Број 3281  четврток, 13 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Матуранти

Site Meter
Забава

Награден квиз за фудбалот

Пејачот на „Санаториум“ ќе оди на финалето во Јужна Африка

Наум Котевски

„На здравје финале на светското првенство во Јужна Африка. Секоја чест, ќе видиш во живо што значи најголем спортски спектакл, доста е само зборување во празно“, си дозволивме вака малку послободно да му честитаме на нашиот вчерашен гостин во редакцијата на „Утрински весник“, Перо Стефановски, за пробивањето мразот на среќата и промоцијата во прв добитник на влезница за последниот меч на мундијалот во Јужна Африка (како дел од наградната игра што ја организираат трите весници што функционираат под капата на ВАЦ, „Утрински“, „Дневник“ и Вест“).

„Ви благодарам многу. Кога ми се јавивте, навистина ме шокиравте. Не очекував јас да бидам добитникот. Оттогаш возбудата постојано расте. На работа веќе сите знаат дека одам во Јужна Африка и сите ми честитаат. Пратив неколку пораки од неколку телефони. Но, искрено, добив на пораката што ја пратив од телефонот на сопругата, а таа, нормално, не знаеше за тоа. Затоа во шега ми вели, сега праќај и за мене, може и јас ќе ти се придружам“, откри среќниот директорот на секторот за процена на штети во „Еуролинк“ и асистент-професор на Американскиот колеџ во Скопје, кому на „втора“, откако ја консултиравме меморијата, му го поставивме и џокер-прашањето во нашава мала земја на сеопшти пријателски и роднински врски: „Од некаде си ни познат, ама сигурно не од „Еуролинк““.

„Можеби од концертите. Свирам гитара и вокал сум на ’Санаториум‘, за кратко ја реши нашата енигма Стефановски, потсетувајќи не' на времето кога го следевме на концертите, особено во Младинскиот културен центар.

Стефановски се присети на реакцијата на неговата ќеркичка Ана, кога дознала дека тато оди на СП. „Таа е голем љубител на спортот. И со мене често ја водам на спортски натпревари, особено кога игра Македонија. Среќна е што ќе одам во Јужна Африка, ама се гледа дека и таа сака да оди, па се вадам со тоа дека е уште малолетна сама да патува. Инаку, и таа праќаше пораки, ама доби само дрес од македонската фудбалска репрезентација“, вели вљубеникот во ловот на туни, кој има прошетано доста, но никогаш не бил во Јужна Африка. Оттаму, додава тој, можеби ќе се вратам со навивачкиот реквизит на Африканците „вувузела“, која дефинитивно ги пара ушите, па на концерт.


#
Статијата е прочитана 1502 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
Сигурен сум дека ќе влезам во финалето
Посексапилна од Меган Фокс
Ламбе пее „Носете ме времиња“
Ќе се „пегла“ и ќе ги обелува забите