Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Втора страница

Поглед

Каде исчезна рокенролот?

Тина Иванова

Цеца, Аца Лукас, Јелена Карлеуша, Даниела, Грашо, Здравко Чолиќ... Уште многу други имиња од турбофолкерската српска и забавната хрватска музичка сцена ги преплавија Скопје и Македонија, се населија на плоштадите, во кафулињата, на фестивалите, во концертните сали. Освен традиционалниот концерт на Македонската филхармонија со популарните валцери и полки на Штраус, пред и за време на новогодишните и божикните празници на македонската публика не и' се нуди ништо друго, освен шунд. И тоа во голема мера.

Истово невкусно музичко мени, секоја чест на исклучоците, се најавува дека ќе се сервира и на дел од македонските национални медиуми. Оваа „прекрасна“ новогодишна „културна“ закуска сигурно ќе ја консумира голем дел од македонската „слушателска“ публика. Таа нема избор, нема шанса за едукација. На оние другите што не гледаат никаков предизвик или не се идентификуваат со музичката понуда на градот и државата, не им останува ништо друго освен да си ги држат главите како ноеви в земја. Зашто се соочуваат со културна деструкција. Со сиромаштија на духот.

Овде, и особено во последно време нема алтернативи што ќе се борат за истиот простор што го окупира т.н. модерна новокомпонирана музика, а и тие што постојат, се потиснати и никако или сосема малку истретирани од страна на медиумите. Особено катастрофална е состојбата во малите места каде што нема никаква културна понуда, освен некој инцидентен, кампањски „културен бран“. Иако мислевме дека нам тоа не може да ни се случи, турбофолкот и се она што се нарекува забавна музика од соседството сепак, и кај нас стана институција. Сега само се прашуваме, каде исчезна рокенролот и се' што тој предизвикуваше околу себе?


#
Статијата е прочитана 769 пати.

Испрати коментар

Од: deli
Датум: 24.12.2010 13:01:16
Najdobro, mila avtorke, da predložite vo parlament zakon za zabrana na svirenje muzika - sem taa, što ke ja odobrite vie. Inaku: ne deka go obožavam Zdravko, no naprimer Stanica Podlugovi stana veke klasika, ama samo toa, što e 40 godini uspešno na scena dokažuva, deka absolutno nee ŠUNT! No principot e drugi: deka pak nekoj saka da nametnuva, što čini za narodot a što nečini. Ostavete gi luge da slušat što sakaat - a istoto pravete go i vie, bez da vi pravi nekoj kakvi bilo prigovori.
Од: igor
Датум: 24.12.2010 13:25:03
Lugje, stanuvame shund nacija so nikakov moral i vrednosti.
Од: citatelka2
Датум: 24.12.2010 13:36:11
Не дека е нешто важен овој мој коментар во морето на многу побитн�� информации од денес,но е еднакво неважен и текстот на новинарката и не му ја разбирам поентата. Сака да наметне добар вкус во земјата на општиот КИЧ? Затоа Дели има право, нека предложи Закон за забрана на емитување... Та нели е се диктирано од пазарот: Не сум воопшто љубител на турбофолкот, туку токму на рокот, ама не значи дека нема да почитувам и туѓ вкус. И за потсетување, некогаш Штраусите во сопствената земја биле сметани за фолк (евтини) автори, затоа авторке, малку ревидирајте се: СЕ Е РЕЛАТИВНО и за ВКУСОВИТЕ нели? НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДИСКУТИРА.
Од: Vlatko
Датум: 24.12.2010 13:36:16
Koga Ceca sviri folk toa e kich. A koga Shakira sviri fol toa e cool, Neli? Koga M&M rapuva i pcue na Angliski e umetnost, a ako nekoj Srbin ili Boshnjak pee smeshen tekst toa e kich. Muzika e muzika, Nema kich i ne-kich muzika. Vie sigurno znaete deka i Mocart go obvinuvale deka premnogu vnesuval kich vo klasicnata muzika. Vremeto kje pokazze sto e dobro.
Од: olica
Датум: 24.12.2010 14:28:49
E, pa Deli vo kafana i po doma ke si slusha narodot shto saka, a intelektualcite nametnuvajki kvalitetna umetnichka muzika ke go gradat imidzot na edna zemja. Dobro e identifikuvan problemot vo ovaa kolumna. So muzichkata ponuda od t.n. "zvezdi" lichime na kontejner za muzichko gjubre. A na avtorkata ja pokanuvam da izleze od kancelarija i da e povekje prisutna na koncerti, pa ke imashe materijal da sporeduva.
Од: Вербален Командос
Датум: 25.12.2010 09:01:37
Каков народ таков и рокенрол.

Најди! во Утрински
Втора страница
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
Вербатим
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks