Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Втора страница

Американски сенатори бараат поддршка од Обама за Македонија

Вашингтон - Четворица американски сенатори испратија писмо до претседателот Барак Обама во кое бараат конкретно да се ангажира кај НАТО-сојузниците Македонија да добие формална покана за членство во Алијансата на претстојниот самит во Лисабон.

Сенаторите Марк Бегич, Ричард Лугар, Џејмс Риш и Џорџ Воинович во писмото до Обама наведуваат „САД треба да стават јасно до знаење дека прашањето за името не треба да се поврзува со проширувањето на НАТО. Јасната покана до Македонија да и' се приклучи на Алијансата на лисабонскиот самит ќе биде од корист за американската национална безбедност и за глобалната мисија на НАТО“.

Сенаторите Лугар и Риш се членови на Комитетот за надворешни работи, а Бегич на Комитетот за армиските служби на Сенатот. Заедно со сенаторот Воинович досега поднеле повеќе иницијативи во Сенатот за поддршка на Македонија, а особено за нејзин прием во НАТО.

Администрацијата на Барак Обама треба да се заложи за итен прием на Македонија во северноатлантската Алијанса на самитот во Лисабон и да бидат предводник во поддршката на проширувањето на НАТО, сугерира аналитичарот на американската фондација „Херитиџ“, Сели Мекнамара, во анализата „Стратегискиот концепт на НАТО 2010: Пет индикатори за успех“.

„Македонија ги исполни сите услови за членство во Алијансата и уште во 2008 година ги комплетира сите барања од Акцискиот план за членство. Земјата е и меѓу најголемите контрибутори според бројот на жители во мисијата на НАТО во Авганистан“, наведува Мекнамара. (МИА)


#
Статијата е прочитана 622 пати.

Испрати коментар

Од: xxL from Prilep
Датум: 18.11.2010 18:02:21
pozdrav i golemo blagodaram do nasite prijateli vo US
Од: Detski prikazni
Датум: 19.11.2010 08:41:08
Cetvorica senatori lobirale kaj Obama za priem na Makedonija vo NATO pod ustavnoto ime! Znaete li kolku clenovi broi senatot i kolku od tie senatori se lobisti za Grcij. A dali znaete deka i Obama pred da bide pretesedatelski kandidat se ima potpisano na peticija protiv priznavanjeto na Makedonija od USA pod ustavnoto ime? Ajde ne se zanesuvajteso takvi detski prikazni!
Од: Vejs S
Датум: 19.11.2010 09:03:17
Kako sto moze da se zabelezi Begich i Voinovich se so preziminja od Blakanot Srbija i BH , Makedonija i ostantatite bivshi YU zemji nikogas nema da mozad da funkcioniraat podobro osven vo Jugoslavija ..ne sum YU nostalgicen i neznam kako bilo togas no znam deka nie 5 narodi samo mozeme vo edna drzava da ziveeme i funckionirame sami za sebe ne ni treba EU ne ni treba US.

Најди! во Утрински
Втора страница
Сите на и-беј
Орвел во министерствата
Вербатим
Бан Ки-Мун и Милошоски разговараа за јазикот
Без државна стратегија за името
 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011