Број 3365  понеделник, 23 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Страст за реклами

Мирче Јовановски

Нашиот народ, бездруго, е многу неук и неедуциран, барем во очите на власта, која малку-малку, па ќе посегне по некоја кампања за негово воздигнување.

Еднаш тоа се кампањи за поволностите што ги носи со себе образованието, другпат дека треба да ги регистрираме куќните совети, трет пат дека многудетството е благосостојба за нацијата, дека е добро да се користи безготовинското плаќање...

И покрај многуте реакции дека ваквиот начин на комуницирање со населението не е сосема оправдано, барем не од аспект на трошење на народните пари (и тоа најчесто по селективна основа и кај строго определени медиуми), Владата, односно Министерството за финансии остана доследно на своите определби. Сега преку кампања граѓаните ќе се потсетуваат дека истекува рокот во кој можат да ги откупат дворовите, и тоа за едно евро квадратен метар. За таквата едукација ќе бидат потрошени ни помалку ни повеќе туку 307 илјади евра.

Во време кога во буџетот се слеваа пари на големо, ваквата кампања можеби и ќе поминеше без поголема гласност. Но, кога кризата ги коси домашните фирми, што најдобро се гледа по нивните финансиски резултати, и кога граѓаните секој ден се соочуваат со нови цени на основните прехранбени производи и се прашуваат како ќе го врзат крајот на месецот, за вакви кампањи, едноставно, не треба да има место.

Многу попродуктивно би било Владата и министерствата да ги впрегнат силите и да ја оспособат администрацијата да биде поефикасна и да биде вистински сервис на граѓаните отколку непродуктивно да се трошат буџетските пари. Во тој случај, сосема доволни би биле неколку јавни настапи на надлежните по медиумите (кои се бесплатни), па кампањата да има поголем ефект отколку скапите и бесцелни реклами.


#
Статијата е прочитана 1276 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 23.08.2010 07:39:02
Ne e do reklamite ...do parite e...a delumno i do rejtingot....Iako na nekoi reklami narodot ubavo 'ke se iznasmee...Peralnata na pari prodolzuva da si raboti...ova e edno od tie polinja...Da e vo Kina se znae...
Од: EPP
Датум: 23.08.2010 08:18:07
Naskoro ke pocnat da ne "educiraat" preku reklami so kampanja kolku e stetno da se citaat opozicionerski novini, a narodot ke "blene". Taka da narodov ne e prost samo vo ocite na Vlasta, prost e voopsto, stom do ova deredze spadna, da nekoj vo zdrav mozok go....
Од: ZUM
Датум: 23.08.2010 09:52:05
Vasiot obid da se vnese rezerva kon nesto sto e dobro, sto , na podolg rok moze da dade rezultati, ke bide ubavo razbran od citatelite! Kade bevte da komentirate koga nisto ne se reklamirase, koga se trosea narodnite pari kako sto se trosea, koga ne se gradese nisto ,koga se kradese sesto! mnogu ste interesen so Vasata negacija na se ona sto se pravi, cinelo ili ne! Ve razbiram, kako dostoen clen na "fabrikata" morate da pokazete zabi za da go zadovolute Baronot!
Од: Вераг
Датум: 23.08.2010 11:40:06
А кои пари ќе дибиеја за себе и партијата од неколку настапи во медиумите?
Од: Трпе
Датум: 23.08.2010 12:57:49
Имат голема страст за рекламирање,но имат поголема страст за власт и пари.Но што да се прави,сеуште се неуку.Но кога ке земат дипломи од дисперзираните факултети е тогаш ке се случи чудо.само не е до дипломата,до главата е за пари се работи.

Најди! во Утрински
Втора страница
Зголемен притисок за името
Вербатим
Економската зона ќе го прероди Кичево