Маја Крстевска
дир. на Националната галерија на Македонија
Денешниот ден ми е исполнет со позитивна трема пред вечерашното одбележување на 60-годишнината од постоењето на Националната галерија на Македонија. За нас како институција, а и за јавноста овој јубилеј е од големо значење и вечерва очекуваме гости - еминентни имиња од културата.
Сузана Спасовска
пејачка
Денеска во 11 часот морам да бидам на прес-конференцијата на „Леб и сол“ за претстојниот концерт на бендот на 12 декември. Потоа ќе работам на моето промотивно ДВД, што ќе го носам во Австралија, каде што заминувам по 20 декември на една новогодишна мини-турнеја.
Весна Димитровска
актерка
Вечерва во велешкиот театар во 19,30 часот ќе ја одиграме премиерата на „Веселите жени од Виндзор“. Возбудата и тремата ги скротувам со моите „ритуални“ претпремиерни подготовки. По премиерата, дружење со колегите, веројатно до зори. |