Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Анализа

Си велам

Бомба во социјалната држава

Ерол Ризаов

Како бомбата во социјалната држава стана ќор-фишек

Изминатава недела навистина ми олесна кога го видов премиерот Груевски како релаксирано вози велосипед на кејот на Вардар. Ми се врати надежта дека, сепак, одиме во добра насока предводени од нашиот премиер на точак. Ете тоа ти е скандинавски премиер на балканска држава. Си велам, толку е добар и ��милен што напати се прашувам дали го заслужуваме. Сликата Груевски на бајсик опколен со својот тим како оние на Тур де Франс ми го однесе неспокојството што ми го предизвика една арачиновка ова жешко лето.

Отишла жената во Општина Гази Баба да праша зошто и' ја укинале социјалната помош. Општинарите и' покажале среден прст или дрскост, не знам точно што... или, пак, најучтиво и' рекле помош веќе нема. А таа, на социјалната држава според нашиот Устав, и' фрлила бомба во знак на благодарност. Независните и професионалните македонски медиуми не објавија ни една сторија за терористката од социјалното. Ја задушија експлозијата и од бомбата направија ќор-фишек. Не дознавме ни која е жената, ниту зошто го направила тоа ниту, пак, и' видовме лика и прилика. Кога очајна жена, покрај толку големи и храбри мажи, фрла бомба во канцеларијата за милостина на преродбеничката власт во социјалната држава со славно минато тоа не е вест. Не треба да се злоупотребува тоа политички, што би рекле од штабот на горското началство. Како што не треба политички да се злоупотребува прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски, како што не треба политички да се злоупотребува гаснењето на весници и притисоците врз медиумите, монтираните судски процеси, амнестијата на воени злосторници, нарачаната лустрација, уривањето на зградата на Цановски, се разбира, веднаш по неговото приклучување кон опозицијата. Се' што не оди во прилог на власта не смее политички да се злоупотребува. Тоа е така поради нашиот професионализам, храброст, големата медиумска слобода, поради поддршката на слободоумните граѓани и силната опозиција.

Не е вест ни кога група големи новинари го слави катил ферманот за Милчин. Тоа е приватна забава кога се пие ракија и се мезат живи луѓе. Драги колеги, секоја чест за славењето и шенлучењето со инквизицијата. За тоа еве ви го мојот среден прст.

Навистина ме орасположи и Антонио Милошоски кога за лондонски „Гардијан“ за македонската антиквизација и споменикоманија храбро изјави: „Ова е нашиот начин да им покажеме на Грците среден прст“. Веднаш ексминистерот ни дообјасни дека не бил среден прст, туку сме им покажале дрскост. Јас му верувам на Милошоски, кој по смената од министер отвори ко на Шукаре басмата, иако повеќе ми е ќеф да им покажеме на Грците и нешто повеќе отколку само средниот прст. Ме успокои, всушност, толкувањето на Милошоски на нашата политика во „Гардијан“. Прв од македонските политичари искрено кажа зошто ја правиме сета оваа будалштина со антикоманијата за која веќе пишува и светот со јасно видлив цинизам и иронија. Работата била за инает?!

Според Милошоски, сето ова што го правиме со спомениците е реакција на политиката на 20-годишен притисок и дрскост кон соседот кој тврди дека не постоиме. Ова било вратка на Грците што не' негираат. Претпочитаме повеќе да имаме воин на коњ со меч што ги сече облаците, а карши него татко му на воинот, исто на коњ, со копје над облаците, па лавови како домашни мачки, на секој чекор, па чета антички војници, па цела ергела коњи, па триумфални порти, па византискиот император Јустинијан, па канонади на Уставниот суд на кој може да позавиди и атински Партенон, сето тоа не' прави посреќни отколку што не' загрижува тоа што половина градови и речиси сите села во Македонија немаат канализација и депонија за ѓубре, немаат водовод и здрава вода за пиење, современи патишта и железница, што над 30 отсто од населението живее во тешка беда под секое човечко достоинство, што 32 отсто од работоспособното население е без работа, што уште учат ученици во училишта на истите клупи каде што учителствувале Делчев и Груев. Значи, за инает на Грците, фрламе стотици милиони евра на споменици да го подигнеме чувството за македонска национална припадност.

Најугледните светски медиуми до пред неколку години на големо ја исмеваа Грција за нејзината фобија од северниот сосед. Барањето за промена на уставното име на Република Македонија го оквалификуваа како смешна и несфатлива будалштина, ултимативно и уценувачко кумство. Грчкото присвојување на целото античко културно наследство јавно го осуди и најголемиот жив историчар, светски авторитет, легендарниот Ерик Хобсбаум (1917), професор на Кембриџ, на Брик Бек колеџот. Незаобиколив хроничар на целиот 20 и почетокот на 21 век. Хобсабаум, на предавање пред студентите 2004 година во Будимпешта, со целиот свој авторитет научно ја оспори грчката политика да ја условува Македонија да го промени своето име. Но, исто така, ги предупреди и Македонците да не се п��ведуваат по некои опасни идеи што доаѓаат од дијаспората, особено од Австралија, за античкото потекло на денешните Македонци. Токму тој опасен пат го избра 2006 година оваа власт. И еве до каде не' донесе, водејќи не' по тој ќор-сокак. До Вардар.

Истиот тој „Гардијан“ денес пишува за националистичка влада во Македонија, а премиерот Никола Груевски го нарекува тврдокорен националист, бивш банкарски службеник кој лично ја предводи градежната програма за воздигнување на националната гордост. Не слушнавме дали Груевски го смета ова за навреда или за пофалба.

Зошто се случи овој пресврт кај светските медиуми чии симпатии долги години беа на наша страна во наметнатиот спор од Грција. Не сакам како Рикер грубо да кажам „прашајте го премиерот“, туку ќе одговорам. Се' повеќе луѓе веруваат дека споменикот на Алаксандар Македонски во Скопје и целата наша антикоманија е тројански коњ на грчките разузнавачки служби. Како и да е, факт е дека светот попретпазливо и со повеќе разбирање гледа на грчкото стравување од северниот сосед.

Врвна забава на политичката летна шема годинава се задоцнетите македонски пророци на апокалипсата. Америка и Европа, НАТО и ЕУ, велат тие, само што не рикнале. Сироти Европејци и Американци да ги плачеш со гајда. Трошат, шетаат, јадат, пијат, пушат, работат како лудаци, уживаат со туѓи пари, а не знаат дека утре ќе умрат. Се наsира нова Атлантида. Потоп. „Биќе скоро пропаст света“. Тогаш, чуму и ние да се брзаме за ЕУ и за НАТО или за каде било кога и онака се' пропаѓа.


#
Статијата е прочитана 2994 пати.

Испрати коментар

Од: neopredelena
Датум: 19.08.2011 01:37:17
Ubavo kazano. Kaj suto tamo i bodi samobendisaniot nas Primier i negovite bratucedi. Samo sto tie ke se izlecat nekako bidejki se pametni rabotat od pozadina - ili ne vozat velosipedi pokraj Vardar. Ama Grujo, napred na frontot, koj znae, vaka ako prodolzi ke zavrsi kako Gadafi. Ako voopsto narodot nekogas se osvesti, mozebi posle 5 godini ropstvo ke dojdat Amrikancite i ke ne oslobodat. Tesko ovoj narod nesto da napravi.
Од: gragjanin
Датум: 19.08.2011 01:39:31
Od bankarite si patime. I Miloshevic beshe bankar
Од: Turcin
Датум: 19.08.2011 01:48:37
Da moze tekstov da go razberat tie za koi e namenet, ke se obesat od sram. Arno ama tie za inaet trosat narodni pari gradat za da kradat i muva ne gi lazi. INAETOT E OSOBINA NA MAGARINJATA , A NE NA LUGETO. I na GARDIAN ke mu dojde krajot samo ako prodolzi so kritiki prema nasiot FIRER. Ne znam sto mislat ovie luge od vlasta, ama se poveke sum uveren deka gram mozok nemaat,pa zatoa i sovesta otsustvuva.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 19.08.2011 02:35:24
Postuvan Erol Rizov[Ni po Babi ni po Stricevi]Jas odamna go dignav mojot Sreden Prst vo pravec na Ignorantite,naTie,Sto Lazat i seZevzecat,aNarodot im Gladuva!Eve Edno moe Pisanie,sto e ravno,a i povece od,,SREDEN PRST"Mnogu mi e zal,al sepak moram,da go kazam;Ce kazam,Da ja Spasim Dusata!;DixsiEtSalvavi,Animan Meam.Im se stavaat;Spomenici,Bisti i Monumenti od;Betonski i Bronzani Glavi i Statui,[kako na vunena vremena-Gojko Gjogo] na sustestva:Sto nit jale,nit luk mirisale vo Skopje,nit go stapnale,nit go videle,nit slusnale za Skopje.Site ja znaat istorijata na Skopje,nee samo so Glavite na ovie od poslednive 60 godini.Aaa site molcime;Od kogo i za kogo?Ova pak mi Lici;Lesno dojde,a uste polesno ima i da otidne.So ovaa Nivna Ujdurma,nekoj debeloSE Ovajdi.Kade e?Srbija;Crkvite,Manastirite-DINASTIJATurcija;Zamiite,ImamiteJavni KupatilataTecinata,Kaljinata se sto Skopje se gordeese,neMU padna od nebo!VMROVSKITE Postoljina vo Skopje ce ostanat,a glavite ce bidat frleni po Vardar.
Од: demokrat
Датум: 19.08.2011 03:05:42
Ovoj pat moram da se slozam so avtorot. Dobar tekst.
Од: respekt
Датум: 19.08.2011 03:25:56
Za ovaa kolumna Erole,megafonite na vlasta ke te pglasat za velepredavnik Takvi se kriteriumite na DPMNE.Predavnici se tie sto slobodno razmisluvaat i pisuvaat,a patrioti se tie koi vodat pogubna politika za makedonija.A za tvoite kolegi-slavenici, se znam,samo neznam dali mirno spijat.
Од: Todor
Датум: 19.08.2011 05:26:14
Samo Crvenkovski e spasot od ovoj kjorsokak.Toj znae sto treba da se napravi.Vprocem toj e eden od najuspesnite dokazani ekonomisti vo drzavava-toa go dokaza so privatizacijata i otvoranjeto na iljadnici novi rabotni mesta i presmetuvanjeto so oktopodot.I politicki dosta odgovorna licnost-dodavkata BJRM za toa e nepobiten fakt!!!
Од: cobe
Датум: 19.08.2011 06:49:56
Sekoj e svesen deka antikvizacijata e za INAET..... ama ovoj INAET od decurlanava skapo ke ne kosta..........
Од: Sulo
Датум: 19.08.2011 07:00:46
Vo drzava vo koja kradenjeto e izdignato kako merilo za napredok vo politickata kariera,i vo koja i narodot toa go ima prifateno kako uspesnost, sposobnost za snaoganje,darovitost,talentiranost, genijalnost,obdarenost;-nemozeme da se nadevame na napredok i progres.Se duri ne go dopreme dnnoto- toa taka ke bide i taka ke ostane!!!
Од: nie
Датум: 19.08.2011 07:21:19
Uste porelaksirani ke bideme koga na osmi septemvri ke go vidime vojvodata na konj kako triumfalno ke vleze niz triumfalnata kapija na poklonenie do Ace i Bukefala. Ta kako eden tolku znacaen vojvoda da se zanimava so trivijalni raboti vodovod, kanalizacija, deponija, vrabotuvanje pa uste EU i NATO, komu mu e vazno toa...
Од: koljo
Датум: 19.08.2011 07:32:20
Grcite imaat se i tolku se itri shto majkata i ja rasplakaa na Evropa.Odete i videte kako e izgradena Via Ignacia .Tie se zadolzuvaat za infrastukurni proekti a nie za spomenici.Samo po inaetot totemizmot ke ostanat zapamteni.
Од: Bogoja Struga
Датум: 19.08.2011 07:36:33
A bre Erole izgleda mnogu si pregladnat pa da gi zacuvase Grueski parite od spomenicite sigurno vaka ce nemase da placis.Znam Grueski napravi greska vo matematikata posto mislese deka site ce placet danok pa se ostanet i za spomenici ama gledas deka samo VELIJA sam ima ukradeno okolu 30 molioni evta a svatot Canoski mrava ne go lazit pa se rasvlat so stotici milioni evra ako ne dvajcata raspolaget so blizu edna miliarda dolari tocno kolku eden Makedonski buzet za edna godina.Sigurno tolku siromasi sakat da bidat pratenici za 1000 evra ili da mozet da manipuliret so neplacajne danoci.Zatoa neromi solzi posto ovie se EM KRIVI EM DIVI ama se krijat pod nekoja nivna pratenicka demokratija.Ako beja pametni samite ce gi izgradeja spomenicite a ne da gradet MOVCINA so gnili stici na Ohridskono ezero navodno eve kolku pomagame i donirame.Samo edno neznam od kade se stanuva olku bogat ako redovno si gi podmiruvas danocite vo drzavata kako sekade vo cel svet.
Од: MajkinPerth
Датум: 19.08.2011 07:39:58
Neveruvam deka nekoja columna imam propusteno I po moe ubeduvanje G.Rizaov e Eden od najdobrite kolumnisti.Erole ke te zamolam da ne ne stavas nas Makedoncite od Avstralija site vo Eden kos.Ubavo zvuci prekrasno e da go gledas voinot na konj no vo ovoj period mora drukacije da se gledaat rabotite.Lesno e da se suflira od daleku I od strana.
Од: Ерол Ризаов пак ги навредува Македонците
Датум: 19.08.2011 07:51:20
Ероле, дали си свесен дека цинички се потсмеваш со нашиот македонски идентитет. Ти, како немакедонец или антимакедонец, не можеш да го разбереш проблемот со името. Затоа пишувај за нешто друго.
Од: Janakiev Nikola
Датум: 19.08.2011 07:53:50
Kole.19.8.2011god. Erol ve ima prasprskano vo site svetcki novini sto sakate ta go ponizete Makedonskiot narod so drzane na granici so unistuvane na talenti plackana.Da vikazam zost nemozete NIJA ZNAEME DA SE NAVEDNEME I ZNAEME STOSME.
Од: obicen
Датум: 19.08.2011 08:16:23
Go citirate Gardijan, a istiot den sosema poinakov tekst objavi Ekonomist. Pominaa vreminjata koga imavte ekskluzivno pravo na vistinata vo sekoj pogled. Normalno nema da citirate sto napisa neugledniot "Ekonomist". Za prv pat nekoj vi parira vo sekoj pogled i toa narodot go gleda i vi odgovori pred samo dva meseci.
Од: Nikola
Датум: 19.08.2011 08:23:30
Gruevski e grcki platenik! Finansiski ja istostuva Makedonija pod prevezot na antickata istorija, go rusi ugledot na RM vo medjunarodnata zaednica! Podobra usluga na Grcite-zdravje!
Од: Коста Стоименовски
Датум: 19.08.2011 08:30:17
Во повеќе наврати предупредував дека мошне опасно е кога политичарите се определуваат да пишуваат и да диктираат историја по свој мерак, подредувајќи ја истата на своите дневно-политички интереси, поточно за изборни потреби! Лесно е да се „перчиш“ и да се јуначиш дома, не водејќи сметка за штетите што со таквата политика им нанесуваш на државата и на народот/граѓаните на РМ! Актуелната власт, со својата квази-патриотска политика повеќе од 5 години ја држи земјата во „лимбо“ позиција, испуштајќи го „возот“ со кој Хрватска веќе стана членка на НАТО, а од идната година ќе стане и членка на ЕУ. Повеќе од 5 години ја играат улогата на „чесната“ кокошка која, пред да „капитулира“, трчи повеќе кругчиња за да не се стекне впечаток дека е „лесна женска“! Не сум сигурен дали мак. премиер може и натаму да ја игра досегашната квазипатриотска игра или дефинитивно ќе мора да го направи она што требаше да го направи пред пет години?!
Од: rash
Датум: 19.08.2011 09:37:32
EROL da se spali pod itno na klada ili vo najmala raka da se kamenuva.... pa kakvi se ovie pisanija, bogohulenja. Da se proglasi za antidrzaven element i da se isprati na ostrovot vo Prespansko da krsi kamenja :-) Bravos za Erol, ima srce covekov...
Од: zapev
Датум: 19.08.2011 09:43:52
toa sto grupa obezbeduvanje okolu grujo na tocak kazuva se kolku e popularen kolku go saka narodot ..vo skand minisyri vozat tocak na rabota i toa bez obezbeduvanje.........
Од: citacot
Датум: 19.08.2011 09:48:38
Erol: neinventiven, epten ograniceni i postojano isti temi, tekstovi postojano nasoceni na isto mesto, predvidliv ... d o s a d e n ! (p.s. verojatno poradi godinata na proizvodstvo)
Од: milan
Датум: 19.08.2011 09:52:43
Erol, neli gledas deka si izliten,....ne leci komleksi so pozicijata.
Од: Mile - Ohrid
Датум: 19.08.2011 10:11:49
Rizaov ne moze a da ne se navrati na izmislicata na grckata propaganda vo Makedonija t.n. "antikvizacija". Etiketa koja toj i ostanatite grcki lobisti ja proglasija za olicetvorenie na bogohulstvo. Taka" inkvizicijata" vo makedonskite mediumi gi navreduva, klevet i etiketira Makedoncite koi za sebe gi baraat istite prava kako i ostanatiot svet. Koristenjeto na pravoto da se cuvstvuvaat onaka kako tie odlucile i da gi spodeluvaat vrednostite na istorijata na teritorijata na koja ziveat, Rizaov ja proglasuva za eres. Toa e otvoreno pottiknuvanj na stranskite podrzuvaci na grckite shovinisticki uceni da gi progonuvaat onie koi se "drznale" da ja tolkuvaat i pocituvaat istorijata na svojata teritorija. Zosto ova me potsetuva na progonot na slovenskite uciteli koi go propagira slovoto bozje na slovenski jazik, a nekoj velese deka toa e pravo samo na grcite i latinite?
Од: nekoj
Датум: 19.08.2011 10:27:46
:)) Cool. Mnogu dobro. Samo sto eden narod so visoka svest ne b cekal nekoj da go podigne protiv takov rezim, bi reagiral spontano... Za zal svesta na makedonecot e na nisko nivo, itoa zboruvam za "intelektualcite" zasto na niv e... Zemja vo koja sekoj ceka mama i tato da go skoluvaat, da mu kupat stan i kola, da mu najdat rabota...takva zemja nema sreka-zatoa i vi se slucuva ova... Do mentalitetot ke da e...
Од: liki
Датум: 19.08.2011 10:42:46
Pocituvam luge kako Vas, za hrabrosta vo ova naludnichavo vreme sto se sluchuva kaj nas.
Од: Внимателен читател
Датум: 19.08.2011 10:44:53
Гледам сите бегате од арачиновката. Тоа се вика немаме зборови. А најмногу од реакциите се дали е авторот е добар или лош, Никој не спори со содржините на текстот. Ееееј бомба во социјалната држава, антикоманија за инат, новинарска некрофилија, пророци на апокалипсата, сиромашптија во секој поглед, Тоа кажува авторот, тоа е за неспокојство или задоволство во зависност кој како гледа, а не колку е добар Ерол или kolku e лош, колку е Македонец или немакедонец. Ова е тажна новинарска приказна за Македонија. Време е за: А, бре Македонче, каде се спремаш.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 19.08.2011 10:52:50
Se sekavam moite baba i dedo sekogas mi velele:Od sakat i iskompleksiran covek da begas oti toj vo dusata nosi nesto sto vo normalniot covek ne postoi,a nikogas ne e na arno. Mislam deka site ova go znaete.
Од: kiki
Датум: 19.08.2011 11:50:25
Sega ocekuvam zadovolni socijalni slucaji ''spontano'' da se soberat pred SDSM i da protestiraat protiv B.C. a i nekoja bomba da frlat zatoa sto se prezadovolni od socijalnata pomos sto ja dobivaat.Cisto da se zapazi procedurata
Од: до Богоја Струга
Датум: 19.08.2011 11:53:11
Ај што си неук, ама и бодеш. Буџетот е 3 милијарди. Прочитај малце Фокус на пример па ќе видиш дека на Фијат му чешлале документација од УЈП и дека е целосно чист. И потекло на пари и све. Не само да тесеш. Партиски полтрон, ништо критички во главата не ти влегува. Зборите за криминали, а си ја ишката мувата од капата. Македонија никогаш не била поискорумпирана. Впрочем, сите што ќарија од приватизација сега се другарчиња на Грујо. И 5 години ве мавтосува со таа приказна, а 21 година 11 е ДПМНЕ на власт. Ама џабе, толку ви е капацитетот
Од: PredatorMk
Датум: 19.08.2011 13:13:09
А чиј тројански коњ си ти Ероле?
Од: Oskar
Датум: 19.08.2011 13:13:48
G. Rizaov, kako sekogas aktuelen, jasen, razbirliv. Neznam kako podobro bi se izjasnile za da Ve razberat i redovnite kriticari i da prestanat so kritiki radi kritiki, bez nikakva osnova. Posebno gi molam onie koi na site nas sto mislime i se soglasuvame so g. Rizaov da ni go pokazuvaat patot nadvor od nasata Makedonija. Od ovaa kolumna posebno ke go izdvojam apelot do golemite novinari, eve vi go mojot sreden prst. Nivniot odnos e stvarno lesinarski, zasluzuvaat sreden prst.
Од: Ајде дали знаеш паметиш Милице
Датум: 19.08.2011 15:09:44
Г. Ризаов најде храброст да рече "...сето тоа не' прави посреќни отколку што не' загрижува тоа што половина градови и речиси сите села во Македонија немаат канализација и депонија за ѓубре, немаат водовод и здрава вода за пиење, современи патишта и железница, што над 30 отсто од населението живее во тешка беда под секое човечко достоинство, што 32 отсто од работоспособното население е без работа, што уште учат ученици во училишта на истите клупи каде што учителствувале Делчев и Груев." А зошто е тоа така и ОД КОГА е тоа така? Сигурно не е од по 2004. Што работеле сите претходни политичари и административци за да не биде таква состојбата? Ај „комуњарите“ (како што ги именуваат некои) не направиле ништо до 1991. Ама зошто нашиот „најдобар“ Б.Ц. и неговата тајфа не направи да се подобри стандардот на народот откако една деценија ја имаше власта в раце. Се што направија е криминална приватизација, армија невработени, стечајци и социјални случаи. Или не паметите кој прв почна?
Од: erolce
Датум: 19.08.2011 15:24:12
vreme ti e za lustracija
Од: do Kosta
Датум: 19.08.2011 18:03:00
Premierot ne trebase da napravi nisto pred pet godini protiv Makedonija,a i sega i vo idnina nisto nema da napravi protiv nas Makedoncite.Znaci razbra Kosta,nema menuvanje na imeto.
Од: Karokan
Датум: 19.08.2011 18:50:50
Г-дине Predator MK,јас ќе ти одговорам на поставеното прашање:Чиј тројански коњ е г-динот Ризаов??? Наш,македонски кој цврсто стои во буицата која се заканува да не однесе во неповрат. Сега прашање до тебе: Кон чија/чии воденици Вие ја насочувате таа и таквата буица?????????????

Најди! во Утрински
Анализа

"""