Број 3385  сабота, 18 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Мислења

Мислења

Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата (2)

Филип Петровски

Добро е што се изврши децентрализација и институциите од обл��ста на културата преминаа на локално ниво

Kако по обичај, на текстовите, мислењата, колумните се јавуваат хеклерите за да исполнат партиска задача или, пак, да залечат некоја лична фрустрација. Зад компјутерот, со загарантирана анонимност, тие пукаат, плукаат по се' за да се чувствуваат подобро. Па, сепак, тоа ќе биде така само за момент. Потребата повторно да се чувствуваат добро ќе ги однесе на друго место каде што ќе плукаат... и така до недоглед. А, паѓаат ли паѓаат. Еден ден ќе се разбудат чувствувајќи се како голема нула без да знаат зошто е тоа така. За жал, на таквите не можам да им помогнам. Ако вие во се' гледате нешто лошо, тогаш треба да проверите што кажува тоа на психолошка основа за вас. Нешто во смисла на проекција на ниво на потсвест на надворешната реалност. Затоа со симпатии гледам на плукачките коментари, кои се тука, со моите мислења, а поврзани со се' и сешто. Тоа е модел на однесување од кој некои и да сакаат не можат да се ослободат.

Потсвеста, чувството на сопствена безвредност верувам е многу посилно од се' друго. Така и бесот што произлегува од тоа... Замислете на се' да се одговара. Каде ќе беше поентата. Редакцијата на ценетиот „Утрински“ јасно навела дека коментарите треба да бидат поврзани со текстот, а не со историјатот на сопствената немоќ на оној што дошол да коментира. Ете, и покрај тоа, се протнуваат коментари што немаат ама баш никаква врска со тоа што е напишано за да го изместат контекстот. Но, не успеваат. Секако, според мое мислење. Секој добронамерен ќе увиди лесно која е намерата на коментарот, кој содржи лична дисквалификација. Толку за тоа. Да си ја завршам, дозволете, својата мисија со отчетот за работата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во мандатот од 2006 година. Оти трагите остануваат. Тешко може да се избришат.

Прво што сакам да потенцирам е дека е добро што се изврши децентрализација и што институциите од областа на културата преминаа на локално ниво. Со преземањето на осум институции од ниво на држава на ниво на град, односно од надлежност на Министерството за култура во надлежност на Град Скопје, се создаде можност за нивно многу подинамично живеење. Едно е повеќе од стотина институции да се упатени на еден министер, кој има и други обврски, а сосема друго е да се намали нивниот број и да се спуштат на ниво на граѓаните. Можам да кажам дека беше вистински чекор децентрализацијата на ниво на Скопје. Имав одлична соработка со претходниот градоначалник. Знам дека така беше и со другите културни институции. Затоа започна нивното ревитализирање. Поддршката значеше и конкретно работење на враќање на некогаш загубениот сјај. Оти, институциите беа наследени тотално запуштени, со неразрешени имотноправни односи, со огромни долгови за режиски трошоци итн. Она што со години се натрупувало, оти поради надлежноста и натрупаноста со обврски на повисоките нивоа не беше можно да се реши, сега влезе во процес на средување.

По неколку години, кога доаѓа време да се вреднуваат процесите, мислам дека може да се оцени децентрализацијата како вистински потег. Како за споредба, може да се земат училиштата во државава. Мислам дека сите знаат во каква состојба се поголемиот дел од нив. Запуштени, нереновирани, некои се распаѓаат и се опасни за животот на учениците. Да не зборувам за инсталациите. Си спомнувате дека немаат услови добиените компјутери да ги вклучат оти немаат соодветен напон на струја. Доколку училиштата се најдат целосно во надлежност на локалната самоуправа, која, пак, би добивала поголеми средства од буџетот на државата, со домаќинско работење во период од мандат или два можат да бидат целосно обновени или преизградени. Тоа е повеќе од можно. Само треба државата да има посериозен однос кон локалната самоуправа и да се насочи интересот на јавното мислење, како и критиката - кон градоначалниците. Со тоа тие ќе бидат мотивирани да работат уште повеќе. Оти, ако сакаат реизбор, мора да се покажат за време на мандатот. А има ли подобра можност да се соберат симпатиите од обнова на училиштата и културните установи во секоја општина.

Конкретно, во библиотеката таквата децентрализација овозможи да се започне со конкретна обнова, нешто што го немало неколку децении, односно од самата изградба на објектот во седумдесеттите години. Ќе дозволите мала дигресија. Ми се чини дека кај нас не недостасува градење. Но, и тоа колку недостасува одржување. Еднаш изграденото го оставаме на забот на времето, кој брзо уништува. Доколку се развие систем на одржување, што на децентрализ��рано ниво е полесно, оти секој сака таму каде што живее да му е убаво средено и чисто, се' ќе биде поинаку. Ќе биде поевтино да се одржува нешто постојано отколку секои пет или десет години да се гради од почеток. И како што кажав - одговорноста е конкретна, тукашна. Не е одговорен за неисчистениот двор на културната установа или улицата околу некој министер, туку ние - оттука, од локалното ниво.

Мене ме чуди зошто нема оцени и анализи на децентрализацијата на ова ниво. Зошто не се споредат резултатите на културните установи од претходно и сега. Па да се синтетизираат заклучоци и да се утврдат нови насоки за понатамошно подобрување на работата, што само ќе значи подобра услуга за граѓаните. Се' се расправаме за големи работи, силни политики, за сите глобални проблеми сме позаинтересирани отколку за тоа да ни е чисто пред зградата или да ги има книгите што ги сакаме во библиотеката. Јас мислам дека граѓаните на Скопје имаат право на квалитетна библиотека во која ќе ги најдат сите книги. Дека тоа не е нешто од што треба да се срамат. Или, пак, да им е непријатно.

За иднината на библиотеката да биде обезбедена, мора да се прифатат тековите на технолошкиот развој. Нема да биде доволно само се да е реновирано, чисто и со доволно наслови. Мора да се рашири понудата. Од понуда на електронски книги, кои ќе се читаат во читалниците на Киндл или кој било друг читач, па се' до користење на некаква идна централна база на дигитални документи и книги на Република Македонија. За граѓанинот кога ќе дојде тука да се почувствува дека е на вистинското место и дека ќе си ја заврши работата. Државата мора да го сврти своето внимание кон предлогот за орган кој ќе ја води и насочува дигитализацијата. Под итно. Секако, ако се одвојат средства, тоа би можела да го преземе под своја координација библиотеката „Браќа Миладиновци“.

(Авторот е доктор по политички науки)


#
Статијата е прочитана 972 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 18.09.2010 18:15:36
Не сакам да го коментирам менаџирањето на библиотеката туку со погледите на докторот по политички науки кон поедини писатели со кој би се гордеела секоја библиотека.Ме интересира и ќе повторам како дојде до тоа да Црњански го наредивте во странски националистички писател.Сакам да полемизирам за суштината и целта на библиотекарството.Се надевам дека нема да бидам категоризиран како ваш ..неприател,,.
Од: Миле - Охрид
Датум: 18.09.2010 21:17:26
„Ценетиот Утрински“ не ги објави коментарите кои содржат навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации..., освен ако се содржани во написите на неговите новинари и колумнисти. Таков е и овој текст. Само, доколку е дозволено, имам мала поука за докторот. Пред и после нулата постојат и други броеви. Некои од нив се и негативни. Првиот цел негативен број е -1. И до него (во однос на нулата) и пед него постојат други безброј броеви. Не ќе е лошо (кога еден ден ќе се разбудиш) да ја побараш својата сопствена оцена, за себе, во тоа множество на бројки. Коментарите кои ги добиваш на своите текстови само можат да ти помогнат да се лоцираш себеси на таа скала.

Најди! во Утрински
Мислења
Можна ли е голема Русија?



"""