Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

МОДНА НЕДЕЛА ВО ЊУЈОРК

Славни деколтеа на црвениот тепих

Црвениот тепих на Модната недела во Њујорк на која се прикажуваат најновите модни трендови привлече голем број ѕвезди, кои ги открија своите деколтеа.

По се' изгледа, најмногу покажа актерката Хали Бери. Прекрасна, како и секогаш, таа пристигна во привлечна проѕирна маичка. Многумина забележаа дека Хали, за која се зборува дека за време на снимањето на новиот филм се сплеткала со колегата Оливер Матинез, едноставно блескаше...

Ким Кардашијан, како и Бери, се одлучи за црна комбинација. Во краток црн фустан градите речиси и' излегуваа од деколтето, но, сепак, најмногу погледи привлече со својата с��авна заднина.

Ревиите на Модната недела во Њујорк ги посетија и поранешната зајачица на „Плејбој“ - Кендра Вилкинсон, актерката Кармен Електра, старлетата Кортни Кардашијан и многу други... На друштвото на славни се приклучи и пејачката Гвен Стефани, која се одлучи за весел шарен фустан и скромно деколте.


#
Статијата е прочитана 1188 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Поп-дивата со 3-Д порака до своите фанови
Промовирана новата балада „На некој друг“