Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Кариери на ригиден национализам

Александар Шољаковски

Сите конфронтации, натегања, земања-давања, инаети на релација Македонци - Албанци, завршувале секогаш во полза на Албанците

ВЕЌЕ ВИДЕНО

Во политиката, нормално, се прават грешки. Но, кога сукцесивно се повторуваат истите грешки, тогаш станува збор за елементарно незнаење, политичка нааканост и глупавост. Во време на јасна меѓуетничка напнатост, во време кога се запленуваат сериозни стокови оружје, властите се обидуваат да не' убедат дека состојбата е стабилна и дека немало стравување за радикализирање на состојбите.

Да се потсетиме дека на два месеца пред 2001 година тогашниот премиер Љупчо Георгиевски постојано зборуваше за најрелаксирани меѓуетнички односи од кога било дотогаш. Се сеќавам дека Владо Поповски кога беше прашање на денот кога ќе пукне конфликтот, во улогата на штотуку повлечен прв човек на контрразузнавањето, не' убедуваше дека ситуацијата била стабилна, мирна, а границите безбедни. Тој е се' уште таму некаде, околу врвовите на власта. Министерот за образование, Тодоров, пред извесно време донесе една незаконска, присилна, одлука за учењето на македонскиот јазик во албанските училишта. Исправноста за една ваква мерка не би била спорна, но изведбата е непроценета, неподготвена, неосмислена, безмалку проблематична, авторитарна и опасна? За намерите на вака изведената одлука можеме да нагаѓаме.

Во релациите со малцинствата, посебно со албанската, македонската политика сукцесивно покажува недефинираност и неснаоѓање, недостаток на политички усет, но и грубост и политичка надменост. Македонците и Албанците низ историјата не живееле во голема љубов, но се работело за висок степен на коегзистенција. Работите почнаа да се компликуваат во време на извесната политичка либерализација во шеесеттите, за да кулминираат со тетовските нереди во 1968 го��ина. Одговорот на македонските власти беше формирање посебен оддел во ДБК, кој се занимаваше со албанскиот иредентизам и тероризам. „Што правите таму? Тепаме Шиптари!“, беше објаснувањето на посланиците во ова служба. Така само се зајакнуваше чувството за потиснатост кај Албанците. Оваа политика продолжи во наредните две децении - Албанците, по правило, беа сомнителни и секое барање беше идеолошки етикетирано како сепаратизам, иредентизам и контрареволуција(!?). Меѓуетничкиот јаз се зголемуваше. Тогашните македонски власти го решаваа проблемот на високото образование на Албанците со тоа што ги упатуваа на универзитетот во Приштина. Колку што учеа наука, се стекнуваа и со соодветна идеологија. Али Ахмети е еден од нив.

Пукна 1981 година во Приштина, со свои одрази во Македонија.

Македонската политика никогаш не се обиде да направи дистинкција меѓу етничките односи на релацијата Срби - Албанци и Македонци - Албанци. Овие односи историски и практично никогаш не биле исти. Па така, македонската политичка елита од тоа време ја присвои тотално погрешната политика кон албанското прашање која ја водеше Србија. Се спроведуваа чистки на професори, политичари, еминентни личности... се извршуваше една од најглупавите политички акции - политичка диференцијација (читај : ликвидација). Како одговор за настанатите меѓунационални проблеми и доселувањето Албанци во северозападна Македонија, властите донесуваа закони со кои се забрануваше промет со недвижнини, а се забрани и градењето високи оградни ѕидови. Се правеа акции за уривање, падна и жртва во Арачиново. Македонија имаше значајни интревенционистички полициски сили на Косово се' до крајот на ЈУ-државата. Во Македонија со сомнителните Албанци се постапуваше како и на Косово, со прогони, затворања, ќотек. Резултати немаше, контраефекти - колку и да сакате!

Дојде крајот на едноумието и влијанието на Белград во оваа сфера. Македонците пак неподготвени. Се формира партија на Албанците, Партијата за демократски просперитет (ПДП). Во почетокот, главно, конструктивна. Притиснати од барањата на сопствената средина, го молеа Глигоров да им помогне. Тој систематски ги лажеше во негов стил. Одговори со разбивање на партијата и создавање на друга (ДПА). „И тие плурално да почнат да живеат“, беше објаснувањето за овој потег.

Протестите поради сосема легитимното барање за формирање Педагошки факултет во Скопје со настава на албански јазик, единствено беа искористени од неколкумина млади политичари да направат кариера на бранот на ригидниот национализам. Тие се денес во врвот на политиката. Милошоски е еден од нив, на пример.

За таканаречениот (милуваа да кажат) универзитет во Мала Речица, Црвенковски и Глигоров пратија силна полиција и убија човек. Никој однадвор не успеа да сфати зошто се праќа полиција против образование. Сега во Тетово има три универзитети. Во 1997 година Бранко Црвенковски повторно прати силна полиција во Гостивар да го спроведат Законот за знамето. Беа убиени четворица, полицијата беше одликувана. Знамето на Албанците подоцна стана сосема рамноправно со македонското, некаде дури и порамноправно. Го судеа Руфи Османи за тоа. Денес тој е градоначалник на Гостивар.

Стојан Андов, како прв парламентарец во деведесеттите години, беше повеќе од дециден дека додека е тој на чело на Собранието нема шанси да се говори албански од говорницата (право укинато кон крајот на осумдесеттите години). По настаните од 2001 година, нему ќе му припадне честа (!?) како спикер да се изгласа новиот Деловник со кој се дозволува албанскиот јазик во Собранието. Две илјади и првата е климакс на идиотизмот на домашната политика. Тотално некадарна да го скрши бунтот со сила, политиката доживеа комплетен пораз на сите нивоа. Не ја сфатија или не можеа да ја сфатат шемата уште од почетокот. Видоа како терористите станаа бунтовници, а дотогашните државни непријатели политички фактори. Рамковниот договор мораа да го спроведуваат оние што на отвореното антиалбанство ги градеа своите кариери. И Љубчо и Бранко.

И на крајот не може, а да не заклучиме дека сите конфронтации, натегања, земања - давања, инаети на релација Македонци - Албанци завршувале секогаш во полза на Албанците. Ниеден проект за зауздување и дисциплинирање на Албанците досега не успеал. Пардон, има еден исклучок. Веднаш по Втората светска војна бил донесен југословенски закон за забрана на носење зар и фереџе. Законот бил спроведен во рекордно време, главно, без сила и репресија. Но, во кампањата учествувал ц��лиот политички врв што одел во муслиманските средини, ги убедувал луѓето во исправноста. Дури и Лазар Колишевски бил најактивно вклучен во оваа кампања.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 1666 пати.

Испрати коментар

Од: Andrej
Датум: 22.05.2010 00:11:53
Avtorot gi pominuva veke granicite na dobar vkus i elementarna logika. Nezakonska bila odlukata da se uci makedonski jazik vo Makedonija, koj e drzaven jazik broj 1 za site? A zakonski e Albancite da ucat angliski pred drzavniot jazik? Pa kade ima tuka logika? Ako im bilo tesko da ucat tolku jazici, zosto ne pocnat podocna so angliskiot, a porano so makedonskiot, koj e jazik na integracija i cie poznavanje e dobro za site? Toa nema vrska so asimilacija, Albancite si go imaat svoeto obrazovanie na svojot jazik i bez toa. No ako od porano go naucat dobro i makedonskiot jazik, nivnata integracija vo drzavata, instituciite i na sekoj drug plan ke odi sekako mnogu polesno, sto e podobro i za samite niv, i za site ostanati vo drzavata.
Од: Vesko
Датум: 22.05.2010 00:14:37
Odlicen tekst! Zakon da se donese site politicari napamet da go naucat i da recitiraat sekoe sabajle pred odenje na rabota i sekoja vecer pred legnuvanje.
Од: debrestanec
Датум: 22.05.2010 01:01:21
Ce bide se dotogas dodeka ne se izednacat uslovite za ednakvo ziveenje i ne se svati deka covekot e samo covek a ne Albanec ili Turcin Koga go prasale evropskiot diplomat,do koga ce gi pomagaat malcinstvata vo Makedonija i koga ce pocnat da gi podrzuvaat makedoncite,toj odgovoril. Koga makedoncite ce bidat malcinstvo,tokas ce gi pomagame i niv,kako i ovie sega.
Од: Slavko SK
Датум: 22.05.2010 01:35:08
" Nieden uspeh za discipliniranje na Albancite ne uspeal" - velis podolu. Jas nemozam da te razberam. Da se discipliniraat nekoi treba da se nedisciplinirani,. taka? Od druga strana ajde Vie kazete ni sto Albancite imaat napraveno blagodet za Makedoncite? Ova e ireverzibilen (nepovraten) proces. Taka i vo Francija i na sekade vo EU im davaa, no sega se cukat po glavata kako da im zemat. Niedna muslimanska nacionalnost se nema integrirano vo niedna hristijanska drzava. Tie samo zemaat, nikogas ne davaat.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.05.2010 06:23:17
Народе, написот е добар, освестете се.Потребен е соживот и од двете страни треба тоа да се свати.Со сила убавина не бива - стара поговорка.А и она наше - ваше.Можеби и од главата си патиме па сите соседи ни се непријатели? Само на нас?
Од: pameten
Датум: 22.05.2010 07:13:06
Ako Srbite bea sfatile vo 1981 deka nemat shansi da go zachuvat Kosovo zo Srbija, Jugoslavija mozhe bi kje se zachuvashe kako konfederacija i prva kje vlezneshe vo EU, duri pred Polska. Nie denes mora da sfatime deka Albancite nikogash nekje prifatat da bidat "malcinstvo" vo drzhava na Makedonskiot narod. Dali tie se vo pravo, ne e bitno. Vremeto raboti za niv. Vekje imat dve drzhavi, kje ja dobijat i svojata "Flandrija" vo Makedonija. Svakjajki ja ovo sostojba mora da se gradi strategija za obstanokot na Makedonskata drzhava i Makedonskiot narod. Srbija e von igrata. Sakale ili ne mora da barame modus vivendi so Grcija i pred se so Bugarija.
Од: ilija
Датум: 22.05.2010 07:46:08
jako dobar text gospodine samo edno zaboravivte za zivejene vo edna zaednica zivotnata logika e sakajme daate sakam postuvajme date postuvam a seto drugo e bla-bla-bla.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.05.2010 11:15:14
Со коментарот би се сложил кога со ист таков жар би набројал просветлените примери на соживот предочени од албанскиот етнос.Дали пронајдениот арсенал,комбето полно со оружје и терористи веќе осудени за убиство,напад на алфите и убиството на Марковски,претепување на ученици Македонци во Тетовската гимназија па мора да се учи во различити згради,ист таков случај во Куманово и во Скопје во Чаир,желбата за подигање на споменик во Гостивар на квинслинг,терористички акции Сопот и Бродец и т.н Идниот пат направете паралели би било пожелно.
Од: Миле - Охрид
Датум: 22.05.2010 12:27:30
Не постои пораз или победа ако се работи за човекови права и слободи. Албанците треба да ги уживаат сите права као и останатите граѓани, согласно највисоките меѓународни норми. Тука не се конфронтираме со нив. Се работи за барањата кои дирекно ги загрозуваат правата на македонците и се во насока на распаѓање или поделба на државава. Причината за континуирани „победи на албанците„ во процесот на насилна промена на етничкиот состав на делови на македонската држава и стварање на т.н. „албански територии“ се „умови“ како пишувачот на овие редови. Тоа се подржувачите на етничкото чистење, неважењето на законите за еден дел од населението на државаава и инсталирање на недимократски механизми кои неминовно доведуваат до распад на државава. Која школа учел овој „умен“ па не може да разликува барања за права или барања за ограничување на туѓи права? И овој напис е дел од притисокот врз македонците да ги прифатат грчките шовинистички варања , како нареден чекор во распаѓањето на Македо
Од: preterano
Датум: 22.05.2010 12:53:24
Preterano!!! Tocno e deka vo politikata imase greski vo pogled na megjunacionalnite odnosi. No dali avtorot zaboravi koj gi pravese problemite uste od prvite denovi na osamostojuvanjeto na RM? Koj go bojkotirase donesuvanjeto na ustavot. Koj ja otpocna vojnata vo 2001,Koj "rabotese" vo Aracinovo uste za vreme na SFRJ na falsifikuvanje na razni proizvodi., koj gi imase skladovite so oruzje po napustenite rudnici i konecno, vo cii race e kapitalot vo RM.Kade se "slobodnite" zoni vo RM, vo Strumica ili Tetovo i Gostivar.I vo SAD ima razni narodi, no site se amerikanci so albansko, makedonsko, kinesko i neznam uste kakvo poteklo. Oficijalen jazik e angliskiot. Nema univerziteti i paralelki na albanski, kineski, makedonski .....Treba da se znae deka Makedonija e UNITARNA drzava, a ne konfederacija.Albancite vo MK imaat pogolemi prava od site malcinstva sto ziveat vo bilo koja zemja na Balkanot pa i vo EU.Vo Mala recica dali ima drzavno zname na MK?Ako dojde stranec vo Tetovo, kade e ?
Од: Ж.Ж.Русо
Датум: 22.05.2010 13:07:15
"Niedna muslimanska nacionalnost se nema integrirano vo niedna hristijanska drzava. Tie samo zemaat, nikogas ne davaat."Интересно.Коктел,рашомонијада од пред и по комунистичкото.Нема националност муслиманска,па има,па нема.Ја има или ја нема.Ние велиме нема,зада можат и другите да бидат.Така и јет.Не се интегрирале во ниедна христијанска земја.Никој не ни дава за право ни на едните ни на другите да нарекуваме земји,христијански или муслимански.Се додека се делат на вакви или онакви се дотогаш ќе има потреба од 'интегриртање''.Додека нациите,особено привелигираните,не се помират со фактот дека секоја од нив може да практицира вера,не по нивна мера,се дотогаш ќе има нати-дајми.А знаеме ли до кога тоа ќе трае.Се дотогаш додека дојдат не на власт,туку на земјата,луѓе,вистински верници,на кои оваа терминологија ќе им биде туѓа.Таквите никулци сега успеавме сите заедно да ги натераме да виреат во почвата каде не им е местото,која се вика радикализам и сл.За нив тоа не е.Нам не ни одговара.

Најди! во Утрински
Мислења
Како да се промени иднината?