Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Процес што ќе влезе во аналите

Даниела Трпчевска

„Јас и понатаму мирно ќе спијам, но од вечерва очигледно судијката и сите оние кои се инволвирани во овој голем скандал нема да имаат мирен сон“. Со револтираност и горчина во гласот вака завчера поранешниот премиер и ексминистер за одбрана, Владо Бучковски, ја коментираше судската пресуда, со која му е изречена затворска казна од 3,5 години. Истата санкција судијката Вангелина Маркудова му ја одреди и на генералот Методи Стамболиски за злоупотреба на службената положба и овластување. Со читањето на пресудата, за само шеесетина секунди, се стави крај на процесот што траеше повеќе од една година.

На многубројните рочишта од октомври минатата година досега низ судницата продефилираа бројни сведоци од Армијата и од военото разузнавање, се слушнаа бројни меѓусебни обвинувања, но и воени тајни за безбедносната состојба во 2001 година. Но, најголем интерес предизвика разврската на случајот што од стартот го следеа низа скандали. Пресудата не само што изминативе два дена е во фокусот на странската и на домашната јавност, туку и ќе влезе во аналите на македонското судство токму поради фактот што се осудени висок политички, како и воен функционер во државата.

И Бучковски и Стамболиски тешко дека ќе можат мирно да спијат со оглед на тоа дека одлуката на судот допрва треба да биде преиспитувана од Апелација. Сега надежите на осудените, за кои пресудата на Основниот суд Скопје 1 во најмала рака е скандалозна, се вперени кон повисокиот суд. Тој треба да пресече дали набавките на резервните делови за армиските тенкови биле направени незаконски и е предизвикана штета од речиси 2,5 милиони евра, или пак ваквите набавки биле оправдани оти се правени за време на кризата во 2001 година.

Бучковски не е прв министер чија работа се нашла под лупа на полицијата. И неговиот претходник Љубен Пауновски е осуден на идентична казна од 3,5 години затвор за неправилности во работењето, а забелешки им беа упатувани и на други министри од МО. Но, Бучковски е прв поранешен премиер кој се соочил со обвинувања дека ја оштетил државата, за што му е изречена казна од 3,5 години затвор.

Случајот со тенковските делови ќе остане ��о сеќавањето на јавноста по многубројните скандали што го следеа од самиот почеток: итната комисиска седница за одземање на неговиот пратенички имунитет, која се случи во пресрет на празникот Илинден, масовните протести на неговите сопартијци пред судот и одлуката да му биде укинат притворот и да му се даде шанса да се брани од слобода. Но, процесот ќе остане запаметен и по сериозниот однос на обвинетите спрема случајот, кои редовно се појавуваа на рочиштата, не изнаоѓајќи најразновидни оправдувања за да го забошотат или одолжат судењето.

Самиот Бучковски лани пред почетокот на судскиот процес изјавуваше дека „нема намера никаде да бега и оти ќе остане овде да се соочи со обвинувањата“. Една година потоа тој од судот излезе разочаран и со обвинување дека станува збор за политички монтиран процес, на кој уште од самиот старт лесно можела да му се предвиди завршницата.

Сега сите очи ќе бидат вперени кон Апелација, која всушност треба да ја донесе најважната одлука. Доколку повисокиот суд ја потврди пресудата, тогаш ќе се потврдат обвинувањата дека земјава длабоко завлегла во корупциските води. Ако пресудата падне на Апелација, тогаш ќе се отвори еден многу поопасен процес кој може да го растресе судството од корен.

Судските органи, во секој случај, се наоѓаат пред огромен предизвик да го тргнат црното петно што се влече од почетокот на овој судски процес, зад кој многумина обвинуваа дека се кријат само политички мотиви и желба за лично дискредитирање. Во зависност од тоа колку политиката ќе ги остави своите пипала понастрана од случајот и од судиите кои ќе бидат оставени да одлучуваат на раат, толку случајот ќе биде почист и нема да наиде на осуда во јавноста.


Статијата е прочитана 1216 пати.

Испрати коментар

Од: dime
Датум: 11.12.2008 01:11:08
Dobro e, dobro e. Za kriminalci taka treba. Samo i imotot i stanovite i keshot da mu se zeme. Lesno e da se krade od drzavata a? E, sega ke si platis za sve.
Од: demokrat
Датум: 11.12.2008 02:37:24
sram i aram i za tie sudii i obviniteli sto cvikaat da izlezat pred kameri da kazat otvoreno za pritisocite. ama koj da izleze , dali zenamu na ivo ili zenamu na mihajlo ne znam, ili pa na trajko kumot. jezivi se kolku se nedokvakani. sdsm treba da gi ostai licnite emocii na strana i da ripne za vladeenje na pravoto a ne vaka mlitavo. i da bere pamet i da ne im prosti koga ke dojdat na vlast ni na ljubco ni na kompanija
Од: Skopje
Датум: 11.12.2008 05:57:36
Sudot ne mu presudi na Buckovski tuku VMRO-DPMNE na celo so Gruevski se sudiite vo sudstvoto - TIE mu presudija na Buckovski. Jasno e deka ova e montiran slucaj. Gruevski nikako da se osvesti deka so vakvi partiski presmetki go turka narodot vo golema megusebna omraza. Garantiram deka Apelacija ke donese osloboditelna presuda zostoi toa e narackata-planot na Gruevski zosto cela ovaa rasomonijada i presuda bese izvedena i naracana od Gruevski za da si go krene rejtingot za potoa na Apelacija poradi nemanje krivicno delo da se donese osloboditelna presuda. Eve da receme deka Bucko ukral 2,5 miliona togas STO E TOA vo sporedba so ovie 70 miliona evra sto Grujo sega gi ukrade za SAMO-REKLAMIRANJE po site televizii???!!!! Grujo e sega na vlast pa zatoa sudi i presuduva no vlasta ne e vecna, ke mu dojde redot i na nago.
Од: do Dime
Датум: 11.12.2008 08:22:06
Abe Dime kako da mu se odzemat stanovite koga gi nema. Pa site stanovi togas koga se slucuva ova so tenkovskite delovi, gi ima kupeno medicinskata sestra Nadezda. Zatoa eden prakticen sovet do site. vasite deca zapisuvajte gi vo sredno medicinsko. Najmnogu se zarabotuva kako medicinska sestra. Da ne bese taka denes i premierot nas ke bese beskuknik i ke ni se smeese svetot.
Од: iki
Датум: 11.12.2008 08:51:53
Samo od SDSM se vinovni barem taka misli Grujo za da si go podiga rejtingot asto misli za negoviot SINGO od SITEL koj bese i ostana kmet vo Kratovo kako moze traktori novi od donacija da rabotaat vo negovite nivi e luge moi ja gledate samo ednata strana od madaljata kakva korupcija ima vo vladata ne ste svesni primer ako porano bese kupen so pari golemiot Latas GRUJO gi potkupi bukvalno site elektronski i pecateni mediumi so mali isklucoci na koj im se zakanuva ako preterat luge moi pa nemame nitu edna politicka emisija ili sloboden kontakt so graganite da si gi kazat makite,beganjeto od politickite temi po televiziite e nametnat strav mi e deka i nezavisnata kanal 5 veke se pretopuva voditelot koj bese cenet od strav izbegnuva politicki temi novinaru ne se plasi, seto ova go napomenuvam so cel da kazam deka i onie koj se borat protiv korupcijata se pokorumpirani i od navodno obvinetiot Bucko ako ke im dojde krajot i ve molam pocituvani mediumi bidete nezavisni narodot vi se smee.
Од: ramadan
Датум: 11.12.2008 11:42:56
Tesko e da se komentira ako ne se znaat site detali na ovoj,pa i na drugi slucaevi.Sepak sekoj od nas ima pravo na svoe mislenje.Jas bi trgnal od slednoto. Za da se izvrsi nekoja aktivnost(vo ovoj slucaj nabavka na delovi)potrebno e da se izvrsi analiza na potrebite na idredeni nabavki,poadjajci od faktot za sostojbata vo koja edna organizacija se naodja.Nadleznite ocenile deka treba da se izvrsi takva nabavka.Ako vo takvata aktivnost postoi javnost,ne gledam sporni elementi.Sporniot element e vo samata procenka na potrebite i na kolicinite na nabavenite delovi. Ako delovite,predmet na sudskata odluka,se izraboteni i se naodjaat vo magacinite na MO,vo toj slucaj budjetot nee osteten,so samiot fakt deka materijalite se tuka.Ova e samo edno licno mislenje vo otrastvo na detali na slucajot.Mozebi gresam,ama jas taka razmisluvam,ne zavzemajci strana vo slucajot.
Од: valandovo
Датум: 11.12.2008 12:16:35
a kade ke bega grujo i negovite klovnovi.koga ke zavrsat so grabenjeto na drzavata?sigurno vo bugarija,kako ljubco georgievski.
Од: Stefce
Датум: 11.12.2008 12:17:32
Bravo Daniela odlicen tekst!!
Од: do Ramadan
Датум: 11.12.2008 14:43:22
Na koj nacin vo tekot na tranzicijata od samiot pocetok vo 1989 god. bea unisteni skoro site opstestveni trgovski no i drugi firmi: na pazarot imase razni stoki no i onakvi za koi voopsto nemase kupuvac nitu pobaruvanje nitu moznost za prodavanje. Na hartija tie proizvodi imaa edna vrednost, na slobodniot pazar nula pazarna vrednost. Opstestvenite direktori od kasata na drzavnite firmi plakaa za kupuvanje tokmu na vakvi nepotrebni proizvodi po cena koja bese samo na hartija, gi odleaja parite na firmite, gi napolnija magacinite so nepotrebna stoka unistuvajki gi na toj nacin opstestvenite firmi, potoa gi delea parite so isporacatelite na taa pazarno nevredna stoka, tie bea cisti pred zakonot bidejki vo magacinot imase proizvodi. Ona e samo edniot nacin na koj se pravea dubarite i unistuvanjeto na makedonskoto stopanstvo.
Од: Сашо
Датум: 11.12.2008 15:09:35
Во право е Рамадан, без да се знаат сите детали не можеме да судиме. Јас се надевам дека судот си ја завршил работата и ги зел во предвид сите факти. Важно е да се докаже кој е мотивот за прекумерна набавка. Ако се работи за погрешна процена, тогаш тоа не е криминал, туку несовесно работење. Но ако мотивот бил нечиј личен интерес, тогаш малку му се 3.5 години. Да се надеваме дека политиката немала многу влијание на судот (и ќе нема во иднина), што е тешко да се постигне во нашето општество.
Од: igor-bt
Датум: 11.12.2008 16:10:51
zosto ne se uapsi drago rambo od bitola i negovata kompanija? vo negovoto semejstvo samo ima eden evidentiran rabotnik, a samo vozniot park momentno vo negoviot dvor sigurno vredi okolu 100.000 evra zosto ne se prevzemaat merki protiv novakovic ( sura na konjanovski) koj preku nok stana direktor na upravniot park pelister i preku nok otvori dve pilani .
Од: ljube
Датум: 11.12.2008 16:11:19
Koga ce pogledam nazad gledam zosto segasniov minister e minister za pravda.Bese predsedatel na antikorupciska,imase slucaj za nekakvi cetiri stana "kupeni" od necija majka od pari "zaraboteni"vo tugina.Stanovite se kupeni vo 2000 i nekoja a vo tugina se bese vo 80 tite.Slucajot pomina taka kako sto pomina,no se dojde do ministerska fotelja.Sega po sudovite "dojdoa"sudii so pedigre,rodbinsko,i trazime pravda.Sega za sega e nema,no starite velat"trkaloto se vrti"pa nekoj i za tie stanovi ce dade otcet pred nadleznite.Neli sme pravna drzava???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Едиторијал