Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“

За изречени невистини Канческа-Милевска најави кривична пријава за Игор Ивановски

Снежана Калабакова


„За ниеден објект од проектот ’Скопје 2014‘ не недостасува ниту документација ниту, пак, нешто што е поврзано со музејот на ВМРО“, изјави вчера на прес-конференција министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска категорично демантирајќи ги обвинувањата на СДСМ за наводната афера „патриотска метла“. Таа, сепак, призна дека недостасуваат документи за 14 поништени јавни набавки, но од тоа немало штета бидејќи биле одамна завршени и немале врска со големиот проект.

Во тесната просторија во која од изложената документација за „Скопје 2014“ немаше место за новинарите, министерката за култура ги оквалификува обвинувањата од социјалдемократите како клевета, лаги и исинунации со кои е нанесена штета на работата на Министерството за култура, но и на угледот и честа на првиот човек. Затоа Канческа-Милевска најави дека кривично ќе го гони членот на извршниот одбор на СДСМ, Игор Ивановски, и објави дека веќе поднела пријава до Јавното обвинителство. Таа го повика Ивановски да оди во Министерството со експерт што тој ќе го одбере и да направи увид во целокупната документација од проектот „Скопје 2014“.

Исчезнатите документи, меѓу другото, биле конкурси за идејно решение за нобеловци, за ликовно решение и други постапки спроведени во време кога таа не била министерка. Појасни дека во јули годинава кога требало да се уништуваат материјали од 2004 година било утврдено дека одредена документација не може да се најде, за што било информирано и МВР. Откако била формирана работна група за решавање на проблемот, документацијата, меѓу која била и онаа за ентериерот за музејот на ВМРО, била најдена и сега се наоѓа во институцијата. Министерката навести дека државните службеници ќе сносат санкции за пропустот, а какви, не можеше да прецизира пред затворање на случајот.

Канческа-Милевска го повикала Државниот ревизор да направи контрола во нејзиниот ресор. Објасни дека Министерството за култура не одговорило веднаш на обвинувањата од СДСМ, оти сметала таа треба лично да излезе пред јавноста и да каже дека станува збор за груби манипулации. Притоа министерката рече дека на маса се наоѓа целокупната документација за Музејот на ВМРО, Театарот, Филхармонијата и Триумфалната порта.

„Министерството за култура постапува законски. Според Законот за информации од јавен карактер секој може да направи увид во проектите. Јавните набавки се спроведени транспарентно, со присуство на медиуми и невладини организации. Сите договори во однос на овие проекти најтранспарентно беа објавени на веб страницата на јавни набавки, што значи работиме чесно и транспарентно“, потенцира министерката за култура.

Таа категорично демантираше дека станува збор за некакво перење пари и додаде дека надзорен орган води дневник за сите потрошени количини од градежен материјал, а дека има и проектантски надзор.

За восочните фигури во музејот на ВМРО ќе бидат потрошени 1,5 милиони евра, обелодени Канческа-Милевска, инфраструктурата за објектот ќе чини 4 милиони евра, а за внатрешното уредување ќе бидат потребни 189 илјади денари. Досега за проектот биле исплатени 3 милиони и 700 илјади евра.


#
Статијата е прочитана 1724 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.11.2010 14:38:45
Овде нема ништо лошо.И јас ги уништив писмата од поранешните лубовни врски.Да не се јави лубомора кај женами.Сега таа може да се перчи како петле дека таа ме направила човек од интерес.А дали државни документи без разлика дали се и пропаднати тендери немат рок на чување.Дали претходните тендери биле или не биле поповолни од прифатените.Но и овде се кријат лубовни врски.Разбира се лубов за пари.
Од: Toshe
Датум: 06.11.2010 15:37:13
Mnogu ednostavno e kaj se dokumentite? Se raboti za nasi pari na site nas. Konecno metlata tribe da ogre do kraj za vakov kriminal treba da odgovara cela vlada na celo so Grujo.metlata neka igra do kraj
Од: zoki
Датум: 06.11.2010 21:53:23
Za slamka se vakjate kutrickite... Zosto se nema doblest da se priznae deka ste ja okakale rabotata so prazni optuzbi?Celata evidencija mu e dadena na uvid na "g-dinot" Ivanovski. Neka pogleda so svojot ekspert a posle neka se izvini za zamajuvanje na Makedonskiot narod i bezpredmetni obvinuvanja. Tolku...
Од: sime
Датум: 07.11.2010 08:41:49
So sto se se bavat nasite politivcari duri sram da te fati ,kutrri sudii gla ne mozat da krenat od tuzbi.
Од: До Зоки
Датум: 07.11.2010 10:10:07
Документот со кој се потврдува исќњзнувањето на документацијата е на Минитерството за култура!Каков доказ уште ти треба?Знам дека се јавуваш по службена должност,но имај малку срам!
Од: алек
Датум: 07.11.2010 18:57:43
За кажување невистини следува тужба одлично направено од министерката !!!Неможи на кој како ќе му текни да пишува и шири невистини во медиумите.Само луѓе без работа и без доволно добри идеи за нешто добро да се направи се занимаваат со ширење невистини !

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Тиквешански
Стразбур го опомена Борисов за Македонците
Скок во место
Која е избраничката на Златко Калеников?
Бразил во срцето, Македонија тука и сега
Полека се затвораат вратите за виното
Злоупотребите на македонскиот јазик!
Петте лава на Метро Голдвин Маер
Потпиша договор за шест милиони фунти
Двојникот го чека Обама во Индонезија
Воајери на туѓиот срам
Атак на сите сетила!
Урната џамија ги разбранува духовите во Тетово
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Бев во право!
Киргистанка на мисија во Македонија
Стравот на Меркел од Европа
Вокменот замина во техноисторијата
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Внимавајте што сонувате, може да снимаат






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia