Oпозицијата мора да сфати дека огромното незадоволство на граѓаните мора да се канализира на креативен и позитивен начин
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Паралелата во насловот е зајмена од легендарниот југословенски филм „Окупација во 26 слики“ на Лордан Зафрановиќ. Несомнено е задоволството помешано со огорченост кај најголем дел од граѓаните на Република Македонија. Окупацијата во 100 чекори на ДПМНЕ ги доживува своите последни трепнувања. Но, не е време за еуфорија. Време е за самодоверба и време е за задавање на последните удари. Тој процес ќе го наречам работно „ослободување во три слики“.
Слика прва. Разнебитување и деконструкција на режимот на страв. Огромната енергија што експлодираше на протестот на опозицијата пред Владата на Република Македонија во многу нешта беше изненадувачки за сите „странични“ посматрачи. За нас во СДСМ не беше. Долги години тврдиме дека во Македонија владее еден режим на страв, кој ги затвора сите пори на слободно дишење и искажување слободен збор. Режимот имаше сериозна амбиција (и сериозни капацитети) да ја суспендира слободата во оваа држава. Исто така, долго време тврдиме дека ваквиот страв кај граѓаните во еден момент ќе попушти и ќе стане ужасен проблем за властодршците. Ете, се случи тоа. За изненадување на многумина и за огромно олеснување на сите граѓани што сакаат да живеат во нормална држава. Во оваа фаза веќе се' е полесно. Можноста за мобилизацијата на ресурсите на опозицијата (не само партиски ресурси, туку, пред се', граѓански) станува практично неограничена. Едноставно, сега секој потиштен, понижен, уплашен граѓанин знае дека има конкретна адреса каде да се обрати. И знае дека на таа адреса секогаш ќе му биде вратата отворена. И ќе биде заштитен. Храброста на луѓето што ни пријдоа и прифатија да учествуваат на протестниот митинг беше восхитувачка. Лиле од Куманово, Дуле од Могила, Ивица Хоризонт, Дејан Гацов, претставниците на невладиниот сектор и сите други познати и непознати јунаци што ни пријдоа се голем поттик, но и голема одговорност за сите нас. Тие упатуваат порака и до сите останати дека не е време за молчење. Ова невреме мора да се победи со гласен крик против малата група сурови властодршци на чело со Груевски.
Резултат од слика прва: Остварено!
Слика втора. Сеопшт опозициски фронт против остатоците од режимот и мобилизација на неопределените и разочараните гласачи. Премиерот во заминување, Груевски, мора да сфати дека е исправен пред една тешка дилема: дали и натаму ќе се обидува да ја дозакопува државата и нејзините граѓани по сите основи или ќе направи последни обиди да коригира некои од неговите носечки политики, особено во економијата и почитувањето на слободите и правата на граѓаните. Во првиот дел од дилемата треба да му е јасно дека жестоко ќе биде поразен на следните избори, но заедно со него ќе биде поразена и државата и ќе треба време да се санираат несогледливите штети од неговото владеење. Во вториот дел од дилемата големи се шансите повторно да ги изгуби следните избори, но достоинствено, со заминување во опозиција која би била сериозен, конструктивен и потребен коректор на идната власт. Како прв чекор, им предлагам да престанат секојдневно да се занимаваат со опозицијата и да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните. Веќе цела година целокупната пропагандна црна машинерија на власта има една и единствена цел: да ја оцрнува опозицијата, да пушта платени политички програми против опозицијата, да го труе јавниот простор со ситни подметнувања и политички флоскули за еднократна употреба. Пријателски предлог до Мартинчо: престанете со црната пропаганда, тоа ќе ве дозакопа. Дојдовте до моментот (кој многу пати го предвидовме и ве предупредивме) кога вашиот ПР оди неколку чекори пред самата содржина на пораките. Еве дојдовте во ситуација деновиве да се борите против ветерници со лицитирање на бројките на присутни на протестот на СДСМ, да ширите лажни информации до вашето членство, да го истопорите премиерот јавно да се посрамоти со негово лично (ееј, премиер на држава) лицитирање со лажни бројки. Нас не не интересираат бројки. Ние не ги гледаме нашите поддржувачи како какви-такви бројки. Ние ги гледаме како свесни индивидуи, кои го подигнале својот глас против овој режим. Бројките и математиките ќе ви ги оставиме вам.
Од друга страна, сегашната опозицијата на чело со СДСМ мора да сфати дека огромното незадоволство на граѓаните од оваа власт мора да се канализира на еден креативен и позитивен начин. Кога велиме дека Ние сме за победничка Македонија, токму и го мислиме тоа. Дојде време кога граѓаните оправдано си го поставуваат прашањето: добро, сфативме дека ДПМНЕ ја води државата кон катастрофа, ај сега кажете ни вие зошто и како ќе бидете подобри од нив? Политичката понуда, потребата да се докажете пред гласачкото тело зошто и со што сме подобри од политичкиот противник е клучната политичка игра во наредниот период. СДСМ забревтано се подготвува за таквиот пристап.
Резултат во најава: Кредибилна и остварлива политичка понуда што ќе се спротивстави на сеењето магла и популизмот на сегашната власт во заминување.
Слика трета. Обнова. Признавам, ова е најтешкиот дел. Ова е и најголемата непознатост. ДПМНЕ успеа со една осмислена кампања и силна пропагандна машинерија да ги држи граѓаните во четиригодишен транс. Се разбира, празните ливади на Бунарџик 1, 2, 3 итн, колапсот во здравството, дишењето на жабри на речиси сите фирми во Македонија и многу други индикатори укажуваат дека на оваа голема шарена лага и се гледа крајот и дека граѓаните се освестуваат од трансот. Но, она што ќе остане по владеењето на ДПМНЕ е, сепак, непознато за сите нас. Периодот на обнова ќе значи комплетен скрининг на институциите на системот, осознавање на последиците од дпмнеовскиот пустош и силна волја и солидарност на сите слоеви од граѓанството да се стави државата во правилен колосек. Обновата, се разбира, е и најодговорниот дел од приказната. Таа треба да ги мобилизира граѓаните и да ги повика да размислуваат и за себе самите и за иднината на ова општество. Од индивидуалното кон колективното и назад. СДСМ е подготвен за таквите предизвици. Добро би било да се подготви и секој од вас. За татковината се работи.
Резултат во најава: Додека трае обновата, нема одмор.
П.С. Триумфалниот колапс на триумфалната порта и голем дел од расипничкиот проект „СК-2014“ го означувам како симболичен почеток на крајот на триумфализмот на овој ненароден режим.
Одлична колумна!Што побрзо им дојде крајот на портокаловиве изроди тоа подобро за сите нас. Готови се.Глујо е во паника штом утредента по митингот на опозицијата побара помош и совет од Амди Бајрам,Ѕинго,Лиле и др.полтрони од типот на Латас, Миленко,баба Мирка,бурекџии и бумбарки.Џабе им се платените со наши пари кампањи по провладините медиуми.Никој не им верува.Би им верувале ако народот нешто добро почувствувал од нивното владеење.Но ја почувствува само сиромаштијата и стапот по грб со разни казни.Доста им е и премногу им е владеењево.Ај С И К Т Е Р !
Од: Alpha +
Датум: 02.07.2010 01:06:13
27.06.2010 treba da bide ogromna,otreznuvacka pouka za Gruevski.I ne samo za nego,tuku za site naredni vladi.Normalen covek posle vakov protest,ke sedne ke se cukne vo glava i ke razmisli sto pravi,sto napravil i sto treba da pravi za da ja vrati drzavata na posakuvaniot kolosek.No se plasam deka panikata i stravot koj gi zafaka vmroovcite namesto vo omeknuvanje na diktaturata ke evoluira vo agresivnost kon narodot,za sto veke se pokazuvaat i prvite znaci.No uste poveke sum siguren deka dokolku ne se zauzdaat i ne pritisnat na kocnicite,na takviot niven bes narodot ke odgovori so revolucija.Propagandata koja ja sirat preku svoite mediumi ne sfakaat deka postignuva sosema sprotiven efekt od toj koj go ocekuvaat.Ne znaat deka se poveke si imaat rabota i smetki za rascistuvanje so narodot,a ne so Branko.A za toa od kade ima pari na organizatorite na mitingot,ic da ne se sekiraat.Ima luge spremni i finansiski(makar simbolicno) i so pogolemo zrtvuvanje da go pomogne urivanjeto naovoj rezim
Од: nacional-patriot
Датум: 02.07.2010 01:21:48
Covek sto e vo euforija i sto misli deka dosle negovite pet minuti,po nekoe vreme taka ke pocne da pagja sto koga ke tresne dole veke ne stanuva.Taka i SDSM-ovcite koi ziveat vo zabluda mislejki deka ke se vratat na vlast.Vo pravo e Gordan koga napisal deka SDSM-ovcite brojki ne gi interesira,pa relevantnite anketi kade ubavo pokazuvaat deka vlasta i na narednite izbori ke pobedi,SDSM-ovcite ne gi zemaat vo predvid.Ne gi zemaa vo predvid anketite i vo 2008 i vo 2009 godina,pa koga izgubija tesko im bese.Toa gi ceka i na narednite izbori,bidejki narodot nema da dozvoli vrakanje na vlast na onie sto se za dodavka na imeto na drzavata.
Од: pameten
Датум: 02.07.2010 06:08:50
narodot nema da dozvoli vrakanje na vlast na onie sto se za dodavka na imeto na drzavata.... Nacional-patriote, ako narodot saka da zhiveee vo izolacija, so fantazii deka poteknuva od antichki narod (a Grcite i Bugarite se pojavile vo 19 vek) i saka vlada koja sho vo vreme na golema siromashtija gradi truimfalni porti vo stil od pred 2000 godini, sigurno pak kje glasi za Grujo (ne za VMRO poshto Grujo nema nishto zaednichko so ideologijata na VMRO - koja shto denes e predstavuvana od Ljubcho). No ne go podcenuvaj Makedonskiot narod. Koga togash toj kje sfati deka ova garnitura go vodi kon katastrofa, koga togash toj kje posaka da si ja nauchi vistinskata istorija i kje se naluti na tie, koi shto cel zhivit go lazhele...
Од: suada
Датум: 02.07.2010 06:29:50
jas ne znam dali ti se pravis lud ili gi pravis drugite ludi. vo ovoj period iako vlasta se naodja vo pozicija da bide celodnevno sutirana za ekonomijata, za zdravstvoto, za obrazovanieto , SDSM izleguva samo so nekoi pres koferencii od pretskolski kalibar i nisto drugo nema napraveno. kade e vladata vo senka, kade se rsenijata po gore navedenite oblasti. izgleda deka tesko ke se promenite. najmnogu sefot.
Од: rade
Датум: 02.07.2010 07:00:08
se e ova tocno ama izgubiv doverba vo mak i vmro koj znae do koga c ostanat na vlast i ne gledam idnina i jas i zena i dete site sme bez rabota izlez gledam vo bug pasos i zaminuvanje vo bug vmro igra na edna karta koja obezbeduva opstanok a toa e seenje strav kako so identitatot taka so kaznite toa nee demokratija toa e fasizam
Од: Pandora
Датум: 02.07.2010 07:26:34
jas bev na mitingot i sum bila na iljada drugi, Manipulacijata so stravot i osloboduvanjeto od negoi pali samo kaj partiskite vojnici koi i taka bi glasale za vas. Isto kako i prikaznite za diktaturata i fassizmot.Vo denessno vreme i so vakva sloboda na mediumi, okolu 80 posto podrzzuvaat opozicija za koj strav zboruvate. Strav od inspekcii, inkasatori, policisko kaznuvanje za soo brakjajni prekrssoci. Toa kaj neopredeleni ne pali. Sekoj znae deka smetki mora da se platat.Pa toa li e populizam.
Од: ORCE MAKEDONSKI
Датум: 02.07.2010 07:36:08
Do Potprecedatelot na SDSM ,edno malo pojasnuvanje resenieto za RM ne e vo SDSM ,tuku vo VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,kade VMRO-DPMNE gi sproveduva vo nekoja smisla ,no sepak idninata na nasiot Makedonski narod lezi vo VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,koja se zalaga za resavanje na site problemi na RM .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO -ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA.
Од: Од Никола-Битола
Датум: 02.07.2010 08:04:20
Одлична колумна. Бев учесник на митингот и никој ама баш никој не може да ме разувери дека таму на власта и се случи НАРОД. Но сега како СДСМ мора да пазиме и будно да следиме што ќе направи Глујо зошто што 1000 паметни ќе смислат само еден будала мочи тоа да го урне како кула од карти.Напред СДСМ но очите ширум отворени.
Од: pravda
Датум: 02.07.2010 08:16:58
Do Nacional-patriot:abe mnogu si gledal reklami na Tv Sitel,aj oladi malku,ako vas ne ve interesira za brojkite tuku za govorot na Crvenkovski i nas ne ne interesira za brojkite vo anketata tuku sto narodot ke kaze na izborite,sikter vece so promaseni komentari,Grujo vece ti gotvi promena na imeto a ti ovde mi se pravis patriot
Од: mitko
Датум: 02.07.2010 08:45:20
Vie plan da si napravite kako ke se oslobodite od Don Branko posle porazot vo noemvri, dali vo tri cekori ili so eden udar toa e vase. Se drugo e statistika koja ne vlece na vasa strana i normalno pusta zelba za vladeenje...
Од: gledac
Датум: 02.07.2010 10:05:12
Што не чека?!
Горе-долу истото што и во 2002, а тоа е празен буџет, создадени долгови кои треба да се враќаат со големи камати. Разликата е што овој пат долговите се многукратно поголеми, превработеноста е екстремна и непродуктвна (т.е. неписмена). Ова не е видено, туку, за жал, доживеано.
Од: SPIRIDON
Датум: 02.07.2010 10:15:08
A be dete,voa so mitingo i hrabrite čoveci trba da ve plaše baš vas SDSM,oti na vaj narod mu e dosta "sjaši Murto,da uzjaše Kurto".Narodo nema niščo protiv Nikolčo,ličen si e čoveko,i sportski tip,bokser,najubavo znae Toni Milošoski.Narodo nema niščo protiv i Bane.Šarmer.Narodo ima protiv sitnosopstveničkio,tendersko provizijski biznis mentalite na vlasta,bez razlika koj boi ili farbi e mačkana,ili kako se prodava.Oti siromaščijata ne dojde poslednite godini,dojde i so Ljubče,Bane,Bučko,Nikolčo i nivnoto potesno,familijarno i nefamilijarno,mislam na školski drugari,švalerki,maalski pajtaši,i poširoko opkružuvanje,na site šo se ofajdija,računajki deka kako i za se do sea nema i nema da ima dokazi.Pomne vaj narod,ama i zabrava ako ima šansa da uleze u krugo na jagmata,gagata ili kako sakaš reči ja.
Од: Прометеј До: Pandora
Датум: 02.07.2010 10:32:41
Да! Те видов дека беше присутна на митингот! Ѕиркаше постојано, од зад завесите на најгорниот спрат од зградата на Владата, со темните очила! Ти мавтав цело време, ама ти, се преправаше дека неопределено ме гледаш!
Од: mak
Датум: 02.07.2010 11:11:45
Koga se pojavija nekoi novi likovi vo sdsm, megju koi i gordan, iskreno se ponadevav deka pocna partijata da se reformira. Toa ke znacese dijalog so oponirackite partii koj dolikuva na intelktualci i sonardonici, se vo interes na Makedonija.
Za zal uste edno golemo razocaruvanje. Site kadri koi se pojavuvaat na scena se od skolata na Branko Crvenkovski, so ista retorika, ista dikcija, isti zborovi...klon(cinja) na Branko.
Naj iskren sovet do sdsm: oslobodete go Branko od bilo kakvi obvrski, dajte mu pocesno mesto i vikajte go samo na proslavi.
Se dodeka ne se oslobodite od toj politicki dinosaurs, i so toa ne si gi oslobodite umovite i pocnete da razmisluvate so svoja glava, se dotogas ke bidete vo opozicija.
Promena ne se pravi so izvikuvanje paroli i pisuvanje pamfleti.
Ne go potcenuvajte narodot. Narodot veke ima 20 godisno iskustvo vo demokratija. Iako toa e kratko vreme, ovoj narod mnogu brzo uci, a mnogu tesko zaborava.
Од: Професорка
Датум: 02.07.2010 12:22:45
Неколку упатства до СДСМ за кој не се сомневам дека ќе победи на следните избори:
- Никакво копирање на Грујо, популизам јок
- Тотално правна, а не партиска држава
- Не големи ветувања до народот, туку пораки дека требаат суштински, БОЛНИ реформи во сите важни сектори: образование, здравство, администрација... За да евентуално тргне работата барем за младите генерации
- Итно да се влезе во НАТО и да се тргне брзо кон ЕУ (тоа СДСМ го може како со кандидатскиот статус)
-Само инфраструктурни проекти
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 13:03:11
Владава во заминување ги хтабри ова војничињава партиски за да не ги фаќа паника.А и јас сметам дека нема место за паника.Ќе дојде демократијата која мора да заштити секој лојален граѓаник на државата и да спроведе демократски реформи и она да се почитува- знаењето е сила -знаењето е моќ.
Имаат ли знаење.
Од: крт
Датум: 02.07.2010 13:44:11
Слика четири - ни нема живот со овие ЛАЖГОВЦИ од ДПМНЕ. Развивајте го филмот,направете ги сликите и нека си ги стават во албумот на ИСТОРИЈАТА.Да ги нема!