Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Се обидувате да ги реализирате своите креативни мечтаења. На успех може да се надеваат Овните кои имаат каква било врска со уметноста. Бидејќи сте задоволни сами со себе, размислувајте крајно позитивно за се', а особено за љубовта. Подготвени сте да му симнете ѕвезди на партнерот. Водете сметка на што ги трошите парите.



Бик

Поради сензитивноста, внимавајте како ќе се однесувате кон околината. Здравствените проблеми не се причина за вашето расположение или постојаниот судир со соработниците. А тоа што сфативте дека не функционирате со партнерот е добар показател дека нешто мора да промените.



Близнаци

Денот го поминувате во исчекување важни новости. Бидејќи сте активни, искористете го денот на соодветен начин, занимавајќи се со работи кои од вас ќе бараат дополнителна енергија. Проблеми може да настанат од вашите големи желба за критикување на другите и наметнување на ставовите.



Рак

Работата ви помага да го компензирате емотивното незадоволство. Штом сте сфатиле дека околината нема разбирање за вас во онаа мера што ви е потребна, ќе одлучите да се повлечете во себе. Го прикривате незадоволството, но револтот што се јавува во вас ќе мора да го балансирате со околината.



Лав

И понатаму сте ѕвезда на месецот. Уживајте во зраците и сјајот, не оптоварувајте се со хипотетички прашања. Се' е минливо, особено за вас, зашто верувате дека нема време за губење. Ве очекуваат важни животни одлуки и успеси. Со Стрелците и со Водолиите постигнувате идеална соработка.



Девица

Ниту еден план не оди со очекуваното темпо на реализација. Изненадувањата ги сакате, но кога не ви штетат или не ви предизвикуваат негативно расположение. Водолијата настојува да ви излезе во пресрет во врска со работата. Немате време за размислување. Спонтано и во вистински момент ќе направите правилен потег или ќе донесете конечна одлука.



Вага

Менталното здравје ви е доведено во прашање, така што ви одговара повеќе да планирате и да мечтаете одколку да работите. Тоа би можело да предизвика намалување на виталните функции, но не очајувајте. Со лице од странство остварувате успешен контакт. Незадоволни сте од опкружувањето. Повеќе давате отколку што примате.



Скорпија

Вооружете се со позитивна енергија, бидејќи во најскоро време ќе ви биде потребна. На тој начин ќе можете да му се радувате на животот и да ги вкусите благодатите што ви претстојат. За се' во животот ви е потребна златна средина, затоа научете да бидете умерени.



Стрелец

Полни сте со енергија, но, за жал, не ја трошите на најдобар начин. Поради тоа се можни здравствени проблеми во вид на нервоза или повреда. Најдобро е да покажете каде се наоѓате и дали правилно постапувате. Доколку го правите тоа, резултатите ќе бидат видливи. Во спротивно, прашајте се колку сте објективни кон самите себе.



Јарец

Фантастично се чувствувате, убаво изгледате, среќни сте и задоволни. Бидејќи убавината доаѓа однатре, причината за тоа е во разрешувањето на личните проблеми. Сега повеќе не сте во дилема. Знаете кон што да се стремите во иднина и веројатно ќе дејствувате во таа насока.



Водолија

Непромислените одлуки можат да ви го искомплицираат животот. Добро би било објективно да ги процените моменталната ситуација и сопствените можности, бидејќи секој непромислен потег води кон ризик. Внимателно однесувајте се за да избегнете непријатно искуство со униформирани лица. Со некои лица непотребно ги затегнувате односите.



Риби

На некои Риби е можно да им се случи фатална љубов, а на некои здравствени проблеми од хормонална природа. Пронаоѓањето идеален партнер би можело да ве чини многу, зашто прашањето е колку сте вие идеални. Можностите се едно, а соновите нешто сосема друго.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ