Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Фудбал

Бразил во срцето, Македонија тука и сега

Во овие десетина години, Брага и Вандаир имаат сменето неколку македонски фудбалски клубови, имаат играно низ Европа (Вандаир во Германија и Португалија, Брага во Грција), но Македонија е нивната европска база, или втора татковина

Јасминка Павловска

Агвиналдо ди Хесус Брага и Вандаир Оливеира дос Сантос воопшто не се ликови од латиноамериканските серии, кои ја „преживеале“ актуелната опседнатост на Македонците со турските ТВ- серии. Брага и Вандаир се нашите вистински македонски Бразилци, или ако ви звучи подобро бразилски Македонци. За тоа имаат и „тапија“ во вид на македонско државјанство - заслуга за нивниот придонес за македонскиот фудбал - клупски и репрезентативен. Тие двајцата речиси една деценија (Брага- точно 10 години, Вандаир - 8 г.) ја создаваат својата егзотична бразилско - македонска биографија. Моментално Брага е дел од тимот на ФК „Вардар“, а Вандаир на ФК „Работнички“, а нивната македонска приказна започнува во земјата на кафето- Минас, Бразил, од каде што потекнуваат и двајцата.

- Да останевме во Бразил, веројатно никогаш немаше да се сретнеме, иако живееме во иста држава во Бразил, во Минас- заклучуваат Брага и Вандаир. Моед и Жунко, нашите родни места се близу до главниот град на Минас, Бело Хоризонте, но сепак оддалечени еден од друг. И ете, фудбалската среќа и двајцата не' донесе во Македонија, за тука да станеме пријатели - раскажуваат македонските Бразилци.

Сепак, Брага ( кој дома во Бразил го нарекуваат само Менго), е првиот Бразилец - фудбалер што ја „освојува“ Македонија.

„Доаѓањето во Македонија пред 10 години ми звучеше како авантура“, раскажува Брага. Мојот чичко и тогашен менаџер Бехчи Моура ми го најде ангажманот во „Вардар“ и ме упати дека одам во земја од поранешна Југославија каде што се зборува јазик сличен на српско-хрватскиот. Тогаш не знаев ни тој јазик како звучи, а уште помалку дека е различен од македонскиот. Доаѓав во сосема непознато и мислев дека тоа да ми биде само прв чекор за фудбалска кариера во Европа - започнува приказната на Брага.

Две години подоцна својата македонска авантура ја започнува и Вандаир. Слично како и Брага и него го „регрутира“ за Македонија, истиот менаџер. Тој за Македонија имал сознание само од Библијата, а подоцна на карта ја пронашол “ во правецот на штиклата од чизмата на Италија“.

„По една повреда во Бразил, за клубот каде што играв, размислував да ја напуштам фудбалската кариера“, вели Вандаир. Имав намера да се посветам на семејната фарма кога дојде понудата да играм во Македонија, за „Цементарница“. Сепак, кога тргнав имав повратен авионски билет за три месеци. Посакував да ми биде тоа отскочна штица за некој европски клуб, но секако и стравував како ќе се снајдам. Кога тргнував од Бело Хоризонте се' беше голема непознаница за мене, сосема нова цивилизација... Освен што добро бев прифатен во клубот, за да се адаптирам во Македонија, многу ми помогнаа и нашите, бразилски серии, кои беа хит кога дојдов пред осум години. Благодарение на титлот на сериите, научив да зборувам и да читам македонски. Кирилицата ја научив, споредувајќи ги со знаците во латинското писмо. Секако, за совладување на македонскиот јазик многу ми помогнаа и цимерите со кои живеев, иако првиот цимер ми беше Хрват“, тече приказната на Вандаир.

Искуствата со учењето на македонскиот јазик на Брага и Вандаир е исполнет со многу анегдоти. Брага признава дека тој го учел македонскиот, што се вели преку „говор на телото“, т.е. најмногу користејќи ��и рацете. Потоа прво ги „совладал“ охридскиот и гевгелискиот говор, од каде што му биле цимерите...

„Кога веќе поднаучив македонски луѓето повеќе почнаа да ме прифаќаат- признава Брага. Навистина јас не сум оптоварен со мојот изглед, но знам дека необично им изгледав на луѓето тука. Во тоа време немаше мно��у црномурни луѓе, странци во Скопје и знам дека им изгледав чудно. Да не бидам сфатен погрешно,не беше тоа реакција на расизам, туку едноставно се привикнувавме едни со други. Во секој случај брзо се спријателував, откако го поднаучив македонскиот јазик. Особено кога бев го хотелот „Пелагонија“. Таму дури научив и да гледам на кафе од некои девојки. Брзо си го препознавме сличниот темперамент со Македонците - признава Брага.

Иако доаѓаат од земјата на кафето, и Брага, и Вандаир, тука научиле многу кафе-марифети: од пиење турско кафе, многучасовно кафе- дружење во кафулиња, до гледање на кафе. Им било потребно и долго време да се привикнат на македонската храна, почнувајќи од лебот, па до навиката ручекот да почнува со супа, а салатата да биде сервирана во посебен сад. Совладувањето на модниот израз пак е посебна приказна.

- Јас многу го сакам и се чувствувам удобно во каубојскиот стил - вели Брага. Кога дојдов, мојот необичен изглед уште повеќе паѓаше во очи со каубојските чизми и шапки. Особено го нервирав еден колега од тимот, голман од Србија кога ќе облечев бели чорапи. Па кога дознав дека се нервира за тоа, јас намерно носев само бели чорапи“, низ смеа раскажува Брага.

„Фудбалерите многу се гледаат меѓу себе како се облекуваат - потврдува Вандаир. Кога играв во Португалија, беше важно дури од кој бренд е долната облека под дресот и гаќиците. Мислам дека тоа е меѓу сите фудбалери во Европа. Во Бразил не се толку оптоварени со модните брендови“, завршува со модната опсервација Вандаир.

Во овие десетина години, Брага и Вандаир имаат сменето неколку македонски фудбалски клубови, имаат играно низ Европа (Вандаир во Германија и Португалија, Брага во Грција), но Македонија е нивната европска база, или втора татковина. Иако популарни меѓу понежниот пол во Македонија, нивните избранички се сепак Бразилки. Сопругата на Вандаир, Ана Сантос и двегодишниот син Габриел, кој е роден во Португалија, моментално се на одмор, дома во Бразил, но нивното живеалиште официјално е во Македонија. Габриел веќе почнал да оди во градинка во Скопје и покрај португалскиот ( јазикот на кој се зборува во Бразил), паралелно учи и македонски. Брага пак, летово се свршил со Катја Соуза, која се' уште нема дојдено во Македонија, но редовно се во контакт преку Интернет.

- Ако Катја дојде во Македонија, од аеродром веднаш ќе ме однесе в црква да се венчаме. Таа сака да дојде во Македонија, но јас сакам уште малку да бидам ерген - шеретски кажува Брага. Многу е љубоморна, како сите Бразилки. А ни Македонките не се подобри, што се однесува до љубомората. Уф, ама сите жени се исти - „резигнирано“ констатира Брага и додава: „Ние мажите им веруваме на жените, но тие не веруваат во нас. Не знам зошто е така“.

По завршувањето на фудбалската кариера, се' уште не одлучиле каде би го продолжиле животот. Поделени се меѓу Бразил и Македонија. Бразил им е во срцето, а Македонија е нивната сегашна реалност. Вандаир размислува за враќање на фармата во Бразил, но би сакал неговиот син да игра некогаш за македонската фудбалска репрезентација. Брага пак, бидејќи има тренерска дозвола, посакува некогаш да биде и селектор на македонската репрезентација. Двајцата пак ги обожаваат коњите, а Брага посакува некогаш да учествува на Илинденскиот коњички поход до Крушево.

- Тој поход секогаш е за 2 Август, а ние тогаш обично или започнуваме со тренинзи или веќе играме некои натпревари, па никогаш не сум успеал да ја реализирам таа желба. Во Бразил, со Вандаир еднаш си организиравме дружење во природа, со коњи на фармата - се потсетува Брага.

Поделени меѓу носталгијата за Бразил и животот во Македонија, „болката“ им ја залечува бразилската музика, која често може да се слушне во скопските кафулиња.

- Дома, обично не слушам „боса нова“, но кога ќе слушнам во кафуле во Скопје, убаво ми е на душата . За моја душа повеќе сакам самба и аше' ( кои се фудбалска музика), како и серта нежо, еден вид народна музика -сентиментален е Вандаир.

Муабетот со македонските Бразилци, или бразилските Македонци, може да нема крај. Но во таа „бескрајна приказна“, не спомнавме фудбал и политика, токму според бразилскиот бон- тон.

- Во Бразил секој добро воспитан човек не зборува за религија, политика и фудбал. Тоа е работа на интимен избор и определба - поентираат Брага и Вандаир.


#
Статијата е прочитана 1558 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Скок во место
Која е избраничката на Златко Калеников?
Полека се затвораат вратите за виното
Злоупотребите на македонскиот јазик!
Петте лава на Метро Голдвин Маер
Потпиша договор за шест милиони фунти
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Воајери на туѓиот срам
Атак на сите сетила!
Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Бев во право!
Киргистанка на мисија во Македонија
Стравот на Меркел од Европа
Вокменот замина во техноисторијата
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Внимавајте што сонувате, може да снимаат






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia