Недостигаат налепници со знакот „Забрането пушење“, а пепелници има на секоја маса
Бојан Шашевски
Во изминатиот викенд македонските пушачи последен пат имаа можност да запалат цигара на терасите од своите омилени места за кафе. Според Законот за забрана од пушење, веќе заврши предвидениот период - од 1 март до 31 октомври, кога во летните бавчи на угостителските објекти, односно рестораните, кафулињата, кафе-баровите, отворените дискотеки и плажите, траеше дозволата за слободно пушење.
По несогласувањата на кафеанџиите и протестот на Сојузот на угостителите, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ Владата го измени Законот за заштита од пушење, па даде седуммесечен период и бело знаме за пушење под отворено небо. По тој чекор, граѓаните веднаш ги окупираа локалите. Сега, откако помина тој летен период, Пазарната инспекција е повторно на потег.
Поточно, согласно со Законот за заштита од пушење, веќе од вчера е забрането да се пуши на отворените делови од угостителските локали.
По тој повод, екипата на „Утрински Весник“ реши да прошета низ скопските улици „Македонија“ и „Ленинова“ и да поразговара со сопствениците на локалите, вработените и посетителите на популарните кафе-барови. Попладневното ноемвриско сонце им дозволи ��а гостите да седнат на терасата од омиленото кафуле, да се напијат пијалак, да помуабетат со пријателите, а притоа да запалат и по некоја цигара.
Првиот впечаток беше недостигот од налепници со знакот „Забрането пушење“, додека, пак, пепелниците беа добредојдени на секоја од надворешните маси.
„Самите граѓани автоматски ќе почнат да го применуваат Законот во моментот кога ќе им застуди. Зимата ќе ги избрка муштериите од локалите, а не Пазарната инспекција. Иако веќе 5 години сум непушач, убеден сум дека Законот е бесмислен. Гледате наоколу дека никој не го сфаќа ова сериозно“, рече Мартин Георгиевски, посетител на кафулето „Ла кафе“.
„Денеска, како што може да забележите, се пуши во надворешниот дел на локалов. Ќе си работиме во полно темпо и натаму“, рече еден од вработените од „Ил кафе ди Рома“. Сопствениците што ги затековме во своите кафе-барови, не сакаа да коментираат околу забраната за пушење и новиот рок до 31 октомври.
Интересно беше што многу од вработените воопшто не се запознати со Законот, па некои од нив дури и ни се заблагодарија што сме ги потсетиле дека треба да стават налепници во надворешниот дел од кафулињата. „Сега ќе му се јавам на газдата и ќе го известам. Тој требаше да ни каже за ова“, рекоа вработените од „Хо-Хо“.
Слично е и по кафулињата во Дебар Маало. Пред „Илинден“, гостилницата кај ОУ „Коле Неделковски“, стоеше полициска „марица“, па љубопитно влеговме на терасата на локалот за да ги прашаме присутните полицајци. Двете униформирани лица, со пепелник пред себе, кои седеа и јадеа на една од масите, не сакаа да дадат изјава околу цигарите, а вработените се зачудија кога споменавме Закон за заштита од пушење.
Вчера побаравме објаснување од Пазарната инспекција дали се започнати контроли, со цел да се провери дали се почитува забраната за пушење и на летните бавчи, од каде што добивме скуден одговор дека директорката е на службен пат, а раководителите на секторите се на терен. Попрецизни информации се најавуваат за денес. (Б.Ш.)
Сингапур, кој има најстроги казни за пушење, дозволува пушење во ресторани на отворено. Два века сме зад нив во се останато, но во ова ги надминавме. Поголеми ’католици од папата’ станавме но среќен сум што после решавањето на сите битни проблеми, се справивме и со пушењето.
Од: Kirce
Датум: 02.11.2010 12:56:59
Pusenjeto e odlika na nevospitani i prosti luge. Zadovolstvoto e sosema malo, a zavisnosta od nikotinot ja poremetuva psihickata sostojba na pusacot i toj nemoze da gi razbere (ne saka) Razornite efekti na tutunot vrz rabotata na srceto i plukata. Od rak na pluka vo Mk smrtnosta e bliska do 100%. Od infarkt se operira, no zivotot posle toa e pokratot. Za belja so pusac ne se izlegucva na kraj, a psihijatrite ne gi reckaat. Ajde samo pusete se ...
Од: Иван
Датум: 02.11.2010 13:28:51
Каде се инспекторите да видат. На ангро се пуши и со крајна дрскост дека “ништо не ми можат“. Нека дојдат во општина Карпош, во кафаната Јана (наспроти Центарот за странски јазици) па нека видат. А дали ќе реагираат инспектоприте за кои Владата тврди дека се ревносни, тоа самите знаат а и граѓаните ќе видат.
Од: kiro USA
Датум: 02.11.2010 14:06:36
Eve pak pocnuvaat inteligentnite , kulturni so maniri nepusaci so nivnite komentari. Razmislete kade ve vodat denes pusenjeto utre sto ke bide??
Од: Mitre
Датум: 02.11.2010 14:35:08
Do Ozi
Vo Singapur ne se pusi nikade kade se sluzi hrana bez razlika dali toa e zatvoren ili otvoren prostor. Vo sekoj zatvoren prostor,shopping centri, javni mesta, pokrieni parkinzi itn pusenjeto e zabraneto i kaznata za prv pat e 1000SGD ( 550Evra) a za vtor pat e duplo plus korektivna rabota.I zatoa Singapur e uspesen vo se zatoa sto postojat ZAKONI koi se pocituvaat a vo MK e nevideno bezzakonie
Pozz od Singapur
Од: gragjanin
Датум: 02.11.2010 14:37:30
a, shto vi prechi vam ako nekoj pushi nadvor? Stanavte pogolem Papa od papata! Ili kolku da popolnite stranica. Namesto da istrazhuvate i analizirate shetate po ulici! Ako ulicata ne e sloboden prostor, shto e?
Од: citatel
Датум: 02.11.2010 14:58:44
sto na otvotreno, na koncertot na Zeljko Samardic vo sportska sala boris trajkovski vo celiot hol koj e povrzan so salata masovno se pusese pusea i policajci i obezbeduvanje
Од: Alek
Датум: 02.11.2010 15:34:25
Единствена работа која ми се допаѓа од новокомпонираните „преродбенички“ закони е Законот за заштита од пушење во затворени простории. Пушењето е грда и простачка навика, дури мислам дека најголем дел од пушачите се сурови кон својата околина и крајно дрски глумејќи обесправени. Освен во наведените места каде масовно се пуши без санкции, кажете ми кој смее да појде и преземе мерки против прекршителите од онаа страна на Вардар?
Од: mene u germanija
Датум: 02.11.2010 15:52:52
Pozdrav do ozi,informacijata e tocna,i ne samo toa,postojano se dvizam na relacija hamburg heidelberg bazel kako i uste mnogu drugi evropski gradovi.Cest gostin na restorani i pabovi.Vo nitu eden grad,lokal i drzava ne e zabraneto pushenjeto na otvoren prostor.Se dodeka postoi drzava kojasto ne moze da se otkine od slatkiot tutunski danok i go proglasi nikotinot kako droga Br.1 (posle alkoholot) e direkten udar vrz privatnite covekovi prava.Sopstvenicite sami treba da odlucat dali vo nivniot lokal se pushi ili ne.Za nekoi toa ke bide i dobro-Nepushacki zabavi i slicno.Izlezete od Osmanska Imperija...
Од: Веиз
Датум: 02.11.2010 17:16:52
Закон си е закон навистина треба да се почитува донесен од институција во државата,но нее само тоа забрана навистина забрана а има луѓе кои се зависни од никотин и нарочито пиење на кафе со употреба на никотин а и таквите лица ќе избегнуваат влегување во локали каде се намалува приходот на локалот а и помала давачка спрема буџетот!
Од: filip
Датум: 02.11.2010 21:52:17
Jas sum bivš pušac i možebi nekoi ke go svatat moeto mislenje pogrešno, no smetam deka zakonot e ispraven i vodi kon masovno namaluvanje i otkažuvanje vo krajna linija od ovaa loša navika. Nikoj ne može da me ubedi mene deka nemože da se ostavat cigarite. Jas vekje godina i pol ne pušam, a retko koj što go znam pušeše kolku mene (4-5 kutii dnevno) znaci ne ja vadev cigarata od usta duri i dodeka jadev imase zapaleno cigara pokraj činijata. Iskreno sega posle 1,5 godini nepušenje se osekjam super i mi smetaat cigarite koga ke se jajdam vo zapušena prostorija i se prašuvam so meseci zošto voopšto sum pušel vo životot. Se što vi treba e vistinska volja da gi ostavite cigarite, na site iskreno vi posakuvam uspeh vo obidite (jas 3 pati se otkazuvav neuspesno) od 30 god kolku sto imam 15 godini pušev od koi 13 nad 3 kutii dnevno. inace do kafandziite: I ponatamu idam u kafici i kafani i jadam i pijam isto kako i porano i ponatamu pijam 7-10 kafinja dnevno taka da ne se sekirajte nema kade da
Од: nekoj
Датум: 02.11.2010 22:19:26
kolku se glupavi i tie sto go komentirat a i tie sto go stavile sakonot za zabraneto pusehje na otvoreno ili letna bavca,tarasa i.t.n.
Од: jas
Датум: 03.11.2010 01:26:28
sopstvenik sum na lokal restoran ,neka dadat standardi za ventilacija da se postavat soodvetni sistemi i ne bi bilo nikakov problem a vaka ugostitelstvoto poleka propaga a jas licno sum nepusac , od 8 lica personal sega se samo 4 sto ne mozam i ovoj pritisok da go izdrzam zakon za zastita od pusenje samo so minimalna cena od 4 evra pa koj e hrabar neka si pravi zadovolstvo
Од: pedagog
Датум: 03.11.2010 01:41:17
Navistina SRAMNO!Najprvin Zakonot voopsto ne go pocituvaat vrabotenite vo Javnite Institucii,pusat vo kancelarii,niz salteri,katastrofa,kade e Inspekcijata,povtorno spie,neli.......???
Од: kk
Датум: 03.11.2010 07:36:16
За сите кои кажаа дека пушењето е навика на прости луѓе-Знаете ли кои се попрости луѓе од нив? Оние кои си го пикаат носот во туѓи работи и лажно морализираат иако тоа е не е нивна работа, а ниту пак им смета (пушењето на отворен простор). Преиспитајте се малку себе си и не не труете со глупави коментари и душебрижништво за нешто што вам не ве допира. Чисто се сомневам дека воопшто излегувате по кафулиња, кога имате време од дома на тастатура да коментирате за се и сешто, па и за работи за кои и не знаете
Од: karager
Датум: 03.11.2010 07:49:29
koj go znae brojot na inspekciite da mi go dade...dojdete i videte vo strumicko sho se pravi...vnatre vo lokalite e prava pusalna a ne da bideme zastiteni nie nepusacite,a najgrozna slika e koga ke gi vidis pijani i se ligavaat so cigarite vo usta a gazdite oko ne im trepnuva....