ДАНИЕЛ ДАН
Промовирана новата балада „На некој друг“
Со симболична промоција точно на полноќ, во неделата вечер, младиот пејач Даниел Дан ја лансираше во етерот својата нова песна, баладата „На некој друг“, која премиерно беше пуштена на веб-страницата iLike.mk, каде што е достапна за бесплатно симнување.
Автор на песната е Александар Масевски, кој ги напиша музиката, аранжманот и текстот, на кој работеше заедно со Билјана Пашариковска. По брзиот ритам и песните „Сила на љубовта“, „Акција - реакција“, „Губам од себе“, „Се' што ми треба“, Даниел продолжува посмирено.
„Со Масевски решивме да направиме балада и да го смениме стилот. ’На некој друг‘ е ��есна полна со искрени емоции и се надевам дека ќе и' се допадне на публиката“, вели Даниел, кој наскоро најавува и видеоспот за песната. |