Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Како се носеше буџетот во Кавадарци

Јасминка Ѓорѓиева-Тодорова, Служба за комуникација со јавноста

Кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, заради реално информирање ја дава следната информација во врска со поднесување на буџетот за 2008 година. Советот на Општина Кавадарци одржа седница на 31.3.2008 година на која заеднички договорен предмет на дневен ред помеѓу предлагачот - градоначалникот и претседателот на Советот беа одлуките за извршување на буџетот со намена за капитални инвестиции и буџетот на Општина Кавадарци за 2008 година. На седницата Советот одлучи спротивно од договореното прво да се донесе предлог-буџетот, а потоа сите други одлуки за извршување на буџетот. Поради неспроведување на договореното за одржување на расправата, градоначалникот како законски овластен предлагач го повлече буџетот и сите точки од дневниот ред поради несигурност дали ќе се донесат одлуките за извршување на буџетот.

На повторна координација со претседателот на Советот се договори да се вратат точките од усвоениот дневен ред од Советот, но буџетот да се усвои со заклучок по донесување на одлуките за извршување на буџетот. На расправата по предлог- буџетот, група советници на самата седница, без претходно информирање на предлагачот, предложи 54 амандмани на предлог-буџетот, што всушност значи паралелен буџет, во кој амандманите, ги намалуваат и ограничуваат законските права на плати, придонеси и надоместоци на градоначалникот и вработените во општинската администрација, а своите права на надоместоци, спротивно на законскиот лимит на надоместок, ги зголемуваат, потоа не предвидуваат средства за нови вработувања, кои се законска обврска со влезот во втора фаза од децентрализацијата; ги намалуваат и средствата што ќе се добијат од Владата кои беа реална основа за финансирање на објекти во основното и во средното образование, како спротивно на законот ја намалуваат и воопшто не ја предвидуваат позицијата за учество на локалната самоуправа во формирањето на центар за рамномерен регионален развој, што е законска обврска.

Горенаведената бројка на поднесени амандмани и нивната содржина фактички ��начи паралелно предлагање буџетот од страна на советниците, иако градоначалникот е единствен законски предлагач и извршител на буџетот. Не прифаќајќи ги предложените амандмани од советниците, градоначалникот го повлече предлог-буџетот на Општина Кавадарци за 2008 и одлуките за извршување на буџетот поради неможност да преземе одговорност како законски извршител на буџетот каков што предлагаат советниците.

Поради недонесување на буџетот предложен од градоначалникот до 31 март, градоначалникот го извести Министерството за локална самоуправа за исполнување на условот за распуштање на Советот, согласно со член 75 став 1 точка 4 од Законот за локална самоуправа.


Статијата е прочитана 194 пати.

Испрати коментар

Од: kavadarcanec
Датум: 07.04.2008 13:40:41
А бе градоначалниче, наместо дас е сокриеш некаде и да молчиш ти па и уште пишиш њубовни писма. Треба да се засрамиш што од најувабиот град направи вистински хаос. Раскопани улици, долгови од неколку милиони евра. Па сакаше да си го поплочиш и дворот на “Алфредо“ (твојот кафиЌ) додека си на власт да искористиш уште нешто. Е така не бива. Буџетот си го усвои советот и нема штоп ти сеа да кажуваш. Па нормално со амандмани ти ги исекоа твоите патувања и репрезентации за кои немаше осет како да ги трошиш народните пари. Буџетот е легитимно донесен немај мака
Од: Raso
Датум: 07.04.2008 08:05:56
Vidi meraklija gradonacalnik . Prvo saka da bide diktator sto ne mu e po merka da go smene i ako sovetot ne glasa on kako sto misle togas neka si odat sovetnicite. e pa gradonacalnice vreme e da si odete vije dobro bi bilo da se posvetite na vasata kafeterija Alfredo i onaka gi primata strankite tamu normalno da platat pijacka. e takov e gradonacalnikot Panco Minov

Најди! во Утрински
Писма
Демантот допрва ќе следува
Порака до соседите