Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
На прво место

Тиквешко Езеро спас од пеколните горештини

Македонија нема море, но има други извори за разладување

КАВАДАРЦИ - Тиквешкото Езеро овие денови е одлична дестинација за разладување на Тиквешани. Минатиов викенд голем број граѓани побегнаа од градските горештини на најголемата вештачка акумулација. Граѓаните велат ако нема пари за море или за други туристички дестинации, тука ни е Тиквешкото Езеро.

Покрај Тиквешани, голем е бројот и на граѓани од другите градови во Македонија кои побараа разладување во водите на Тиквешко. Луѓето што ги среќаваме велат дека езерото е убаво, но недостасуваат сместувачки капацитети. Викендичките се преполни, а нема хотели или слични објекти каде што може да се преноќева.

Оние кои со години престојуваат на Тиквешко езеро велат дека езерото е преполно со алги и нуди одлична можност за лекување астма. Околу езерото има над 2.000 викендички, а заинтересирани туристи не можат да закупат ни еден кревет. Некои од сопствениците на вили сакаат да развиваат туризам, ама не знаат како. Други, пак, „не сакаат туѓинци да им шетаат“ во близина. Неразвиената придружна инфраструктурата е слаба страна на едно од најголемите акумулациски езера во Македонија.

Дополнителен проблем за некои од газдите на куќи претставува тоа што до нив се стигнува само по воден пат. „Имам објект кај Полошкиот манастир и мене не ми се исплаќа да го издавам за гости за само неколку дена, оти морам да ги носам и да ги враќам. Ми одговара ако тие сакаат да уживаат крај езерото подолго време“, вели сопственик на викендичка. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 1524 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Седете дома да не изгорите надвор
Посебна телефонска линија за пасоши за иселениците

"""