Број 3437  сабота, 20 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
3437

Нема сила што ќе ги избрка дивите пазарџии

Продавачите се распослани до коловозот на булеварот „Крсте Мисирков“, а кога врне, стреа им е новиот надземен пешачки премин

Снежана Калабакова


Дивите продавачи на Бит-пазар повторно се вратија на тротоарот пред зелениот пазар. На картонски кутии, на гајби, од кофи и разни пластични канти продаваат зеленчук, овошје, разни други производи... Бадијала се изгради надземен премин и нова средишна жардиниера за да се спречи претрчувањето од една на друга страна на булеварот „Крсте Мисирков“, кога пазарџиите се распослани речиси до коловозот, а кога врне, стреа им е новиот надземен пешачки премин. Очигледно, нема сила што може да ги избрка.

Оваа слика е позната и отпорано. По силниот притисок на надлежните од Чаир и полицијата, тие беа избркани, по што се преселија од другата страна на улицата пред поликлиниката „Бит-пазар“. Откако се пожалија и здравствените работници, бидејќи сето ѓубре им го оставаа пред здравствениот објект, пазарџиите беа избркани и оттаму. Останаа само продавачите на живина кои доаѓаат во пазарните денови и пред оградата на поликлиниката продаваат кокошки и петли. Сега продавачите на земј��делски производи повторно се од страна на зелениот пазар, наспроти убаво уредените нови булеварски жардиниери. Сликата е повеќе од грда, а ја гледаат и странците кои од аеродромот влегуваат во центарот на градот преку Бит-пазар.

Граѓаните реагираат до надлежните да не дозволуваат овој дел на градот да личи на село низ кое шетаат кокошки. Особено што на крајот на секој пазарен ден на тротоарите останува сето ѓубре што го оставаат продавачите.

Од Општина Чаир велат дека улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ е градска, што значи дека Градот е тој кој е надлежен да ги тргне дивите продавачи. Но, оттаму, пак, тврдат дека ингеренции за санкционирање на трговијата надвор од пазариштата и на нелегалната трговија има пазарниот инспекторат, кој е во надлежност на Министерството за економија.

„Ние ги бркавме, ги брка полицијата, но тие пак се враќаат да продаваат на тротарите. Ставот на Општината е дека дивите продавачи не треба да бидат таму каде што не им е место“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Општина Чаир.

Од СВР - Скопје тврдат дека вршат редовна обиколка на овој дел од градот и ги казнуваат дивите продавачи. Досега изрекле 10-ина казни за кои, согласно со Законот за јавна чистота, прекршителите платиле по 50 евра. Со казна од 300 евра, пак, казнувала Сообраќајната полиција за сторен прекршок зафаќање сообраќајна површина и за попречување на слободното одвивање на сообраќајот.

И од Државниот пазарен инспекторат, исто така, тврдат дека постојано имаат акции на различни делови од градот, а во врска со дивите пазарџии постапуваат според Законот за трговија.

Сепак, чудно е како и покрај редовните акции на надлежните и изречените казни, пазарџиите секогаш се на тротоарот.




#
Статијата е прочитана 1541 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 17.11.2010 12:18:28
Se fatifte za lugeto sto vredno rabotat,od nivna pot sto prodavaat.ako ne se tie od kade ke jadevme sega za 100denari gajba domati.Lugeto ne se sverceri dosle od strumicko vo kamioni spijat,so celi familii,sigorno ne dosle od azdisanost.Ako tolku se jaki drzavata neka pominaat niz aerodrom na stara 5ka,i vidat edni kiosci sto napravile,haos,vo zeleni povrsini vlegle,granki secele,zici pod elek,napon na 20sm sto visat,a ne se fakame za nekoja navistina maka,sto ima
Од: Boris
Датум: 18.11.2010 01:04:12
Do koga ke se tolerira prodavacot na drebulii sto poveke od 10 godini go uzurpira preminot pod zgradata na Ministerstvoto za pravda.
Од: hasan
Датум: 18.11.2010 01:54:04
da be vie novinarite druga rabota nemate naravno ke prodavat ke skokat lugete kaj da idet moite na pazar iako ziveam do poliklinikata bitpazar jas 28 godini imam pa se umoruvam po tie skali 100 skali napravile a kaj tatkomi so 3 kesinja da se kacuva po tie skali ...vie ne pisuvavte stati za da se izgradi podzemno tuku sega zoshto e izgradeno 10 metri...kobozemski lift i toj lift ne raboti mozelo da se izgradi podzemno i pomalku trosok i podobro za narodot...a ne go izgradija samo zaradi Bilbordi Rekllami a za narodot koj go shisha
Од: dasko
Датум: 18.11.2010 07:14:14
A sto e so prodavacite na cigari??? Ili niv nikoj ne gi gleda ili ne smee da gi gleda????? Sramota se fativte za babite i dedovcite koi cesno si zarabotuvaat nekoj denar.
Од: Pitomite protiv divite
Датум: 18.11.2010 09:04:45
Vo Make3donija cuti kriminal i korupcija vo sprega so vlasta nagolemo kako vo Cikago za vreme na Al Kapone. Se kupuvaat placovi od direktorcina " naftasi" na VMRO so i stotici iljadi evra , se davaat palcevi za niski ceni na svoi ludje, se menuvaat markici na GUP-ot se krade na golemo vo zdravstvo, obrazovani , se korumpira sudstvoto, a ovi se zapnale za divite prodavaci koi so pot i maka po polinjata gi nosat svoite proizvodi za da gi prodadat. kako toa da e najgiolemiot problem vo Anticka Makedonija

Најди! во Утрински
Македонска верзија

ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
Македонски Состојби
Манчо Митевски
Поглед
Слободанка Јовановска
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Харолд Џејмс

Не помагаат ни високите казни - на патиштата се вози лудо

Јуниорски Евросонг
Ања Ветерова настапува последна во Минск

Шакира
Успеа да го освои срцето на Жерар Пике?

 


Brammertz to UN: Serbia's efforts on Mladic still problematic
No starting date for Montenegro's EU accession talks
Bulgaria likely to renew euro bid in 2011