Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Воајери на туѓиот срам

Билјана Јовановска

Граѓаните во Македонија навикнаа да добиваат дневна доза од најразлични партиски препукувања, често и неосновани обвинувања, етикетирања што вријат од навреди...

Практично, не се остава простор ниту една афера, па колку и да тежи, да се истера до крај. Во медиумите да добие заслужен простор. За судски завршници и да не говориме. Се нижат со филмска брзина и никој не успева да им го фати крајот. Зашто, веќе стасала нова, поатрактивна...

По правило, јавноста секогаш останува покуса за вистински одговори од прозваната страна.

За што и да станува збор, особено кога се отвораат афери што и' се припишуваат на владејачката гарнитура, партиските штабови од нафталин вадат бегли, неубедливи одговори и го возвраќаат ударот. И се така во круг.

Ако немаат што да си кажат, тогаш своите политички опоненти ги прозиваат дека, наводно, самите не работеле транспарентно, им прилепуваат финансиски скандали, им забележуваат дека немаат ни политичка програмата, а постојано критикуваат. Демек, да покријат уши и да не зборуваат.

Власта тука има важна улога, бидејќи се грижи постојано да не' држи на штрек. Секојдневно го дефокусира нашето внимание од вистинските егзистенцијални проблеми со кој постојано се соочуваме.

Да подзаборавиме дека без трага исчезнуваат енормни износи државни пари, дека никнуваат грди и скапи споменици, а ние, дома, не можеме да врземе крај со крај. И така, и не сакајќи, сите стануваме нивни заложници, неми воајери на туѓиот срам.


#
Статијата е прочитана 2474 пати.

Испрати коментар

Од: Pavel
Датум: 06.11.2010 16:41:10
Mislam deka ne se pisuva voajeri, tuku voaleri!
Од: Професорка
Датум: 06.11.2010 20:02:00
Волкав број на афери и тоа масни, не може никој да абсорбира на дневна основа. Колку за тоа дека сме неми сведоци на туѓиот срам, говори нешто и за самиот народ. Зошто на пример Скопјани, кои занемеа од изградбата на оние грдила од споменици не излегоа во огромен број, на пример 100.000 да не дозволат жив багер да помине? Неми и анемични.
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 07.11.2010 01:37:43
So Afera do Afera ne se gradi Drzava!Vo makedonija izgleda,ima aferi kako Pecurki posle Dozd,i taka vo Makedonija sekoj den vrne Dozd.Sto stana so trite ,,Samo" Trite, aferi na ;Negovoto Visoko Preosvestenstvo Arhiepiskopot Izgrev?
Од: До Павел
Датум: 07.11.2010 08:53:50
Погрешно мислиш!
Од: Go sakam Skopje
Датум: 07.11.2010 17:33:04
Prifesorke,vistinski "stari skopjani" ima sosema malku, ako se zeme vo predvid deka pred zemjotresot Skopje imase nesto pomalku od 120 000 ziteli. Zemljotrzsot go sotra Skopje i skopjanite; onie sto ostanaa, se najdoa nekade po periferijata , izgubeni vo svojata maka i bolka. Nadojdoa lugje od provincijata, onie od Sandzak (da se pincat deka se pogolemi Makedonci od nas), od Kosovo i posiroko, za da go "gradat" ( ili grabat ) Skopjre i zaboravija da se vratat od kade dosle. i tie sega ni objasnuvaat deka go sakaat gradot deka se skopjani i kako "skopjani", navogjaat deka ovoa Skopje e duri sega ubav grad.Tie go krojat planot na gradot, tie pecelat na nego i tie uspeaa da go dotepaat, onoa sto ne go stori nitio zemjotresot . Mu ja zedoa ubavinata,zaedno so dusata i dusata na skopjanite.Profesorke, nema od kade da se soberat 100 000 skopjani, a koj gi "slivi "i onie sto se ostanati na periferijata koga " poskopjani" se onie od Stip, Kavadarci..Skopska Crna Gora i otade Grupcin...

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Скок во место
Која е избраничката на Златко Калеников?
Бразил во срцето, Македонија тука и сега
Полека се затвораат вратите за виното
Злоупотребите на македонскиот јазик!
Петте лава на Метро Голдвин Маер
Потпиша договор за шест милиони фунти
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Атак на сите сетила!
Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Бев во право!
Киргистанка на мисија во Македонија
Стравот на Меркел од Европа
Вокменот замина во техноисторијата
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Внимавајте што сонувате, може да снимаат






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia