00:24:28
Па до кога со оваа хистерија? ако не победи СДСМ и ДУИ ќе се распадни државата... ц ц ц, како може да бидете толку тешки лузери, прифатете дека и некој друг можеби сака и знае да стори нешто за Македонија, дека не е СДСМ незаменлив. Проблемот од месечина е јасен ако ДУИ не упее да полни кутии тогаш почнува со пукање, жалам што ќе ги разочарам комунистите, но власт мора да има и на избори, полнењето мора да запре, овој пат за тоа имаше жртви, но во иднина нема да има ни обид. Цената што ја плати Македонија за изборот на Бранко за Претседател е оваа. Вака СДСМ им дозволуваше на ДУИ да победува на избори. Ова е чиста последица, со која власта само се соочи, како и со сите други проблеми.
Од: ??
Датум: 04.06.2008 00:25:23
И само СДСМ не го спомнаве во лош контекст. А што има премиерот со лошите избори? Па нели полицијата е по Бадентер, што сакате сега? Да нема криминалци во неа кога се знае како се наоѓаат тие 25 % што ја пополнуваат квотата (со едвај завршено средно (фалсификувано или поткупено - најверојатно) и собрани од улица). Ајде одморите малку и дајте некој совет на СДСМ за да се реформира, оти вака 100 год. нема да се оправи!!!
Од: Zoran
Датум: 04.06.2008 00:32:52
Toa sto imase incidenti i neprifatlivi ispadi od demokratijata za vreme na izborite gospogo Jovanovska ne znaci deka izborite se FALSIFIKAT! Zarem mojot glas e falsifikat. Toa sto pobedila edna partija a ne druga ne znaci deka svetot propadnal. Gospodo, naucete da gubite kako sto toa go pravi civiliziraniot svet, bez zadrski i bez rezerva. A incidentite, sekako najstrogo treba da se kaznat.
Од: Igor
Датум: 04.06.2008 00:38:20
ne mozam nikako da ja sfatam levicata. otkako katastrofalno gi izgubija izborite namesto pricinite za toa da gi baraat vo sopstvenite redovi i vo nivnata nesposobnost, sega pricinite gi baraat vo sopstveniot narod. dali mozebi mislite deka ovoj narod e glup i ne gi analizira rabotite. so vetuvanje deka za 6 meseci ke ne vnesat vo NATO bez priota da objasnat kako ke go napravat toa, a znaeme deka edinstvena precka e nasiot juzen sosed, ja potcenivte intelegenciata na sopstveniot narod. Ako ne vi cini sopstveniot narod, povelete i zaminete od ovaa drzava. Pod itno da gi smenat plukacite Jani Makraduli i Igor Sema i da donesat ljugje koi vistinski ke se zalagaat za Makedonija.
Од: Biljana
Датум: 04.06.2008 00:38:37
Spored ovoj napis, najgolemiot problem e izgleda toa sto Makedonija mu dade mandat na Gruevski nasproti zelbite na EU. I ne razbiram sto e so histerijata - "Ili EU ili potop?". EU e konglomeracija so ogromni problemi, i bas ne mora da se ispotepame za clenstvo po sekoja cena. Cestito, Nikola!
Од: sss
Датум: 04.06.2008 00:40:57
pocituvana redakcio, pocituvani politicari ,pocituvani , narode MK,mislam vise dovolno e se i gi pominuva site granici so ovie izbori i poitika ,pa znaete li deka narodot psihicki otide od site ovie blamazi ,pisite nesto sto ke go ohrabri izmaceniot narod, ne samo zasrasuvacki politicki vesti i kritiki ova go nema ni vo nieden civiliziran svet ,sami pagate vo bezizlez ,sami ja rizikuvate sudbinata ,pozdrav do MK narod
Од: aleksandar london
Датум: 04.06.2008 01:05:16
kako ne vi e sram da go poistovetuvate gruevski so lukasenko???? desnicar so kraen levicar!!!makedonija so belorusija??? e toa ne cekase ako pobedese VASATA PARTIJA gospoda od utrinski!!! svesen e gruevski za se sto se slucuva i dajte ednas veke da go poddrzime covekot i da trgne rabotava napred!! so pozitivni deluvanja i misli se moze da se sluci!sto mislite evropa ke ne izolira???mozebi,ama ne moze da ne izbrise od kartata-NI POD RAZNO! pred desetina godini mozebi mozea,no sega koga veke i vrapcite na zapad znaat za nas,koga veke premnogu se involviraa so makedonija-nema teorija-nikoj ne moze da ne unisti....samo nie samite go mozeme toa! i citajte malku istorija...pa od sekogas MAKEDONIJA bila glaven problem na balkanot,nikoj drug...nasata teritorija i narod...trn vo ocite na site..evropa e umorna od ovakvi raboti i sega ke stori se za da gi zamolci ekstremistite-znaete kako?? so ekonomska pomos!!togas nikoj nema da gi poddrzi banditite!!toa go znae i gruevski i site-slepi li
Од: Zapad
Датум: 04.06.2008 01:13:37
Vladata sega neka odi na Megunarodniot sud za da raskrsti so referencata PJRM. Samo taka ke pokaze da li nesto vredi.
Од: b
Датум: 04.06.2008 01:24:36
po vakva ubedliva pobeda se plasam premierot da ne letne vo oblaci da mu udri slavata vo glava i da ja napravi Makedonija crna dupka vo Evropa.Se nadevam deka gresam za dobroto na site nas.Vremeto ke pokaze.A za incidentite se znae koj e kriv.So dijvaci neznam sto drugo i da ocekuvame
Од: Горан
Датум: 04.06.2008 01:27:06
Каква статија пишувате .. Тажно е што овој весник пушива како ние сме ја разочарале европа кога пред неполни 2 месеци таа иста европа нас многу убаво не разочара. Ни ставија дополнителен услов (името) и за во НАТО и за во ЕУ. Само разликата е тоа што овој весник не се ни осмели да ѓи искритикува европејците али затоа Груевски го пеглаат секој ден. Ееее мои “Македонски“ (СДСМовски) новинари ... алал нека ви е :)
Од: Bitola
Датум: 04.06.2008 01:40:33
nema smisla citam veke po kojznaj koj pat i isto pa isto.. uuuuaaaa VMRO , a SDSM nigde ne ja spomnuvate, bitlcani veke prestanaa da go citat ova bidejki znat deka nema vrska, bidejki znaat deka toj sto go pisuva ova e KOMUNIST !! pardon social demokrat ! i nepisuva nisto drugo osven izmislici protiv VMRO
Од: ronaldo
Датум: 04.06.2008 01:57:16
Nemozam da veruvam naovie komentari za toa sto se sluci!!! veke site znaeme koj gi napravi site raboti vo nedelata,site znaeme deka DPA ne moze da pobedi,ne sigurno so galsovite na albancitte..bi sakal da ve prassam samo edna rabota:vie kako makedonci izlegovte i glasavte,familijarno cesno i najnormalno,a na nekolku stotina metri od vas albancite se teroriziraa,im se kradea glasovi,onevozmozuvase da glasat slobodno i po svoi ubeduvanja!!!kako bi vi bilom da ste vo nasa koza?dali moze na edna ista zemja da imas svajcarija i irak?NE..koj toa go dozvoli?tie sto treba da gi branat albanskite glasaci,tie teroriziraa..dali treba pak nekoj da izleze i da gi brani pak Albancite?
Од: jimmy1
Датум: 04.06.2008 02:11:05
Neznam dali ke se najdat pogolemi gluaci od ovie sto ne kritikuvaat. Izborite se evropski, no kaj nas i vo Kosovo zivee afrikansko pleme, pleme koe e imase najgolemata podrska od ovie "demokratski" evropejci za vreme na konfliktot koga trebase drzavata da se spravi so niv. Po navika i togas kako i sekogas EU i site drugi zapadnjaci ne obvinuvaa nas, nasata vlda, nasata vojska i policija, a dodeka kaj niv vo nivnite drzavi gi ubivaja teroristite, a nas ne tapkaa po ramo za amnestijata i za davanjeto Makedonsko drzavljanstvo na okolu 300.000 kosovski afroalbanci. E bombardiraja Srbija samo za da gi zastitat svoite milenici, za da im dadat nekakva si vestacka drzava, a za seto toa pak sme nie najgolemite vinovnici. Koga imavme sansa da se spravime so ove kriminalci, da gi naucime da svatat kade i vo koj vek ziveat, bevme poprecuvani od ovie isti zapadnjaci, pa sega ako tie se sposobni neka gi opismenat, neka gi naucat deka ziveat vo Evropa a ne vo Afrika.
Од: smilemaksim
Датум: 04.06.2008 02:34:18
evropa e diskriminatorna stara kurva i ne nitreba so ucena da bidime so niv, najvazhno e ona shto sme MAKEDONIJA a glasachite go potvrdija toa sdsm se zabavuvashe so idea napred za evropa po sekoja cena glasachite skoro e izbrishaja i sega kutrite ushte ne im e jasno zoshto bea skoro izbrishani , na narodot povazhno mu e MAKEDONIJA nego starata kurva EVROPA .
Од: mitko znae zosto glasavte
Датум: 04.06.2008 03:25:58
Ne znam sto ne vi e jasno VRMO-ovcinja, si glasavte za izolacija na Makedonija. So Grujo Makedonija nema da vleze nitu vo NATO nitu vo EU. Ostajte gi bajkite i lagite vo koi veruvate i gi pisuvate tuka. Zemjata treba da se koncentrira na izbegnuvanje na voen konflikt koj stanuva se poverojaten. Drugite problemi (nevrabot, siromastija, losite izbori) vo sporedba so ova se sitnica.
Од: Dragan
Датум: 04.06.2008 03:50:46
Ne sum privrzanik na niedna partija i se slozuvam so tezite deka ova sto ni se sluci e katastrofa, no vakvi statii se direkten politicki marketing i krevanje na histerija od navodni "experti" i direktni izvestuvaci od Brisel. Ne radi drugo, no vesnikot gubi od kredibilitet posle vakvi statii, sto e zalno koga zborime za sloboda na mediumi i nezavisno novinarstvo. Koj i da e avtorot, podobro bi mu bilo sledniot pat da ne pisuva ogorcen od licnite neuspesi ili vo nekoj drug slucaj uspesi.
Од: Brejnard
Датум: 04.06.2008 04:34:22
Mislam deka evtino se prodadovte dragi moi zemjaci. Gledajki gi rabotite od distanaca, ( ne ziveam vo Makedoniaj) prosto nemozam da se iznacudam kade odi mojata zemja. Balonto na DPMNE ne moze da se siri vecno. Brgu ke pukne, no sto fajde, ovi izbori ja vratija Makedonija za 17 godini nazad. Makedonija vleguva vo period od meka vo tvrda diktatura i megunarodna izlocaija. Moj sovet: pametno so brasnoto i zejtinot sto gi podeli DPMNE!
Од: Никола
Датум: 04.06.2008 06:03:01
Нека си пишуваат сешто новинарите, кога друго немаат што да прават. Некој ги плаќа за тоа, можеби дури и некоја партија. Добро е што народот пет пари не дава за нивните написи.
Од: Ane
Датум: 04.06.2008 07:33:12
Zalosno e da se pomisli deka slavime bratstvo medju Gruevski, Tachi i Amdi Bajram.Medjutoa ovoj narod ne razbira demokratija.Kamsik i diktatura toa e sto saka i posakuva.Sedenje doma, prevrtuvanje po konteneri i prosenje toa ni e idninata leka poleka...
Од: BORIS(Vineam)
Датум: 04.06.2008 07:56:36
ODLICEN NAPIS, toa e vistinata, kolku vie toa go sakale ili ne od dpmne. Makedonija ja stavija vo kosot so NEKOI zemji, kade izbori se dobivaat na sila so oruzje, zaplasuvanje na narodot,KUPUVANJE glasovi(javna tajna).
Од: Камеоб
Датум: 04.06.2008 07:59:05
Не знам какво влијание имаат уредниците на Утрински врз работата на дописничкава , no, се се, ама текстов не е дописнички. Дајте ставајте ги ваквите текстови во коментари или мислења. Овде нема ниту еден цитат од европско официјално лице, се е „ракла казала“. Уште повеќе - доколку се сака да се знае вистинската слика за изборите - молам интервјуирајте бриселски експерти и советници - тие имаат најголемо влијание врз надв.политика на ЕУ и направете анализа врз нивна основа - доколку сте стварно „дописничка од Брисел“! Јавноста е сита од неутврдени искази, парафрази и веројатности. Ова не е првпат од „допоисничкава“ да дава информации од втора или трета рака.
Од: sloboda mila
Датум: 04.06.2008 08:04:44
Slobodanka, slobodna kako pile vo slobodnata si Evropa. Veruvam se skoluvala vo Makedonija na eden od besplatnite univerziteti, ili so stipendija od nekoj skrien fond. I kako dobar mislitel ja videla Evropa i i prilegnala za srceto. Pusto tamo se e poinakvo od ona doma 'afrikanskoto". I Ajde vo misija da ja menuvame svesta na onie zaostanatite i glupite sto ostanale vo Makedonija. Poveke roni solzi za mislenjeto na evropskata samobendisana birokratija, odosto msli na Makedonija. Makedonskite citateli i trebaat samo kako opravduvanej na honorarite. Kako bi bilo Slobodanka da napise nesto za Evropskite vesnici i da im objasni od koja drzava doagja i zosto taa drzava ima problemi so imeto i identitetot. Toa bi bil vistinski predizvik. Da plukas po 5000000 makedonci koi ja izbraa aktuelnata vlast i ne e nesto posebno .
Од: LICEMERIE
Датум: 04.06.2008 08:05:37
Za novinarkata e napisano predhodno pa nema da se povtoruvam samo i izrazuvam socustvo.A onie od EU I NATO koi davaat kritiki za izborite dobro znaat koj gi pravi incidentite .Neka gi otvorat reversite i ce vidat na kogo mu dale kalasnikovi bombi pistoli uniformi (a pravea zetvi za oruzjeto) Tie gi stvorija, i sega gi koristat po potreba na niv im e jasno ama jasno ni e i na nas i mnogu ne se sekirame.
Од: borce devicanec
Датум: 04.06.2008 08:36:36
A sto i fali na Belorusija. Samo sporedete go nivoto na ziveenje t. e. standardot sto bi rekle evropejcite so toj na Ukraincite gruzijcite pa ce vidite parametri. Pa i so toj na Ungarcite i toa kolku opadna po vlezot vo EU.Sto mislite EU mnogu se sekira za nas. Niv im trebaat novi pazari, eftina rabotna sila i globalizacija, t.e. unistuvanje na malite drzavi.
Од: Elena
Датум: 04.06.2008 08:48:46
O bre ronaldo, koj gi terorizira albancite vo makedonija? Pak li makedoncite!? Vas ve teroriziraat vasite luge, taka bilo od sekogas. Od sekogas ste stradale od vasite lokal "komandanti" i sekogas najdebeliot kraj ste go izvlekle vie, obicniot gragjanin. I samo kazi mi, sto bese tipot koj sto zagina vo Aracinovo, ako ne neisto drugo osven nasilnik i bandit, covek koj so oruzje vo raka ve terorizirase vas i vi kazuvase zxa kogo da glasate, zosto ako ne, tesko vas! Normalno e deka takvite lugje kako nego treba da zavrsat taka, ili vo najmala raka 30 godini vo zatvor. I se dodeka ne se svrtite samite kon sebesi i ne gi pobarate vinovnicite vo vasite redovi i samite ne gi kaznite, sekogas ke se slucuva ova. A koga policijata ke dejstvuva, togas redovno placete i vikate deka ste "ugnetuvani". I samo kazimi koj ke stane sega da gi "brani" albancite i od kogo? Od samite sebesi!? Smesno, pateticno i voedno zalosno!
Од: hrkljush222
Датум: 04.06.2008 08:54:40
Do sega samo Nikola neznaese, sega i narodov ne znae sto pravi! A da se zaprasaat site onie sto plukaat bez prestanok, sto tie i pravat na Makedonija, i cii interesi odrabotuvaat. Ili ne se prasuvaat tuku mozebi "znaat" kako da si napravat narod "po merka". E tuka e problemot, tie vreminja nepovratno pominaa. Vreme e tie da se prilagodat konecno na ovoj narod ili da pobaraat nov. Vreme e za rabota, pomina vremeto koga so maalski stosevi odnosno so prazna maalska retorika mozese da se dobie glas. Zatoa ucete od Nikola i od narodot, sednete, napisete si go domasnoto i naucete ja lekcijata. I dobro e da konecno site zastaneme zaedno i pomislime na nasa Makedonija, za site nas zaedno. Se pomestija vrednostite, dajte poleka da gi vratime pravite vrednosti. Samo taka moze, so plukanici i kavgi ne biduva.
Од: Zoki
Датум: 04.06.2008 08:55:05
Ripnaa radikalite vo Srbija,odma besplatni vizi,samo da ne pobedat,vetija i porano kje im gi ukinat nego nas,kje pocnat i pregovori porano od nas,jas neznam dali vo Srbija imaat biometriski pasosi,evropski licni karti........Znaci nema nikavki kriteriumi se toa e luk i voda!
Од: Peter
Датум: 04.06.2008 08:58:58
krajno nekorekten napis; sto e kriva VMRO za neredite na izborite ?? pa policijata ne smee da vleguva vo glasacko mesto, duri Albancite od Aracinovo ne davaat voopsto tamu da vleguva policija... taka e od poodamna, so znaenje i podrska na tie istite koj sega drobat gluposti...dosta so placenje, SDSM gi izgubi izborite ubedlivo, sami si se krivi, mislat deka narodot e maloumen...pa bea tolku godini na vlast, posledniot period so DUI vo koalicija i sto sega, ke se pravat umni..treba da si gi procistat redovite od site prociotani pajaci i oligarsi..
Од: Pompeszen naslov
Датум: 04.06.2008 09:08:12
Kakvi pompeznosti, Belorusija se uporedi so Makedonija, babi i zabi sto se veli.Navistina novinarite na Utrinski ponekogas izgleda gledaat mnogu amerikanski filmovi.Jas bi gi poducil, namesto toa malku geografija i ekonomska geografija da poducat.Pozdrav na site od stranstvo
Од: a
Датум: 04.06.2008 09:13:46
Draga (kole[ke)Слободанка Како не ти е срам.Во сите демократски држави Ако сакате Франција (ги отепаа од ќотек мароканците и др. обоени ) па е демократија:Толку тенденциозно и лошо пишување за сопствената држава , па и ако не победила партијата на дотичната новинарка немам видено. Вашиот коментар сигрно ја оддалечува Македонија од ЕУ и од ваквите како вас нашата држава не оди напред.Срамота е да кажувате дека ЈАС сум гласал под притисок од власта и дека изборите се нерегуларни. Дивјачкото однесување на дел,реков на дел од Албанците да ја оцрнат цела Македонија.Ваквите како ТЕБЕ придонесуваат тоа да се потенцира и да се доведе како нешто трагично за Македонија Вие правите и дозволувате и МЕНЕ да ме поисртоветуваат со (дивјаците ,неписмените,невоспитаните ,криминалци ) како Албанци така и Македонци Ова гледајте пак да не го објавите) Благодарам
Од: beni
Датум: 04.06.2008 09:19:48
abe luge, vie ne ste normalni!zarem navistina mislite deka DUI gi polneshe kutiite!!! ccc cel svet videshe deka DPa So VOJVODATA i MVR cel den polnea kutii po Tetovo i Saraj samo vie OVCI ne vidovte! e pa ke vidite so ke se slucuva! a za toj OLOSH, SMRDLE, vojvoda od DPA, ako navistina tolku go sakate, ke vi go dademe so celatsa negova druzina, i pari ke vi dademe na vas OVCITE. 90 posto albanci se so DUI, a, vie puknete ako sakate!!!!!
Од: Cvetan
Датум: 04.06.2008 09:24:36
Po osamostojuvanje na Makedonija kadrite i politicki i stopanski ne bea vo VMRO-DPMNE. Imase samo ideja sto ja promovirase Momceto bez eden den raboten staz!. No, vo teskite uslovi pobedi covek so iskrivokolcena ambicija - Crvenkovski. Toj uspe da gi stavi na strana Gosev i Andov, dodeka Kiro Gligorov, iako go narekuvase "Dete" mu dozvoli da se odnesuva palavo kon sopstvenata drzava i narodot. Taka, namesto Makedonija da napreduva vo nejze se oformi polticko-ekonomso-mediumska vladeacka oligarhija, na celo so vrvniot manipulant, se dodeka samiot narod ne se otrezni i bese prinuden da mu ponudi vlasta na VMRO-DPMNE duri vo 1998 godina. Iako so malku kadri, Gruevski za finasiite,a Georgievski vo politikata napravaija prvi uspesni cekori - kade pred se spadja sorabotka so Grcija, po sto dojde i potpisuvanjeto medjucrkoven dogovo so Srbija. No, novinarite, zaedno so liderot na SDSM sve to go izvalka. A sega kukaat vrz svoeto neznaenje necesnost.
Од: brisel
Датум: 04.06.2008 09:36:27
Bravo za novinarot !
Од: bitno li e?
Датум: 04.06.2008 09:42:29
ne znam samo zosto po sekoja cena bi trebalo da vlezeme vo clenstvo vo organizacija koja aktivno raboti na brisenje sve sto e makedonsko? moze na primer toas da mi go obajsnite so eden izdrzan tekst. Ovakvi tiradi im se potrebni na toa poltronite koj sto ja upropastija SDSM. Shema za pretsedatel a? Labudova pesma se vika toa
Од: ah ah
Датум: 04.06.2008 09:46:28
Na nas od sds ni se sluci Narodot. Ja kazni nasata arogancija ,samobendisanost i nerabotenje vo Parlamentot i nadvor od nego. A nasite partneri orovcanec ,andov ,tito i manasija zirinovski ne dokusurija. bevme totalno negativni i negativno si pominavme . Aj zdravjeneka ima.cao.
Од: Влатко
Датум: 04.06.2008 09:47:27
Го прочитав насловот но не планирам да ви ја читам статијата. Во стилот на СДСМ продолжувате да го правите народот ретарди. ПА имајте малку почит спрема нас! А Македонија ке станеше Белорусија само доколку оние вашите победеа со волкава разлика. И добро знае ЕУ што се случува во албанските села. Све е ова последица на нивните погрешни потези. Па потсетете се кој притискаше да се амнестираат терористите минатите години.
Од: narodot
Датум: 04.06.2008 09:57:48
Како овој народ беше многу фин кога двапати по ред гласаше во корист на СДСМ и кога Бранко Црвенковски јавно од говорница велеше, овој народ знае во право време да казнува, а сега наеднаш народот нечини и каков народ таква влада. Па господо СДСМ , како ги натеравте лугето до толку да не ви веруваат и да бегаат од вас како од ѓавол?
Од: Makedonec vo EU
Датум: 04.06.2008 09:59:53
EU mnogu dobro znae koi strukturi gi predizvikaa incidentite. Istite strukturi gi imaat i tamu kaj niv, i samite tie ne mozat da gi smislat. Politicarite na EU se svesni na koj evolutiven stepen se Albanskite partii i glasacko telo, i znaat deka fizicki ne e vozmozno da se obezbedi po eden policaec za sekoj Albanec. Ne panicete mnogu poradi ovie izjavi, tie ne se odnesuvaat do Makedoncite. Tocno poradi tie pricini NATO i EU go sozdadoa rezervatot Kosovo, da gi piknat site primitivci vo eden kafez.
Од: VANCHO ZAFIROVSKI od SYDNEY
Датум: 04.06.2008 10:10:58
Kucinjata posle pomorot se ushte laat no sega se poedinacni pa djavkaat vo prazno! Ne mi e krivo shto pishuvaat komunjarive gluposti no mi e krivo shto mislat deka nekoj im veruva .Ajde dev od tuka odete si vo toj trul i pokvaren Brisel (EU) ne ni go jadete lebot djabe!
Од: GIGI Bukurest
Датум: 04.06.2008 10:13:49
Se gleda deka avtorkata e levo nastroena da ne kazam kumunjarski. Fakt e deka ovie izbori ne ni trebaa i deka ni udrija slakanica ama mora da se gleda pozitivno. Od moja gledna tocka ne treba da cekame pokani tuku treba da zaboravime na EU i Nato-naj1vo treba da ja sredime drzavata pravno za da moze da ja digneme ekonomski - ne da placeme"videte sve napravivme i ne ne primivte" kavi se toa deklaracii od premier i precedatel. Izglea kaj nas zborot diplomatija i diplomat nikoj ne go razbira. ljuge gledate grcite kako igraat "spremni se da pregovaraat ama pak po nivnoto" taka treba i nie - spremni sme na pregovori ama pak po naseto SE DODEKA ne dobieme olesnuvanje na vizite, privleceme, investicii i ja namalime nevrabotenosta razvieme turizam dr. samo ke si dojde(djabe nudime najdobri uslovi bezcarinski zoni sve ke si dojde ako sozdademe pravna i sigurna drzava)A za promoteri samo stranski specijalizirani agencii ne individuii od mk. Vladata mora da izdvoii mn pari za promoviranje na MK.
Од: Vasko
Датум: 04.06.2008 10:16:05
Навистина коментариве што ги читам не личат ама баш на ништо.Незнам до каде мислам да одат приврзанициве на СДСМБЈРМ,кога народот им кажа не.Па честитајте ни ја убедливата победа на демократски начин.За изборните инциденти се знае кој е виновен.Туку да ве потсетам и на претседателските избори и тоа уште во првиот круг кога во поголем дел од македонија се полнеа кутии за Бранко Црвенковски.
Од: Janko
Датум: 04.06.2008 10:23:53
Prvo novinarot koga go pisuva tekstot neka napise koj e posto ne citam koj e,a makedonija kako ke prezivee kako ke ide ponataka sigurno ne si ti(novinarot )toj sto ke odluci tuku ti si eden od onie sigurno koj go primi porazot na izborive isto kako i 230000 lugje koi sto samo zborat i nisto ne praat,seir teraat i cel im e da ja smenat vlasta i nisto poveke.pozdrav
Од: колега
Датум: 04.06.2008 10:24:08
Браво колешке. Прекрасен текст. МНогу скоро сето тоа ќе стане и реалност!
Од: Marko
Датум: 04.06.2008 10:27:06
Ако завршиме како Белорусија тоа ќе биде утешно. Но, како сме тргнале многу се реални шансите да завршиме како Афганистан или Судан. Но тоа е тоа. Народот барем досега, се покажа дека нема критериум да бира и избира. Да знаеше Македонецот да избира, немаше Македонија да дојде до ова дереџе. Од оваа година да го држи убедливо ПОСЛЕДНОТО место во Европа.
Од: trpe (original)
Датум: 04.06.2008 10:48:26
I taka, kako apsoluten pobednik na ednoumna demokratija, si otidov vo Njujork da zemam svetska nagrada za uspesna rabota. I si go zedov kumot (bez kum biva li proslava?). Vie (nie) doma, tepajte se demokratski. Kakov narod, takva i drzava.
Од: И Сонце и За подобра Македонија
Датум: 04.06.2008 10:52:56
Постојат 2 начина за некој да докажете оти не го бива. Првиот, постојано да лаете против него. Овој начин докажано е непродуктивен, оти повлекува лавина негодувања против вас (особено во Македонија каде оној кој гледа подалеку од носот редовно се прогласува за антихрист). Вториот начин е да го оставите непособниот да плива, а со оглед на тоа оти таа вештина не ја совладал, неминовно е дека ќе се удави. Вистина, овој метод бара време (и жртви), ама 100% функционира. Е сега, каде е паралелата? Она што моите сограѓани, а особено оние во тн дијаспора кои живеат предобро за да можат да сфатат што се случува не можат и не сакаат да го видат е: а) никој во Европа и во Македонија не му ја спори победата на ДПМНЕ; б) сега сите очекуваме да добиеме подобар живот (барем ние во Македонија. Оние надвор, живеат предобро за наши услови). Совет до новинарите: за да не ги дразните вемеровците,не пишувајте повеќе нешто контра премиерот. Тој за нив е безгрешно зачнат и секогаш е во право.
Од: caircanec
Датум: 04.06.2008 10:55:33
do sega na site odrzani izbori imase dve zrtvi i koja koincidencija i vo dvata slucaja na vlast bea dpmne i dpa ,pa ke gi zamolam ovie od dpmne i nivnite braka od dpa da priznaat deka problem im bese niskiot rejting na pomaliot brat (dpa)pa trgnaa na kaubojski izbori se razbira vo albanskite naselbi .
Од: Aleksandar
Датум: 04.06.2008 10:57:22
so vakva pristrasnost gospoda od utrinski nikogash nema da go imate nivoto na dnevnik ili na eden seriozen dneven list tuku kako vecer spagjate vo politichki oboena tetratka ili bulevarski politichki pechat
Од: Ivan
Датум: 04.06.2008 11:26:18
Sramota gospogice novinarka,nemam zborovi da ve opisam,sramota.
Од: iki
Датум: 04.06.2008 12:07:07
Neka mu e so sreka na koalicijata Grujo taci ahmeti i amdi bajram da zivee bratstvoto i edinstvoto napred neokomunjari DPMNE-ovci do vcera vi bese kriva opozicijata za se i sesto ke vidime od utre sto ke vi smeta koga ke morate da go resavate i li martovskiot ili majskiot dogovor Grujo neka odbere magare ili zmija barase 64 pratenici i gi dobi aj sega da te vidime samo edno ne zaboravi izborite gi dobi samo so stavot okolu imeto a veke istata vever na sitel Latas so negovite gosti veke pravese zagovor okolu nekakov kompromis so sreka makeedonski narode na celo so grujo ali taci amdi pavle lile i singo zaedno so site macinstva da zivee bratstvoto i edinstvoto na makedonskiot narod.
Од: Македонец
Датум: 04.06.2008 12:11:16
Вашите гласови,„господа“ДПМНЕовци,не се фалсификат,вашите гласови се гласови на недоветни.Вам ќе ви треба цела една година или две за да видите што и кого изгласавте.Знам дека повеќето од вас се купени со пари,па и за црното твдите дека е бело.Само,одвратно е тоа кога после ќе почнете да плачете.
Од: ivan
Датум: 04.06.2008 12:17:01
Novinarkava gleda samo da ja napadne vmro a nikako da gi napadne albanskite partii koi od koga makedonija proglasi nezavisnost samo ja kocat i ja vraacact nazad vo provalija ,albancite se destabiliziracki faktor vo makedonija normalno pomognati od albanija na celo so sali berisa i strukturite na kosovskite albanci koi vo sekoj eden nacin gledaat da makedonija ne dobie clenstvo vo unijata vo nato ,nikako dosega albancite ne beile da kazat daj da napravime nesto za ekonomijata vop makedonija nego gledaat sekoj pat da se fatat za oruzje i pukaat i da ubivaat ,novinarakata ne gledam da go napadne i predsetatelot na drzavata koj nikako da gi napadne albanskite partii ili pa sdsm da kaze izborte se nerugularni zatoa sto nasive albanski politicari go zloupotrebuvaat toa pravo i sozdavata konfuzii i neprijatni situacii ,toa treba da go napises moja draga novinarka a ne samo da ja napagas vmro treba da gi gledas rabotite realno i opsirno ,ali ako si na platen spisok da ja napagas vlasta toagas
Од: Atanasija
Датум: 04.06.2008 12:21:59
E,diri sega ke zazivee Brankoviot zakon.Se sekavate,toj se odnesuvase na novi vrabotuvanja za koi rabotodavcite bea oslobodeni od plakanje pridonesi za zdravstveno,socijalni i penzisko osiguruvanje,i se odnesuvase na dve godinii,so toa vratotenite da ostanat veke na tovar na rabotodavacot,sto se odnesuva do pridonesite.Toj Zakon go unisti Lj.Georgievski i negoviot minister za finansii g.grujski.Sega Grujoski se seti na toa deka e dobro resenie.Se seti i na predlog zakonot ponuden od NSDP,sto go ignorira,no sega go promovira kako svoe resenie za stecajcite.Tolku za negovata dalekuvidost.A nekoj ovde spomna dogovor so SPC.Mislam deka e onoj Niskiot,pogubniot za MPC,d koj se ispoli problematicniot vladika Jovan.Izgleda nekoi od nas ja pisuvaat istorijata pocnuvajki od svojot rodenden,na koj se sekavaat.A .Grujoski likuva so vnesuvanje na informaticko opstestvo na 5 posto koristenje Internet,a ucilistata mu propagjaat.Zatoa vo sekoj kos gradi fakulteti kade ke se delat diplomi,magistraturi
Од: igor
Датум: 04.06.2008 12:33:40
Gi molam zapadnite diplomati, Isto kako sto vrsea pritisok da se donese ramkovniot, 25% zastapenost vo administracija, upotreba na zname, jazik, pasos i ostanato, e sega neka izvrsat pritisok vrz albanskite partii so ednakvi zakani kako kon makedoncite svoevremeno. Deka dokolku ne pokazat demokratska svest i zrelost ke bidat ekskomunicirani od zapadot, staveni na crni listi i nema da ucestvuvaat vo idnata vlada.
Од: [email protected]
Датум: 04.06.2008 12:41:53
Pa nie vece sme kako belorusija;malku ultra-bogati golem del sirimasi,stalno se ograbuvat ludje koi recisi nisto nemat dodeka bogatasite se dobro obezbedeni,se placa zdravstvo i obrazovanie,na nikogo ne mu e gajle za siromasite,bolnite,invalidite,hendikepirani,studenti,cigani........neli sme poslicni so Belorusija otkolku so EU....?sto mislite......
Од: od milco
Датум: 04.06.2008 12:43:11
amaterska analiza na aftorot koj sigurno tezi na druga strana
Од: Saso-makedonec
Датум: 04.06.2008 12:43:59
како може еден новинар да напише нешто вакво,а да си ја сака Државата.Сами си се уништуваме,а во тоа ни помагаат и некој медиуми.
Од: MKD
Датум: 04.06.2008 12:56:12
Prvo Cestitka do pobednicite na izborite kako vtoro kade pisuva deka VMRO so koalicijata mora da ima koalicija so Albancite bidejki ima dovolno mnozinstvo od 63 pratenika po pravilnikot 62 se potrebni znaci neka si formiraat sami vlada i kako najvazno Vednas da se prekinat pregovorite za imeto zatoa li se nervozni od EU????
Од: Kaj ziveeeme? Zimbabve?
Датум: 04.06.2008 13:28:56
Tezok falsifikat! Ce pokaze vremeto! Samo site zaplaseni ne smeat da prozboprat, oti vo izbornite odbori se isklicivo drzavni sluzbenici. Vo Cegrane-Gostivarsko, sabajleto dosla grupa vooruzeni, go odzela izborniot materijal i gi ispratila doma clenovite na odborot. Nikoj ne smee da zucne, imaat deca, familii ... i gi razbiram. Na drugite mesta donbro funkcioniral "bugarskiot voz". I za toa ne smeat da zucnat clenovite iako vo famiilte toa go zborat. So vakva vlast, toa ne me cudi.
Од: 123
Датум: 04.06.2008 13:42:20
Tek sega kolku ke mozat da kradat ovie planincive od VMRO. Strasno. Tolku li e glup narodov uste ne mi e jasno. Nikad nema da vlezeme ni vo Nato ni vo EU so ovie a imeto pak ke go smenat i toa samo od keif.
Од: S. Projkovski
Датум: 04.06.2008 13:44:08
Koga javno se oglasuvme treba da imame cuvstbvo za drzavnite interesi. Makedonija ne smee da bide zaloznik na politickite interesi na poedinci...
Од: Влатко
Датум: 04.06.2008 14:16:01
Јас и предлагам на новинаркава да се пресели во Белорусија и нека се обиде таму да пишува глупости... па да видиме колку овие споредби се издржани
Од: citatel
Датум: 04.06.2008 14:21:22
Samo uste malku ke moze novinarot vaka da pisuva. Vladata nabrgu ke donese zakon so koj ke moze da zatvora mediumi, kako vo Rusija. Inaku pobedata na VMRO se znaese odnapred, ako se poglednat site anketi, za koi celo vreme SDSM velese deka se namesteni, a VMRO deka se realni. I taka i bidna. Tuka nema mrdanje. Samo edno e mnogu "smrdlivo". Po istite tie anketi DUI ubelivo vodese kaj albanskiot elektorat, a sega naednas DPA slavi. Se sekavate deka na nedela dena pred izborite Gruevski na Kanal 5 izjavi deka DPA sigurno ke pobedi. Izgleda deka i vidivitosta mu e edna od negovite najgolemi osobini.
Од: Dime
Датум: 04.06.2008 14:26:00
Sto ste se dignale tolku protiv novinarkata. Kako dete na tatko koi po osamostojuvanjeto na Mk. javno izjavi (kako clen nea eden ili drug komitet) deka Makedonija e samo ime na teritoria i majka koja sakase da gi uci decat vo brisel (koga bese ucitelka) i srpski pokrai makedonski, nemoze i drugo da se ocekuva. Porasnata i zadoena vo komunisticka familija nemeoze da se pomiri deka i vo Makedonija nesto se menuva i deka i makedonecot postoi kako nacija i drzava, a ne kako teritorija.
Од: A.Nikolov
Датум: 04.06.2008 14:26:12
HAJ Hitlerr..Ova pobeda na koalicijata za podobra Makedonija ne e za chestitanje tuku e za plachenje.Po zavrshenata svadba so zurli i tapani,sega zapochnuvat problemite.Nikolaj mora da gi vraka dolgovite na koalicionite partii kaj koi mnogu se zadolzi a ne vodejki smetka za ugledot i napredokot na zemjava.Iako site kazyuvat deka teshko ke mu bide na Nikolaj za raspletuvanje na zamrsenite konci.Mnogu teshko ke mu bide na obichniot graganin koj ke ostane vo izolacija pod diktatura na vlasta a nikoj nemoze da mu pomogne.Tie koi bea protiv wednoumieto go vratija samo shto sega ushte polosho i toa slichno na kubansko ili ovaa shto beshe albanskata ili rumunskata diktatura.So jugoslovenskata nema vrska.
Од: spase - australiat
Датум: 04.06.2008 14:30:29
dosta e so negativizam za sve e kriv vmro imate li malku pamet mozis li malku podaleku fleksibilno da razmislis uredniku na prilogot protiv kogo odis vo stvarnost ili toa ti mnogu tesko pa da ti osesnam civilizirano -- cestito gruevski so sreka vo idnina i ksmet da ve prati kako vas taka i nas site so vas zaedno cekorime sakal nekoj ili ne tie se reprezenti a ne ti uredniku 2)kade e sega site onie koji kutea i gi progonuvaa osuduvaa samo maked.narod deka ne im dava prava na albancite sto pravat tie za makedonija samo problemi e sega e momentot zgoden da im se kaze vlice so koj si imaat rabota ne se krivi maked.vladi ili narod toa e vistinata ne samo sebesi da se napadjame na kogo mu pravis zlo na sebe na nikoj drug ako si makedonec ili mozi grk pa sakas da ne postoime.
Од: dani
Датум: 04.06.2008 14:33:03
so ovie izbori se vide dobro deka kaj albanskite izborni mesta e samo farsa demokratski izbori.taka bilo 18 godini na kraj na izborniot den se delat glasovite so diktat na reketasi ,kriminalci ,drogirasi itna,koi se glavni i vo dvete partiji na albancite.pozadi taci i ahmeti ima samo takvi lugje nema intelektualci ,mladi obrazovani i bez kriminalno begraund,sto ne e slucaj kaj makedonskite partiji i narocito kaj vmro.
Од: RR:Gruevski saka da bide Lukashenko
Датум: 04.06.2008 15:09:23
A po se izgleda i mnozinstvoto shto go glasashe go gleda taka i ne im prechi.No,toa ne e celata drzhava,zashto povekjeto ne ja gledaat Makedonija kako Belorusija.Povikot za 61 pratenik beshe baranje za apsolutistot da bide ustolichen legitimno na prestolot na diktatorskiot rezhim.Taka kje moze da go zaobikoli pravecot kon NATO i EU ,koi ne mu trebaat zashto vo svojata samobendisanost i arogancija se gleda nad niv,a dosega uspeshno napravi se da ne oddalechi i ostavi vo izolacija kako Slobo na vremeto so Srebija.Bidejki Albancite otvoreno porachaa deka za niv NATO i EU se prioritet i bez toa sami kje si baraat pat do tamu,jasno e zoshto se odrabotuva agenda shto vodi kon federalizacija na drzhavata.Sponzorite od istok kje se raduvaat za vrateniot vlog vo nivnoto ucheniche,koe konechno kje go isporacha kako podarok delot od Makedonija - bivshata drzhava na Balkanot.Toa e vistinata bez reklamite i falbite,koi go vozdignaa eden hendikepiran intelektualec do vrvot na Makedonskata Vlada.
Од: Regan
Датум: 04.06.2008 15:10:47
Госпоѓо!Што пишувате?!?!? Изборите завршија!!!
Од: Gospod
Датум: 04.06.2008 15:26:37
Kako dopisnik bi ve zamolil da napishete nesto i za evropskata zaednica. Kako se zivee vo EU?. Ako voopsto smeete ve MOLAM napishete kolumna za: Dali se postuvaat zakonite vo EU i za kogo vazat, ili ne smeete takvi komentari niti da pomislite kamo li objavite, za da ne ja narushite demokratijata vo EU. Kolevkata na moderniot rasizam.
Од: skopjanec
Датум: 04.06.2008 16:18:27
Natpisot e odlicen. Na kogo ne mu odgovara se gleda od komentarite. A sto se odnesuva za izborite ne vi gine Balkanska kal, nikakva Evropska perspektiva. Za toa glasavte i toa vo najskoro ke ja dobijete. Edna Albanija koja bese 100 godini zad nas, sega ke im ja gledame opaskata. Srekno neka nie so ``portokalova `` boja. Boja filovana so krv i zaplasuvanje,
Од: BABY DON'T CRY
Датум: 04.06.2008 16:28:41
Samo vie placete drugo ne vi ostana. Koga trebase da rabotite i napraete saglam drzava polesno bese da se pie viski i smrka droga, polnat licni smetki u stranstvo od namerno propadnati makedoski firmi, i da se dava gazot pod kesim na sekoj sto ce pobara. Zatoa sega samo placete. Od vas bese dosta 15 godini agonija. Cao zasekogas
Од: neopredelen,no dali veke i evroskeptik?
Датум: 04.06.2008 16:58:00
Se cudam na site,a posebno na pobednicite (se nadevam ne pirovi).Tolku li ve pogoduva mislenjeto na drug?Mora li site da bideme ednoumni i"kako sto ke kaze liderot"?Ne pomisluvate deka postojat drugi sto mislat poinaku i/li sto imaat drugi informacii?Treba sekoj od nas da stavi prst na celo. Da vi kazam deka nezadovolstvoto na Zapad za izborite ne e golemo, tuku OGROMNO.Prosto ne im se veruva. Od 1str (pocnuvam da)se soglasuvam deka treba da se zamislime za evropskata (nedolicna) politika kon MK, no se prasuvam (soglasno vasite reakcii) zosto uste tolku vi trubi vasiot lider deka ni trebaat EU i NATO?Zosto ne ponudi alternativa, ili alternativata e: zemi bezvizen rezim i ciao, nikoj nam ne ni e potreben, sami sme si dovolni...Da, verojatno na mnogumina im e podobro prv vo selo (moe veselo), otkolku...Neka ni e so sreka! Drugo nema veke.
Од: DP
Датум: 04.06.2008 17:34:18
"demokratska i civilizirana evropa" ne zasluzuva EU da se vika. Toa zaradi deka ne gi pocituva tie prava sto makedonija i makedoncite gi imat megunarodno. EU namerno go prekrsuva toa.
Од: Dragan
Датум: 04.06.2008 17:48:43
Za golema zal na avtorot i golema radost na site ostanati Makedonci, ovie izbori pokraj losata strana(incidentite od strana na Albanskite partii) pokazaa i edna dobra strana a toa e deka konecno dojde krajot na edna komunisticka era, kraj na edno vreme koga site glasaa za edna opcija zaradi toa sto 'nekogas bilo podobro". Poleka no sigurno lugjeto povece ne gledaat kon minatoto tuku go svrtea pogledot kon idninata. Incidentite kaj Albancite se eden od poslednite obidi da se destabilizira drzavata za da se iskoristi toa za nekakvi sealbanski celi, no tie vece nema da ja imaat istata podrska od zapadot i site sto ucestvuvale ili predizvikuvale incidenti na ovie izbori ce bidat kazneti a nivnite partii vece nema da mozat da gi stitat. Mislam deka e vreme i nivnite lideri da pokazat doblest i vo znak na prezemanje odgovornost za se sto se sluci da podnesat ostavki i da gi prepustat nivnite partii da gi vodat mladi lugje so pogolemo cuvstvo za demokratijata
Од: mene
Датум: 04.06.2008 17:54:52
Za razlika od Albancite koj sakaa da si go odbranat sekoj svoj glas nie Makedoncite se prodavavme za 500, 1000 i 2000 den.
Од: Markos
Датум: 04.06.2008 18:50:30
Bravo za Slobodanka Jovanovska što gi predstavi sostojbite kakvi se tie navistina: dramatični! A toa e mnogu blag zbor, ali komu mu e gajle za toa. Na programata na državnata televizija, posreduvana preku satelit, vrie od pesni i ora. Bi se reklo: seloto gori a babata se češla. Gospođa Jovanovska naveduva kako so izborite zemjata pratila signal deka saka da živee vo izolacija. Prevedeno na porazbirliv jazik, toa znači ničkosuvanje na životniot standard na građanite, ama ne i za onie na koi im gi dadoa glasovite - za niv k'e ima dovolno, nezavisno od zdravjeto na ekonomijata. Izolacija k'e znači nesigurnost na kapitalot. Zatoa domašniot k'e bega nadvor, a i taka skromni investicii od stranstvo k'e seknat. K'e sledat se' poslabi stopanski aktivnosti, k'e ima se' pomalku pari za ličen i opštestven standard, korupcijata i natamu k'e cveta itn. Sevo ova građaninot brzo k'e go naseti. Ali, toj i natamu poviše k'e im veruva na "vodačite" od kolku na svoite oči.
Од: John
Датум: 04.06.2008 20:28:40
Do Dopisnikot : Slobodanka Jovanovska Ne pravi mrznja megju narodot i narodnostite kako i verskite zaednici,zasto vise izgledas kako predavnik na svojot narod.Evropa i Nato ne se resenije za Makedonija , resenijeto je vo Mudrosta a nikoj ne ja bara.Zivotot vo Zapad samo Obeka no ne ispolnuva,go znam tova zasto ziveam vo Zapad 20 god. ni eden cent ne je badava sve mora da se zaraboti,duri i osmevkata.
Од: petko
Датум: 04.06.2008 20:40:34
kakov narod takva vlast, ovoj narod ne zasluzuva da bide vo evropa zosto pripagja vo afrika .
Од: slovenija
Датум: 04.06.2008 20:57:07
bravo za zavrsniov pasos!!! mi se place...
Од: Goce
Датум: 04.06.2008 21:18:47
Stvarno znaci znam deka Crvenkovski ko plaka ovoj vesnik ama ova vi e epten apla, pa samo gledajte od izborive znaci imate samo 10% citanost od cela Makedonija. Ako imate malce razum ke pisuvate po objektivno i po neutralno. VMRO pobedi na ovie izbori ubedlivo i toa pobedi poradi toa sto ja vresese svojata rabota mnogu podobro od SDSM. Osvestete se i prestanete da rabotite protiv Makedonija!
Од: dzoskun
Датум: 04.06.2008 21:58:27
Jas kako turcin vo RM se gordeam so mojata drzava i so mojot narod. RM ja ima celosnata poddrska na R Turcija za se sto i da e. Drzavata ni e edina a toa e RM. Site treba da ja branime bez razlika dali SDSM ili VMRO pobedila. Ama sakam da kazam deka DUI ne i pripaga ni malku na ovaa drzava. Nie ne sme narod koj saka vojna i borba. Nie sme drzava koja ziveese vo centarot na evropa zaedno so drugi 5 zemji do 1991 godina. Imavme sekakva kultura i se sto bilo drugo. A i poleka se vklopuvavme da vlezeme vo evropa se do 2001 godina. Dali ova vojna se sluci samo Ahmeti da dojde na vlast? Mislam deka da. Togas bi sakal da go zamolam da se simne od pilticka scena i da ja ostavi zemjata da funkcionira kako sto treba. Ako RM odi vo dobar pat togas ne e bitno dali SDSM, VMRO ili DPA se na vlast. Se ke si dojde na svoe mesto. Ve pozdravuvam site, zivejte so nadez.
Од: jas
Датум: 04.06.2008 22:07:41
Slobodanka e dobar novinar, a Utrinski vesnik go pocituvam kako vesnik. Megutoa, KAKO mozevte da objavite vakov tekst? Ova ne e ni novinarstvo veke, tuku licen stav koj sekoj od nas moze da go ima! No ne i vesnik! Jas ne sum privrzanik na nitu edna partija, no smetate li deka toa sto Gruevski hipnotizira narodni masi, mozete da go sprecite na istiot toj glupav nacin: so perenje mozoci no sega od vasa strana?! Ne se zaebavajte so vesnikot! Sfakam deka ste opoziciono nastroeni i go pocituvam toa, megutoa ova e neseriozno... Falsifikat?! Potemkinovi sela?! Belorusija?! Srbija?! Sudite pola milion luge (neprikosnovena brojka od koja i vie zhiveete!?) samo zatoa sto ne glasale za Rada??!! Nemoguche! Ovoj tekst e sramota za Utrinski vesnik! Sakate objavete sakate ne!
Од: pecalbari
Датум: 04.06.2008 23:10:13
Pirej ni e plemeto, rece ednas Petre M Andreevski troskot neunistliv, kolku povece go seces toj se povejke raste, se povejke se razmnozuva i aj izlezi na kraj…neme sile sto ke ne unisti, lujgeto so vistinski ideali odamna zaminaa vo nepovrat, im ja davame na godisnicite i tolku… a tolku li zasluzija, za kogo se boreja ????? Bese slobodata nekogas poim, ideal, sega sme vo vreme na izmesteni vrednosti, pomerene granici, se st obese nemoralno, denes ni e kaceno na piedestal…kade ne void ova opstestvo, kodeksot na odnesuvanje ni e na najprimitivno nivo.Se imame vsusnost, nisto nemame i zaminavme ne ni dadoa rabota, a nie mladi nadezni polni so elan sakavme da sozdavame da presozdavame da tvorime da stvorime…zaminavme. Za podobro utre oti nie mislevme na generaciite vo najmala raka na nasite deca , tie ne mislea na nikogo samo za sebe i tolku pravedno opsestvo. Parite se otepuvacka rece ednas Risto Krle kolku bese vo pravo vremeto ke pokaze, parata e slatka i otrovna te mami i te davi do

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Стразбур вели - ова е чекор назад
ДИК се изгуби
Verbatim