Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Јилдиз Сатарова

Киргистанка на мисија во Македонија

Јилдиз Сатарова (25) ја одбра нашата земја за волонтирање преку студентската организација AIESEC

Горан Адамовски

Преку 4.300 километри во еден правец, десетина граници, друг континент, сосема поинаква култура и поглед на светот - не и' беа пречка на 25-годишната Јилдиз Сатарова да го смени местото на живеење од својот Киргистан, со Скопје во Македонија. Навистина не за постојано иако Јилдиз е воодушевена од македонската непосредност и оптимизам со кој тука се гледа на работите. Ако ја прашате што не и' се допаѓа тука - размислува неколку минути, бидејќи, како што тврди, не и' текнува ништо напамет.

Јилдиз е амбициозна и паметна млада девојка, која покрај својот мајчин јазик, одлично ги зборува англискиот, рускиот, турскиот, казахстанскиот и узбекистанскиот, а целосно разбира, но послабо зборува шпански и француски јазик. Патот од Азија во Македонија ја однел по нејзина волја, а не по казна.

„Сакав да запознавам нови луѓе, нови култури, поинаков менталитет. Македонија беше токму земјата што ме интересираше, а и боите на знамето, односно црвено-жолтото знаме на Македонија наликува на киргистанското“, ја задоволува Јилдиз нашата љубопитност како нашата земја влезе во нејзината агенда.

Е сега, време е да добиете комплетна претстава. Јилдиз во главниот град на петмилионскиот Киргистан, Бишкек завршила факултет за политички науки. Потоа, работела како советник во една приватна фирма, а кус период и во амбасадата на САД во Бишкек. Уште како студентка станала активна во најголемата светска студентска организација AIESEC.

„Преку нив се пријавив за волонтерска работа во Македонија и победив на натпреварот, во кој учествуваа седуммина, кои беа заинтересирани да дојдат тука“, објаснува Сатарова. Како што вели, за Македонија ги знаела само фактографските работи, а нејзиниот татко ја предупредил за военото минато на земјава и на регионот. Но, тоа не ја поколебало.

Тука е од минатиот август како координатор на проект за интеркултурна толеранција и заштита на природата, кој се одвива во Скопје, Охрид и во Прилеп.

„Тоа ми беше првиот шок. Кога дојдов тука, сакав веднаш да започнам со работа, а сите ми викаа ‘полека, не брзај, уживај, има време за работа‘. Тука работите се движат малку побавно отколку во мојата земја“, се смее Јилдиз.

Најмногу и' се допаѓаат контрастите во културата. „Има мирис и на ориентот и на Централна Европа. Токму Балкан“, вели таа.

Нејзините обврски секој ден траат до 17 часот. Потоа го запознава Скопје и воопшто животот во Македонија. Од Охрид, Маврово и од Битола секогаш се враќа со задоволство. Во Скопје најмногу оди на кино и во театар, а обожава и да пешачи. Се фали дека без проблем може да оди и во Радишани и во Автокоманда и речиси низ цел град.

„Кога се возиш со автобус, најдобро го запознаваш градот“, тврди Киргистанката, која возењето со старите градски автобуси го смета за една од атракциите на Скопје.

Иако еманципирана и либерална, Јилдиз вели дека една од првите работи што ги забележала кај младите луѓе во земјава е недостигот од кавалерство.

„Во мојата земја момчињата им ги носат чантите и палтата на девојките, секогаш ја плаќаат сметката, што не е случај тука. Но, веројатно, тука имаат влијание европските правила“, констатира самата.

Што се однесува до животот на младите, вели дека нема некоја разлика. И таму и тука забавите се во кафулињата и во дискотеките. Се пие вотка, пиво и вино. Забележува дека кај нас се излегува речиси секој ден, додека во Киргистан тоа не е чест случај. Веројатно, бидејќи најголемиот дел од младите во нејзината земја работат и немаат премногу слободно време. Вели дека цените горе-долу се слични.

Уште една од разликите што ги забележува меѓу македонската и киргистанската култура е преголемата поврзаност на децата со родителите, односно разгалувањето, што е типична македонска приказна.

„Родителите премногу ги разгалуваат своите деца. Им купуваат станови, автомобили, а кај нас не е така. Родителите внимаваат на своите деца, но штом тие ќе станат полнолетни, започнуваат да работат и да се грижат за себе. Кога родителите ќе остарат, децата се грижат за нив“, тврди Киргистанката.

Живее во Радишани, кај мешана македонско-киргистанска брачна двојка. Низ смеа вели дека имала среќа да ја запознае единствената Киргистанка во земјава. Киргистан нема своја амбасада во Скопје, но има конзул. Своите родители и помалиот брат не ги видела од минатата година, но „Фејсбукот“ и „Скајпот“ се приборот за комуникација.

Македонската кујна ја обожава. Омилени и' се топено сирење, шопска салата и ајвар. Учи да готви и започнала со „тавче-гравче“...

Кажавме дека зборува сосема добро македонски?

„Брзо учам, а олеснителна околност ми беше што зборувам руски“, го привршуваме разговорот. Јилдиз се надева дека ќе добие дозвола за престој за уште една година. Потоа планира некаде низ Европа да запише магистерски студии. Но, дотогаш има доволно време да ги „апсолвира“ далечината и блискоста меѓу македонската и киргистанската култура.


#
Статијата е прочитана 1580 пати.

Испрати коментар

Од: akinski
Датум: 06.11.2010 22:46:18
Bravo Miss Yildis. Sekoe slavejce se uci da leta od svojata (izbrana) granka, ti si ja isbrala mojata najmila Makedonija. Ke pomines i bogati i "siromasni" zemji so razlicni kulturni bogatstva i tradicii. Bidi kade dusa ke ti posaka i ako zamines od Makedonija pak da navratis.
Од: Dragan
Датум: 07.11.2010 03:17:55
Milo mi e shto licno zapoznav licnost kakva shto e Jyldyz . :))
Од: Blerta
Датум: 07.11.2010 21:24:20
navistina prekrasna mlada dama...milo mi e sto ja imav cesta da ja zapoznaam:)

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Скок во место
Која е избраничката на Златко Калеников?
Бразил во срцето, Македонија тука и сега
Полека се затвораат вратите за виното
Злоупотребите на македонскиот јазик!
Петте лава на Метро Голдвин Маер
Потпиша договор за шест милиони фунти
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Воајери на туѓиот срам
Атак на сите сетила!
Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Бев во право!
Стравот на Меркел од Европа
Вокменот замина во техноисторијата
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Внимавајте што сонувате, може да снимаат






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia