Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Лого

Петте лава на Метро Голдвин Маер

Лавот Лео претставува официјална маскота на МГМ (студиото „Метро Голдвин Маер), а со текот на времето се создадени пет различни верзии. Логото го дизајнираше Хауард Диец

Лавот што рика е еден од најпрепознатливите симболи на филмската индустрија. Не' дочекува и не' поздравува уште од далечната 1924 година, а по се' изгледа ќе продолжи и по нас, иако филмското студио МГМ прогласи формален банкрот. Финансиските егзибиции продолжуваат, но лавот останува!

Лавот Лео претставува официјална маскота на МГМ (студиото „Метро Голдвин Маер), а со текот на времето се создадени пет различни верзии. Логото го има дизајнирано Хауард Диец, кому како инспирација му послужило името „лавови“, како што се нарекувала атлетската екипа на универзитетот „Колумбија“, каде што и самиот членувал, но и нивната песна „Роар, лајон, роар“.

Оние малку постарите најчесто ќе го препознаат Танер, четвртиот лав во низата на МГМ, кој е користен во сите техниколор-филмови и во цртаните филмови на ова студио (се сеќавате на Том и Џери?). Танер на малите и големите екрани мина 22 години.

Но првата, било кога одработена улога му припаднала на лавот Слатс, кој за новосоздаденото студио „работел“ четири години, од 1924 до 1928 година. Премиерно урлал во филмот „Тој што доби шлаканица“ и речиси и самиот заслужишлаканица, зашто наместо да ’ржи или барем да рика, само збунето гледал околу себе. Умрел во 1936 година, а неговата кожа се' уште може да се види во музејот Мекферсон во Канзас.

Мошне сличен на Слатс бил и Џеки, вториот див вработен на студиото. На работа дошол подготвен и на гледачите им го подарил првото вистинско рикање и тоа во ерата на немиот филм кога звукот се слушал преку грамофон. Во пензија отишол без полн работен стаж, глумејќи по филмовите до 1956 година.

Како што минуваат годините, МГМ почнува да експериментира со двобојните филмови, па во приказната влегуваат два нови „крала“. Ретко може да се сретнат на списокот на вработените зашто никогаш не станале официјални најавувачи. Тели, првиот од двајцата, рикал по сите филмови во боја што настанале до 1932 година. Кофи, наследникот на Тели, користен е од 1932 до 1934 година.

Во 1934 година Мел Кунц дресира нова ѕвезда, а на сцената стапува Танер. Послушен и вреден ги најавувал техниколор-филмовите и цртаните филмови во три бои. Првиот 3-Д филм во боја „Тродимензионално убиство“ од 1941 година, на насловната, сепак, го има Џеки, кој го уфрлиле „преку врска“ од сентиментални причини.

Ниту лавовите не се поштедени од модните трендови, па во 1956 година студиото се фрла во потрага по лав со поголема грива. Гордиот сопственик се викал Џорџ, кој сега морал да одработува и различни верзии на најавите. Се внимавало на секој детаљ, се менувале позадини, а Џорџ не ретко работел во пар со Танер.

Петиот лав, Лео, остварил најплодна кариера и не' дочекува од 1957 година, па до денес. Иако е сопственик на најскромната грива, Лео е опсипан со љубов и внимание наместо со високи столчиња и бичеви, со кои ги нервирале неговите претходници. Неговиот тренер, Ралф Хелфер бил поборник на хуманиот однос кон животните.

Годините минуваат, графиките и позадините се менуваат, но Лео останува незаменлив дел од филмскиот фолклор и симбол на новата генерација. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Скок во место
Која е избраничката на Златко Калеников?
Бразил во срцето, Македонија тука и сега
Полека се затвораат вратите за виното
Злоупотребите на македонскиот јазик!
Потпиша договор за шест милиони фунти
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Воајери на туѓиот срам
Атак на сите сетила!
Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Бев во право!
Киргистанка на мисија во Македонија
Стравот на Меркел од Европа
Вокменот замина во техноисторијата
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Внимавајте што сонувате, може да снимаат






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax