Број 3146  петок, 27 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје
Деловен центар од 1 км ќе се гради зад „Рамстор“

Влезот во комплексот ќе биде од Старата железничка станица

Сања Наумовска


Огромен деловен комплекс, долг близу 1 километар, ќе никне на потегот зад Старата железничка станица. Во него се планирани комерцијални објекти и катни гаражи. За нивна изградба, неофицијално, е заинтересирана англиска корпорација, која се понудила да го направи и подземниот дел од Јужен булевар во строгиот центар на градот. Комплексот ќе биде поврзан со неколку сообраќајни и пешачки врски со Јужен булевар, кој ќе минува 6 метри под новиот објект.

И сообраќајницата и комплексот се предвидени со новиот Детален урбанистички план „Стара железничка станица“, кој деновиве е на разгледување пред јавноста. ДУП-от, кој го изработи „Тајфа план“, спаѓа во приоритетните планови и се очекува инвеститорот, веднаш по неговото донесување да започне со изградбата.

Во Министерството за транспорт потврдуваат дека планот е меѓу приоритетите на Владата, но велат дека го финансира Општина Центар. Од Општината, пак, одговараат дека не знаат кој ги дава парите за итната изработка на документот. Наводно, финансиер на приоритениот ДУП е инвеститорот, кому му се брза да почне да гради.

Странците што се заинтересирани за новиот комплекс, преку својот домашен претставник, фирмата „ГЕММА груп“, во февруари годинава имаат потпишано меморандум за соработка со Градот Скопје, по завршувањето на сообраќајницата таа да им припадне на градските власти. Од Градот Скопје тогаш информираа дека ГЕММА им понудила да го изгради подземниот дел од Јужен булевар, на потегот од раскрсницата со „Водњанска“ до подвозникот во Кисела Вода. За возврат, фирмата што ги гради хотелот и трговскиот центар и деловниот објект зад „Рамстор“, би требало да добие уште една градежна парцела на таа локација.

„Градот нема ништо против фирмата да го направи делот од Јужен булевар. Тоа им беше кажано и на претставниците на ГЕММА со кои потпишавме меморандум за соработка. Сепак, крајната реализација нема да зависи од Градот, со оглед на тоа дека се работи за државно земјиште“, информираа тогаш градските власти.

Од Министерството за транспорт, пак, тогаш одговориле дека за сите објекти што ги предвид��ва Деталниот урбанистички план ќе има организирано јавно наддавање. Деновиве Министерството информираше дека за посочената локација нема објавено тековна објава за јавно наддавање. Министерството за транспорт не доделува земја, туку неизградено државно земјиште отуѓува по пат на јавно наддавање.

Од „ГЕММА груп“ негираат дека имаат врска со изработката на Деталниот план и изградбата на комплексот. Според нив, тие се проектанти и изведувачи што ги ангажирале странските инвеститори само за објектите кои моментно и се градат на овој потег.

„Имаме договор за разработка на планска документација и изведба на објектите на хотелот, деловниот објект и трговскиот центар. Не сме информирани за новиот детален план, ниту, пак, што предвидува. Секако, какви објекти и да се планирани да се изградат, за тоа претходно Министерството ќе треба да организира лицитации“, вели Мето Стојчевски од ГЕММА. Тој го поздравува донесувањето на деталните планови со што, според него, полесно и побрзо ќе се донесат странски инвестиции.

Според новиот ДУП, влезот на новиот комплекс ќе биде Старата железничка станица, која инвеститорот има обврска целосно да ја обнови, според изгледот пред земјотресот. Комплексот ќе биде висок 16 метри и ќе има четири ката, односно приземје, два ката и потпокрив. Просториите наменети за комерцијални дејности ќе се изнајмуваат на странски брендови, а засега не се знае дали ќе има место и за домашни компании.

Објектот физички ќе се поврзе со новиот хотел, деловниот и со трговскиот центар кои моментно ги гради ГЕММА зад „Рамстор“, што значи дека посетителите на овие објекти нема да мора воопшто да излегуваат на отворено за да дојдат во новиот комплекс.

„Деталниот план предвидува повеќе маркички со комерцијална намена и две катни гаражи, кои веројатно ќе бидат поврзани во единствен комплекс. Под нив се наоѓа вкопаната делница од Јужен булевар која ќе се врзе со три ротонди со постојната сообраќајна мрежа. Планот се' уште е на јавна расправа, по што Градот Скопје и Министерството за транспорт ќе го дадат своето мислење, односно согласност. Откако ќе се усогласи со забелешките, ќе се најде на усвојување пред Советот на Општина Центар“, вели Лидија Андреевска од изработувачот, „Тајфа план“.

На двата краја на комплексот е планирана изградба на две катни гаражи кои ќе имаат капацитет за вкупно 1.400 возила. Катна гаража, според ДУП-от, има и на местото на привремените објекти, каде што сега е сместен маркетот на „Тинекс“. Таа гаража ќе биде висока 10 метри и делумно ќе биде вкопана во земја. Со трите гаражи ќе се обезбедат близу 3.000 паркинг-места, што според стандардите е задолжително за комплекс од оваа големина. Веднаш до третата катна гаража, на локацијата на Цветниот пазар, фирмата „Камфуд“ ќе го гради новиот затворен пазар со маркет и деловни простории.

Заради изведбата на целиот комплекс, покрај подземната улица, инвеститорот ќе изгради и три ротонди со кои постојната сообраќајна мрежа ќе се поврзе со новата сообраќајница и со објектот. Според сообраќајниот проект што го изработи „Зебра проект“, две помали кружни текови ќе се градат на местото на надвозникот што ќе се урива. Со едната ќе се врзат улиците „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ и „Кочо Рацин“, а со другата „Железничка“ и „Бихаќска“. На другата страна на комплексот ќе се гради голема ротонда која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците „Јасмин“ и „Железничка“ со „Свети Климент Охридски“, „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“.

Подземната улица ќе биде широка 31,5 метри, од кои по две ленти од по 3,75 метри во двата правци, две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата, како и средиштен коридор во кој ќе се смести трамвајска пруга. Булеварот ќе биде транзитна брза сообраќајница за минување низ центарот, но ќе има сервисни излези што ќе го врзуваат со подземните гаражи, заради застанување во комплексот. На ниво на постојната сообраќајна мрежа, новиот објект ќе се поврзе со околните еднонасочни улици со неколку сервисни конекции. Планирано е улицата меѓу Музејот на Скопје и „Рамстор“ да се затвори за сообраќај во два правци и да се користи само како врска во правец на задниот паркинг на трговскиот центар.

„Постојната, но и планираната сообраќајна мрежа целосно ќе ги задоволат потребите и напливот на возила во комплекс од вакви размери. Особено, сообраќајот ќе се релаксира со изградбата на трите ротонди, на кои веројатно нема да има потреба од семафори. Улиците и понатаму ќе си останат еднонасочни, но ��е има доволен број конекции за минување во сите правци“, нагласуваат сообраќајните инженери од „Зебра проект“.


#
Статијата е прочитана 2485 пати.

Испрати коментар

Од: Doktorot od Detroit
Датум: 27.11.2009 06:44:53
Dali e ova uste edn "gardski zid" sto kego ugusi Skopje? Dali ovoj deloven centar nema da go sopre cirkulrianjeto na vozduh i "promaja" od Vodno kon centarot na gradot? Lugje, potpolno ste zabegani i zamajani po pari i brza dobivka sto ja prodadovte svojata idnina! Ne sum ubeden vo pozitivnosta na ovoj proekt, kako sto ne bev nitu vo "Ramstor". Vo sekoj slucaj "urbanata mafija" stanuva "koza nostra" i gi zema koncite na gradot vo svoi race! So drugi zborovi, ako se molci-togas na zdravje!
Од: Millky Way
Датум: 27.11.2009 09:00:51
I koga se razbudil Grujo, poten ziva voda, Ciganceto Tineks trca da go zabrise so peskirceto, a Kamcev i Mijalkov gledaat i se smejat!!!I so da komentiram poveke...kakvi Anglicani be luge, VMRO-vcinjava si pravat stancinja....uste li im veruvate.....
Од: petre
Датум: 27.11.2009 09:22:09
uste edna od nizata gluposti, ovojpat mozebi ne po vina na nasite, no sepak treba da mu ukazat na stranskiot investitor KOLKU trgovski centri ima vo Skopje, baska kolku ima vo izgradba.. Po se izgleda ke ne pravat Republika Skopje, cela Makedonija vo Skopje..
Од: Komso od Centar
Датум: 27.11.2009 09:26:37
Dobro be doktrore, pa nisto da ne se gradi. Da zasadime drva. Pa sto mu fali na Ramstor. Toj prostor e na 5min odenje od plostadot a e vistinsko ruglo, naseleno so klosari i amali. Jas sum da se gradi i toa sto poveke i vo sirina i visina.
Од: antula
Датум: 27.11.2009 09:41:56
Eden kup katni garazi se izgradija a jas ne gledam niedna.Znae li nekoj od vas kade ima katna garaza ??????????????????????? Ziva prevara, sto ne izgradat nekoja fabrika pa da se otvorat rabotni mesta,so sto ke kupuva ovoj narod vo tie trgovski centri ili se nameneti samo za tie sto imaat pari.
Од: mkd
Датум: 27.11.2009 09:57:38
Vakov plan e odrzliv samo ako postoi poznat investitor. Bez administrativni kocenja ova moze da bide realnost i trebaat vakvi komleksi bidejki kako i da e Skopje ke bide glaven grad na Clenka na EU, a investitorite sami ke dojdat no podobro e da gi precekame kako treba a ne togas doprva da se gradi.Vremeto e pari
Од: mene
Датум: 27.11.2009 11:04:58
Ako gi znaete rodninsko-svatovskite vrski na lugeto od Gemma, ke vi stane jasno za kakvi "Englezi" stanuva zbor. Edni takvi slicni englezi finansiraat i vo objektot sto e vo "izgradba" pozdi Ramstor, ama nesto gi nema vo poslednive 4-5 meseca. Ah sto propadna tenderot za dupli avtobusi.....
Од: grujo
Датум: 27.11.2009 14:27:36
Ма каква ГЕММА? , ма какви АГЛИЧАНИ?, ма какви БАКРАЧИ? . Уште една УЈДУРМА , на Браќата , Орце и Компанија . Го уништија делот околу РАМСТОР . Тие Македонски АНГЛИЧАНИ се прашувате ли зашто Запреа со градбата на Хотелот РАДИСОН? и Комплексот?. Ти се грабаат додека се на Власт да ги ЗЕМАТ СИТЕ АТРАКТИВНИ ЛОКАЦИИ , а после Ќе видиме ??, еден ден ќе ги Продаваат Локациите за ГОЛЕМИ ПАРИ , а кои сега ги Купуваат Џабе. Каде е АНТИ КОРУПЦИСКА? , Дали имаат намера да се Разбудат од Зимскиот- ОПС-грешка !! ГОДИШНИОТ СОН !!!. Ова е криминал што го нема ниту во КОЛУМБИЈА! . Луѓе НЕ ПОКРАДОЈА со Измислени АНГЛИЧАНИ , кои и не знаат каде се н��оѓа Македонија . Незнам Каде ќе ни биде Крајот ! , а и каде ќе им Оди ДУШАТА на овие АРАМИИ???. Срамота! ...Срамота! .....Срамота!......Срамота!.......Срамота!.........
Од: MB
Датум: 27.11.2009 14:48:15
Tipicno makedonski: ke pravime trgovski centri za da vo niv prodavame stranski proizvodi. Pa na kogo mu sluzat tie trgovski centri? Sekako deka strancite se zainteresirani. Da ne se prodavaat nasi proizvodi tamu? Sto se prodava vo Ramstor, ste poglednale li?

Најди! во Утрински
Скопје
Делегација oд збратимениот град Дижон во Скопје