Во јавниот живот нема место за неутралните и неопределените, иако се најмногубројни
Опасно се радикализира македонското општество. Подземната борба за власт поприма драматични димензии. Последните јавни настапи на политичките лидери Груевски, Црвенковски, Бошкоски, Тачи, Ахмети... нивните блиски соработници, пратениците во парламентот, но и на верските поглавари, јасно покажуваат дека не само што се продлабочува омразата меѓу политичките противници туку таа ги зафаќа верските и националните чувства, деловноста, институциите на системот и обичните граѓани. Нетрпеливоста станува главно мерило за партиска лојалност и најсилен критериум за напредување во партиската хиерархија и владина администрација. Македонија стана целосно партиска држава во сите пори на живеење. Во јавниот живот нема место за неутралните и неопределените, иако, според сите анкети, се најмногубројни. Партиската пресија е неиздржлива, почнувајќи од образованието, од детските градинки, па до универзитетите, во спортот, во културата, во бизнисот, во здравството, во судството, во новинарството, па дури и во синдикатите. Веќе сосема е евидентно и на секој граѓанин му е наполно јасно дека без партиска книшка и без јавна политичка определба, станувате граѓанин од втор ред, чии основни човекови права се кршат без никакви последици. Ако не си во партија, не си ништо.
Демократијата во Македонија загрижувачки назадува. Запрени се сите демократски процеси, својствени на почетокот на транзицијата, кога почнаа со голема еуфорија и надежи. Во некои сегменти демократијата е поназад и од претходниот еднопартиски политички систем што веќе го загрозува општествено-економскиот плурален поредок. Во Македонија се инсталира дефектен политички систем. Нов експеримент што не припаѓа ниту на плуралната современа демократија ниту на комунистичкото едноумие. Власта дарежливо храни бирократски монструм, кој не почитува ниту Устав ниту основни европски стандарди примерни за земја- кандидат за рамноправно членство во Европската унија. За се' во државата одлучува еден човек. Сите чекаат да пресече Никола Груевски, од именување воспитувачка во детска градинка, до изградба на црква или џамија, од распишување тендер за преродбеничките визии, до промена на името на државата. Од сексуални слободи до синдикалното организирање. Од заштита при поплави до чистење канали. Од пресуди во општински судови до највисоките судски инстанци. Се поништува и правото на жалба. Институциите на системот се во аут. Сите го чекаат Груевски да одлучи. Парламентот е еднопартиска гласачка машина на мнозинството. Таму одамна нема никакви изненадувања.
Поделбата во јавноста е во повеќе правци. Прво, најсилна е партиската поделба, но не помалку жестоки се верската и етничката, кои не биле толку изразени ни во најтешките кризни времиња. Социјалната поделба е видлива со самото стапнување на македонско тло. Огромна беда и сиромаштија на една страна, и скороевичка распуштеност на малубројните нови чорбаџии, на друга страна. Градската и руралната поделба веќе може да се следи во директен телевизиски пренос. Провинцијализмот и примитивизмот цветаат. Единствена полза од нив е што ни ги коригираат нашите заблуди за високи културни дострели. Поделени се и мафијашките криминални кланови по партиска линија, иако парите немаат партии. Омразата и радикализацијата се пренесува драматично брзо и меѓу обичните граѓани. Судирите со силен интензитет не се само меѓу власта и опозицијата, туку во сите сфери на живеење и работење. Нетрпеливоста е јавна со груба сатанизација меѓу самите Албанци и меѓу Македонците. А потоа меѓу сите заедно. Џафери веќе го прогласи Охридскиот договор за неважечки. Политичкото ривалство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради чудовишна омраза, која од поодамна е далеку од вообичаена политичка пресметка за освојување на власта, поприма се' поопасни димензии. Судирот меѓу Црвенковски и Георгиевски беше мачкина кашлица споредено со она што сега се случува меѓу Груевски и Црвенковски. Во деловниот свет, иако судирот не е многу јавен, пресметката не е помалку крвава. Прераспределбата на крупниот и на средниот капитал, всушност, е војна со многу жртви и човечки несреќи. Буџетската и тендерска држава го поттикнува судирот меѓу деловните луѓе, бидејќи најголем инвеститор и најголемо претпријатие од поодамна е Владата. Од државните славини течат пари само во политички подобните компании. Владата во непроизводствени објекти, како што е „Визија 2014“, поради политички мотиви ќе инвестира не 200, туку близу 500 милиони евра. Само доградбата на Градскиот стадион е тешка 60 милиони евра, а изградбата на стариот театар со целосно опремување чини 36 милиони милиони евра. Заедно само стадионот и театарот - близу сто милиони евра. Владата и натаму останува најголем огласувач и рекламер со своите преродбенички кампањи, која со селективно партиско плаќање на подобните медиуми, го стави новинарството речиси под целосна контрола.
Целата филозофија на владеењето на Никола Груевски не се потпира на реформи, туку на делби и политичка радикализација, пребројување непријатели и предавници на Македонија, едноверска и еднонационална хомогенизација, поделба на тие што сакаат да го сменат уставното име на државата и на тие што го бранат. На возвишени потомци на античките Македонци и на варварските Словени. Борбата против корупцијата и криминалот е сведена на политичка пропаганда со масовни спектакуларни апсења и со обвиненија за злосторничко здружување и злоупотреба на должноста. Репризи, кои веќе сме ги виделе, чии судски завршници се јалови во недостиг од докази. Владините експерти за политички маркетинг пресметале дека објавувањето снимки и фотографии на криминалци со лисици на рацете кои ги водат маскирани специјалци, носат многу повеќе рејтинг поени отколку што носат негативни поени подоцнежните ослободителни пресуди. Се' уште никој не одговарал за апсење невини луѓе. Се разбира, овие дела не застаруваат. Ваквата радикализација на меѓуетнички, меѓуверски и меѓупартиски односи немаат поддршка кај мнозинството граѓани во Република Македонија. Доказ за ова тврдење се сите истражувања на јавното мислење, без оглед од кого се нарачани и која институција ги извршила. Според сите истражувања, двете најголеми политички партии заедно имаат поддршка само кај една четвртина од граѓаните на Република Македонија. А политичкиот лидер со најголем рејтинг во Република Македонија, Никола Груевски, нема поддршка ниту кај една третина од населението. Но, во Македонија неопределените и неутралните не се есапат. Ваквата драматична нетрпеливост и омраза создава нездрава клима и лош ��мбиент што ја враќа Македонија со децении назад. Проблемот со името ја прикрива веќе нарушената позиција на Македонија во ЕУ. Ако сега се направи преоценување на вкупните состојби во Македонија, според стандардите за земја-кандидат за Европската унија, и во економски и во политички поглед, тешко може да се задржи таа позиција. Ова сознание веќе е присутно и во Владата и кај сегашни и бивши владини министри токму во ресорите за евроинтеграции. Затоа се влечат очајнички потези да се сврти вниманието од економскиот крах од евидентната политичка криза и од назадувањето на демократските процеси.
Sekade ima omrazi pomegu politickite protivnici.Vo site drzavi vo svetot kade sto ima pluralizam.Sto se cudi Erol?Nitu edna partija vo drzavi so pluralizam vo svetot nema podrska od nad polovina od vkupnoto naselenie od tie drzavi.Sto se cudi Erol?Parlamentite vo svetot se glasacki masinerii na vladite vo drzavite i na ednopartiski i na povekepartiski sistemi.Sto se cudi Erol?Makedonskiot parlament vo periodot od 1994-1998 godina bese recisi ednopartiski vo pluralno opstestvo,ama Erol togas ne se cudese,naprotiv,naviknat bese.Podelbite megu lugeto gi napravi opozicijata so nejzinata predavnicka agenda.Toa vsusnost ne e podelba,tuku mal del od naselenieto e kon opozicijata.Sto se cudis Erole,narodot e protiv predavnici.
Од: "vodolija"
Датум: 23.04.2010 00:49:13
Go molam Vebmasterot da gi objavuva site komentari na citatelite,samo taka komentarite mozat da bidat edokativni !!! Ne e fer ako nekoj ja napagja vlasta ,ili nekogo od vlasta, da ne mu se objavuva komentarot, pa kako Gruevski ili nekoj minister ke soznae kade gresi i zosto gresi ??!! Mandatot na vlasta e kako reka, stom istece nema povratok ,zatoa kritikite treba da bidat dopusteni za sekoj gragjanin,a ne samo na clenovi na DPMNE !?
Од: цицалче
Датум: 23.04.2010 01:24:42
Ја имав и ја имам таа среќа да бидам партиски неопределен ( сега сум пензионер) во установа кеде што партиската определеност беше многу важна(по цена да добивам ниска плата за низок пениски просек наспроти моето образование и работно место). Совеста ми е мирна, а како примерен граѓанин ги почитувам институциите Претседател на држава, Премиер, претседател на Парламент, ама сегашните (и бившите, со исклучок на чесните ликови на Борис Трајковски и Љ.Јордановски) носители не ги почитувам воопшто, ама баш воопшто. Зашто досега не ми дале никаков доказ дека заслужиле почит. Ние сме за жалење...Господ на помош!
Од: Vangel
Датум: 23.04.2010 01:24:57
Tokmu taka. Demokratijata nazaduva. A kako ne bi, koga eden covek e non stop vo pozicija, vo opozicija, lider na partija. So negovo zaminuvanje ce ima kako taka sloboda. Toa e... B.C.
Од: Blue fighter: Za da se znae deka DPMNE e na vlast
Датум: 23.04.2010 01:55:59
Omrazata e nivna vodilka vo sekoja akcija so koja ja prodlabocuvaat podelbata na nasi i vasi,nas i niv.Sto za psiho-patoloski simptom kje bese po koj se prepoznavaat nivnite maniri na vladeenje? Ili izbiraat da gi vodi ist kako niv,prv megju ednakvite sto bi se reklo,ili nema razlika zasto toa e matricata sto gi oznacuva .Se sto nabrojuvate vo tekstot e samo odraz na mentalniot falicen kod na lugje,koi vlasta ja poimaat samo kako megdan da se dotolci protivnikot i se sto toj pretstavuva.Se e vo funkcija na sto posilno apostrofiranje na sindromot na velicina(ne znaat deka e lazna) koja treba da ja pocuvstvuvaat site od Tabanovce do Gevgelija,inaku ne bi se zadovolile porivite na vladetelot.Omrazata ja raspostila licno na taa trasa i se e poklopeno od dolgata raka kon ne- negovite.Preoblikuvanjeto na drzavata i nejziniot izvitoperen lik vo ocite na drugite ja sledi "bas mi e gajle" politikata sto ja vodat.Znaat deka narodot e soocen so najgolemata beda posle ex- YU ,no ne im e gajle.
Од: mira
Датум: 23.04.2010 02:06:05
"Зошто толкава омраза"...zatoa shto postojat lugje kako vas g.Rizaov, potpaluvachi koi ja razgoruvaat omrazata.Krevkata demokratija vo mladava ni drzava e i vash proizvod.Koga treba da se sozdava nacijata i drzavata vie deluvate vo korist na site drugi samo ne Makedoncite. Mozebi deka ne ste Makedonec? Moze vi dale nekoj denar...neznam, ama ne truete!
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 23.04.2010 02:40:49
Со еден збор државата се распаѓа одвнатре целосно.Народецов наш си молчи,уште се надева дека оваа власт може да стори нешто.А таа кутрата нема идеја,не знае што да прави со преостанатиот мандат.Не можам да замислам ако има предвремени избори и ако повторно победи.Сами тогаш ќе потпишеме распад на државата.
Од: Kimov
Датум: 23.04.2010 04:40:18
Omrazata kon partiite ja pravat novinarite so sto iskazuvaat se i sesto. Ne treba da im se dozvoli na partiite sekoja vecer vo vestite slusame prepukuvanja. Toa treba da se iskoreni za da nema omraza pomegu narodot. Ne treba da im se dozvoli na politicarite kako Branko kade odi i kamermani nosi i op na vestite.
Од: Jovan
Датум: 23.04.2010 06:15:01
Vlada so takov narod netreba da stravuva za svojataidnina.Gleda deka pred ocite sekojdnevno go kradatvladeackite partiski lideri,gleda kako vo nedogled sigi vrabotuvaat nivnitebraca,snaikumovi,
pa veke stignaa do treti bratucedi-a toj sirotiot duri
i gi velica-bile sposobni sto seto toa go pravat.E pa
kade da go gledame izlezot,osven vo nebesnite
visocini?!!!
Од: PAM
Датум: 23.04.2010 07:49:43
Mesto za komentar skoro i da nema. Za zal, vo pravo ste. Zaradi vakvite sostojbi, od den vo den, partijata PAM ( Partija na Apstinentite na Makedonija- se misli na apstiniranje od izbori ) ke ima se povekje privrzanici, sto ne e nas ekskluzivitet. Izleznosta na izborite i vo zapadnite demokratii ne e mnogu pogolema od 50 % . Ako na apstinentite se dodadat i patnicite na "bugarskiot voz", koi za edna platena smetka za struja, ili za dozvola za slobodno secenje na drva vo drzavna suma, si go prodavaat pravoto na glas, togas sostojbite so demokratijata kaj nas se povekje od losi. I kade e tuka izlezot? Vo jaknenjeto na vnatrepartiskata demokratija. Sostojbite ke se podobrat koga clenovite na partiite ke pocnat da se zanimavaat, pred se , so mangupite vo sopstvenite redovi.
Од: Normalen
Датум: 23.04.2010 07:51:20
Одличен напис, но во овие времиња и се што е нормално и квалитетно не е нормално.Партиското навивање станало нормално и за интелектуалниот свет, се е на продажба.Парите ја одредуваат мислата а не разумот.Денес веќе имаме,партиски институции,специјалци,агенции за обезбедување,полицајци,судии,обвинители,за директори на сите јавни фирми и агенции се подразбира па оди се до чуварите.Стануваме партиска држава.Поделбите се подразбираат но тоа е и почеток на крајот, вака не може да опстојува држава а камоли да се надградува.И племињата биле подобро организирани.Загатнав за племињата?...
Од: Помагајте и на Македонија, а не на Бранко
Датум: 23.04.2010 07:59:09
Г-не Ризаов, а каква демократија владее во ЕУ? Во Бугарија или Грција, на пример? Прво напишете нешто за тие “европски стандарди“ (или тоа не В интересира?)! Напишете како таму се почитуваат националните чувства, дали таму владее нетрпеливост или тука во Македонија? Дали таму демократијата напредува, а тука назадува? Дури после убедувајте ги Македонците дека треба да си го сменат името за да влезат во таквата “европа“.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.04.2010 08:26:03
Na vakvata biserno čista statija samo bi dodal,ne samo neopredelenite i neutralnite,vo Makedonija odamna nema mesto za profesionalcite so dignitet.
Од: tatoo
Датум: 23.04.2010 08:52:00
Србите би рекле Г-дин Ерол “позлатило ти се перо“. Се што имаш напишано во овој напис е сушта вистина и реалноста на патот кој го чекори Македонија, пат без перспектива, време на медиокритети, саможиви политичари и еналфабети-претеници. А за Груевски да не зборувам. Него историјата ќе го забележи како најголемиот антидемократ во историјата на Македонија. Инаку, да напоменам дека сум член на најголемата партија во Македонија-партијата на неопределените.
Од: debarcanec 2
Датум: 23.04.2010 09:06:13
VMRO DPMNE = CUNAMI
Од: jordan
Датум: 23.04.2010 09:13:21
Dali ne si se zamislil deka i ti imas golema omraza sprema Makedonija !!!Ajde malku prelistaj si gi kolumnite pa vidi se sto si napisal !!!
Од: 45/55%
Датум: 23.04.2010 09:30:55
Najdobra slika za " demokratskiot pluralizam" vo Makedonija bese parlametarnata sednica na koja na eden bivs okoreli komunisticki obvinitel i miniterza pravda vo SRM, a sega kameleonski DPMN-ovec, arhetip za necesnost i rasipanost, metuzalemski reformator, mu bese izglasana doverba da rakovodi so edno od najvaznite ministerstva dozivotno.Ova se za zal go gleda i Evropa i svetot i znae kade sme. A do onaj nacional patriot: Soberi gi procentite za doverba od anketite i ce vidis deka site partie sumarno nemaat doverba ni 45% . Znaci 55% se apaticni i razocarani i ne veruvaat vo nitu edna od aktuelnite partii. E toa e tragedijata na Makedonija.
Од: MKD-NE FYROM
Датум: 23.04.2010 09:54:44
Ne znam kolku gi plakaat od stranstvo vakvite "golemi novinarski pera" na makeodnskoto novinarstvo ili se prasuvam dali stanuva zbor za samo prodolzenie na zagubeniot um na eden zaguben novinar i zatalkan vo vremeto na demokratijata so komunisticki custva i naviki. Gospodine Rizaov sekoja cest ama vaka ne pisuvavte koga Buckovski seese omraza kako premier se odnesuvase arogantno, ako narodot custvuva deka i Gruevski se odnesuva taka ke go smeni...Ama vie kako "neutralen" novinar mislam deka seete omraza za da dojde na vlast nekoj drug ( citaj Branko ) pa potoa vie da imate korist od seto toa. Za demokratijata e smesno da se komentira pogotovo koga ja koristite kako sredstvo da go ubedite narodot deka treba da go smenime imeto...sekoja vi cest za tekstov, trebase samo vo podnaslovot da stavite SPONZORIRANO OD SDSM- ulica Bihacka B.B.
Од: До „Kimov“
Датум: 23.04.2010 10:36:23
Кимов,во право си.Каде и да оди Бранко со себе и камермани си носи,за разлика од него кога Груевски „фрла“ лопати тогаш камерманите СПОНТАНО се собираат.
Од: kire
Датум: 23.04.2010 10:40:00
Zosto ste protiv izgradba na teatar i stadion? I koj ako ne Vladata niv treba da gi izgradi? Ne ja kritikuvajte vlasta preku vakvi pozitivni primeri zosto lugeto ovie proekti gi prepoznavaat kako isklucitelno dobri za Makedonija. So noviot stadion nema da se sekirame pred sekoe gostuvanje na Anglija ili Germanija dali ispolnuvame uslovi za igranje fudbal vo Makedonija vo 21 vek, a so noviot teatar nema da pagaat chigi i shipki vrz akterite na scena
Од: nekoj od EU so poteklo od FYROM
Датум: 23.04.2010 10:50:58
do "MKD-ne od FYROM". Mislam deka mestoto za komentar tuka e da se ostavi mislenje na tema: 'zosto tolku omraza" i "makeodnija", a ne avtorot na tekstot. Za da se naucat nasite korisnici na elektronski mediumi da ostavaat komentar mislam deka vesnikot treba da ne go objavuva imeto na avtorot.Vie zboruvate za Erol i sto sakal toj da kaze. Toa sto go kazal e vo tekstot, ne? A pred se, tekstot e za neopredelenite, sto ne bi trebalo da e za Vas. Inaku mi se dopaga i komentarot na "blue fighter". Makedonija stana ona sto nikoj ne mozese ni da go pomisli vo 90te i moomentalno zaostanuva so decenii zad drugite evropski drzavi. Najzalno e sto makedonskiot mentalitet e ona najbolnoto i najrasipanoto vo ovoj slucaj. Koga ke se soocite so toa i ke se obidete da go smenite, se ke trgne na podobro. A se moze, no nema koj da ve vodi, vo toa e problemot.
Од: Внимателен читател
Датум: 23.04.2010 11:14:52
До национал патриот и другите национал социјалисти, Кимови и Ани.
Дали сте од Македонија или паднати од небо, или сте во партискиот штаб на преродбениците. Погледнете ги вестите и информациите во сите медиуми и ка ја видите радикалзацијата и омразата. Нормално било да има омраза вели Национал социјалистот.
Кога во една држава се радикализираат односите до степен на вриење веројатно и тоа е нормално за вас. Кога две најголеми партии немаа 30 отсто поддршка од населението и тоа е нормално. Кога има верски и етнички говори на омраза и тоа е нормално.
Па да нормално е кога имаме национал социјализам. Ве молам не ја спомнувајте Европа, и не се споредувајте со други земји бидејки дури тогаш ке се види целата наша тргаедија.
А што се оденсува до власта таа сигурно не е виновна што земјата е во економски и политики хаос. Таа е за тоа заслужна. Браво бе нацисти.
Од: obers
Датум: 23.04.2010 11:25:51
I jas tebe te prasuvam Erol:
ZOSTO TOLKAVA OMRAZA ?
Од: Мики
Датум: 23.04.2010 11:45:38
За оваа состојба во Македонија не се виновни ниту Љубчо,ниту Бранко,Груевски,Османи,Ахмети,Џафери,ниту верските лидери.Директен виновник за состојбата е народот.Гледаме дека горенаведе��ите лица,кои дваесет години ја водат државата,не се способни да продаваат семки и кикирики на корзо,а камоли држава да водат.А нашиот несреќен народ упорно ги гласа.Дајте еднаш да ги оставиме сами да се изгласат ако можат,без народот.
Би го нагласил и следново:Господине Ризаов и другите како Вас,треба еднаш засекогаш да сфатите дека оваа е Македонија,а не панаѓур.Вашите етноси се секогаш ,,обесправени,,Редно е Вашите права да си ги барате во Турција,Албанија,Бугарија,Србија... бидејќи и онака само глумите верност кон оваа држава.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 11:52:48
Очекував од презентираниот наслов едно независно гледање на внатрепартиската демократија.Но понатаму во текстот авторот му се истори,,независно,, само на едната опција втората ја нема никаде во опсервациите.Не се сеќава на Н.Ружин и неговата бриселска функција со вистински демократски линч,не се сеќава како помина лидерот на НСДП кога влезе во поморанџестата влада,како поминува сега Спасов,Н.Поповски,како поминува Зинго еднаш наш а ептен добар,сега поморанџест никаков.Па ,,жртвените јагниња,, во ликот на експремиерите виножитни,тотално запоставени.И да не набројувам списокот е како телефонски именик.
Од: Realen
Датум: 23.04.2010 12:13:22
Erol ima pravo za demokratojata.Kakva demokratija i covekovi prava mozes da ocekuvas od luge koi se obrazuvale,ziveele vo ednopartiskoto ednoumie,koi se na vlast sega.Sto covek moze da ocekuva od Gruevski i takvite kako nego,koi se direktni potomci na najvernite slugi na komunizmot!!??Da ni zborat za demokratija!!Abe ajde nemojte da bideme budali.Makedonija sega e drzava od 15 vek, so zastanato feudalno ureduvanje.vo sporedba so Evropa. Zal mi ,toa e vistinata za mojata drzava Makedonija..za 150 g.ke bide podobro...
Од: Реган до “Водолија“
Датум: 23.04.2010 12:17:36
Ако ја критикуваш власта ,да не се секираш, во Утрински сигурно ќе ти биде објавен коментарот!Ако има позитивно мислење не надевај се!
Од: blaze m.
Датум: 23.04.2010 13:27:14
Tokmu vashite pishuvanja vo utrinski se od ednite koi stvarat omraza vo Makedonija
Од: g
Датум: 23.04.2010 13:55:46
ocajni ste decki,vlast za vas=zavrsena rabota u naredni 100 god.a vie slobodno prodolzete da plukate,pcuete,klevetite...
Од: Karokan-gambit
Датум: 23.04.2010 15:30:48
До=Национал-патриот=
Потполно точно и јас сум против предавниците!
Затоа не барај ја мојата подршка и подалеку од мене??????????????????????????????
Што се чудиш национал-патриоте (апатриоте)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!