Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Мислења

Мислења

Како да се промени иднината?

Филип Петровски

Се живее колку да помине денот. И нема некоја посериозна реакција од интелектуалците, како да се излезе од кризата

Не ми се допаѓа тоа што го гледам и го слушам секојдневно за моето опкружување, односно за средината, општеството во кое живеам. Верувам сте забележале дека секојдневно се зборува за убиства. И тоа како што врви времето за се' побрутални и понеочекувани. Полека, ама сигурно таквите вести стануваат вообичаени, а ние се навикнуваме да живееме во овие „вонредни“ услови. Она што е позагрижувачко е што таа навика го направи општеството без рефлекс, без волја за живот. Се живее колку да се живее, колку да помине денот. И нема некоја посериозна реакција, односно обид за одговор од интелектуалците – што да се прави. Како да се излезе од кризата.

Порано, ми се чини дека за убиство се зборуваше како за нешто што е исклучок. Сега, пак, се зборува како за настан што наскоро ќе има свое продолжение. Можеби веќе денеска. И така бидна оваа недела. Се' уште незакрепнати од бруталното убиство на една докторка, од кое сите беа згрозени, веќе утредента се слушна за ново убиство. Повторно во Скопје. Но, не беше само тоа црна хроника на денот. Имало на друго место во градов и пукање во кое неколкумина биле ранети. Притоа, да потсетам дека во последно време бевме информирани и за сериски убијци во најмалку три града во државава. Едниот мистериозно се самоуби во затворската ќелија, што потоа беше дополнителен извор на сомнежи, но и го разбуди интересот за свет��ките мрежи за државава. Па дури мислам дека и Сиенен се заинтересира за своја сторија на таа тема. Деградацијата во општеството можеби може да се анализира или да се согледа низ овие примери.

Ама не се само тие примери. Има уште многу црни хроники. Се сеќавате пред само еден месец на „Партизанска“, речиси во центарот на главниот град имаше пушкарање, кое заврши со убиство, за потоа да се утврди дека учесниците работат во државни институции. И така по ред, ако продолжам да набројувам за убиства, ќе нема крај. Од друга страна, редовно слушаме за грабежи на банки, штедилници и обложувалници. Буквално, не се избира што ќе се ограбува. Извештаите зборуваат за грабежи што тежат, на пример, 20 илјади денари од некоја обложувалница. Просто, не ми се верува дека за толку пари се потегнува оружје и се ризикува својот живот, но и туѓите. Па како што гледате, тоа е секојдневна состојба на нашата живејачка.

Верувам ќе се сложите дека до пред некој месец беше незамисливо експозитура на банка во центарот на градот да биде ограбена не еднаш, туку два пати за многу краток временски интервал. За само пред некој ден да дознаеме дека и во овој случај ограбувачот работел во државна институција. Но, и во ограбувањето има радикализација. Групите што го прават тоа, започнаа да влегуваат и во оружени инциденти со полицијата. Ситуацијата стана толку комична што веќе на „Фесјбук“ се појавија и групи да се типува која банка ќе биде следна ограбена. Прашање на време е, ако продолжи овој тренд, кога ќе се започне со напади врз маалските гранапчиња, пензионерите кои само што ја добиле својата пензија од 5 илјади денари и слично. Бидејќи вертикалата, како што гледате, е под агол од 90 степени насочена надолу, со што претходната реченица не треба да се сфати како цинизам или исмевање, туку како реално предупредување.

Интересно за поширока анализа е зошто како актери често се појавуваат луѓе што се во државната а��министрација. Се смета дека администрацијата е најзгрижена во државава, со најредовни плати, со најмалку обврски, со најсигурна иднина. Ако административците се одлучуваат на вакви постапки, што останува за другите општествени групи кои се далеку поранливи? Ова се прашања што бараат дебата. Бараат ангажман на нашите стручни потенцијали и правење истражувања кои би дале одговор како да се спречи сето тоа. Општеството мора под итно да се стави во погон, да се произведе акција.

Еден од можните одговори е дека сега веќе полека, но сигурно стигнува за наплата цехот на бесконечната транзиција. Таа состојба, која трае 20 години, а постарите велат дека и во претходниот систем им велеле оти се постојано во транзиција, веќе произведе генерации кои се родиле и целиот свој живот го поминале во општество што е во транзиција. Тие и не знаат за друго. Дома имале ситуација на родители кои се бореле да обезбедат храна. Често и во тоа не успевале докрај. Имаат состојба на распаднати бракови (статистиката е загрижувачка) и имаат младост на сопствени плеќи. Никој не ги контролирал нивните оценки, никој не им објаснувал дека треба да работат на себе, дека ги чека иднина и можности кога ќе завршат со школувањето.

Може и да не се сложите со мене, сепак, ова е мое мислење, но ми се случувало кога ќе ја видам денешнава младина, како се влечкаат по улици, со шишиња вино во раце и секако цигари, навистина да очекувам во блиска иднина ситуацијата да стане уште посложена. Притоа, да се разбереме, младината не е виновна. Ако тие не виделе подобро, ако не се научиле дека треба да очекуваат подобро, тогаш сосема нормално е дека ќе се приспособат на полошо и дека ќе немаат никакви очекувања од животот.

Значи нешто не е како што треба во системот на образование. Нешто треба да се менува. Моите истражувања говорат дека треба да се работи на програми што развиваат креативност и интелигенција кај децата. За да се елиминира менталниот и физичкиот стрес кој секојдневно се акумулира насекаде, дома и надвор. Сите ние во својата суштина имаме огромни можности и голема интелигенција, која само е спречена со досегашниот живот. Потенцијалот на секое дете е огромен, бесконечен. Затоа времето што се минува во учење треба да се искористи за отворање потенцијал, што од секого ќе создаде среќна индивидуа со јасни, чесни и етички намери и потреби во животот. Кај нас, но не само кај нас, ученикот се игнорира. Се игнорираат неговите капацитети и децата се принудуваат да учат програми, кои којзнае кој и зошто ги направил такви. Тоа наместо да го намали стресот за кој погоре пишував дека е речиси составен дел од живејачката, го зголемува. Со тоа целата структура на знаење станува бесцелна. Се оди во школо за да ти помине време. Сеедно ти е каква оценка си добил и дали нешто си научил. А тензијата останува.

Крајно време е нешто да се менува. Мислам дека сум подготвен да придонесам во оваа област. Да зборувам во иднина во овие мислења, но и преку други медиуми за можноста со коренита акција да се поработи на заздравување на општеството и на нашата иднина.

(Авторот e доктор по политички науки)

http://filippetrovski.blog.mk/


#
Статијата е прочитана 4025 пати.

Испрати коментар

Од: E.... takva sloboda i demokratija
Датум: 22.05.2010 00:26:41
Pa neli tolku mnogu se raduvavme na propasta na toj"temen" komunjarski sistem i gradenje na slobodna demokratska drzava so svetla idnina. Medju tie koj mnogu naglaseno se raduvavte bevte i Vie kako mlad i nadezen" perjanik" na togasnata "najpatriotska " partija. I sto dobivme? beskrajna tranzicija, grabezi, korupcija,surovi oligarsi,bezrabotica, siromastija lagi, lagi i beskrajni lagi , kriminal , razbojnistva dostojni na Cikago od 30-tite god. apatija,anarhija i pekol.Se razbira i prerodbenickiot proekt "Skopje 2014". Vo taa "komunjarska" Jugoslavija , vakvi ubistva placki i razbojnistva bea retkost iako bese 12 pati pogolema od Mk.Ama toga sme bile obespraveni i pod ropstvo i vo ednoumie, a sega sme bile slobodni i sme ziveele vo demokratija. E..... takva sloboda i demokratija
Од: Ave od Avstralija
Датум: 22.05.2010 05:52:10
Iako ovde standardot i bogatite minerali i rudi ne pravat 50 pati podobri od tamu, tolku pati povece ovie uzasi i horori se poprisutni i sekojdnevni. Resenie Filp? Nazad vo komunizmot !!! Nikoj ne vi predocil ili ostanavte gluvi na dobrite i LOSITE strani na demokratijata.
Од: Jordan
Датум: 22.05.2010 09:04:06
Заклучоците за транзицијата иу образованието ви се правилни, но се изведени од погрешни премиси, па затоа се случајно правилни.Ете ви го како доказ коментаторот што одма ви го обеси комунизмот на нос.Се додека не расшистиме со комунизмот како Чешка и не спроведеме лустрација како Германија, работите ќе одат на полошо.Така пишува во Резолуцијата на Советот 1096 од 1996, а истото го потврди и ЕУ во резолуција од април 2009 година.Значи, пропуштивте да заклучите дека во Македонија нема вистинска десна партија, што тоа и е приоритет во програмата, без разлика на цената(рејтингот).Побргу Русија ќе се дистанцира од победникот(до 1940 крвник) Сталин(Медведев веќе го направи тоа), отколку Македонија од крвникот Тито.
Од: „Лаборант од Запад“
Датум: 22.05.2010 09:07:22
Од колумната се гледа искрената намера на авторот да придонесе да се измени нешто во системот НА ПОДОБРО. Видлива е неговата еволуција и лично- кон подобро. Колку и д аправиме анализи на крајот ке покажуваме со прст само во една насока- кон патолошката лабораторија од каде што се произчегува а се сервира во нашето општество што е еднакво на експериментално поле во кое оние што експериментираат се куклари, а оние на кои што се изведуваат експериментите се куклите на конци! Жално! Прашање е до кога ќе трае експериментот?
Од: Сергеј
Датум: 22.05.2010 11:54:01
Сепак, колумнава не ни понуди одговот на прашањето - „како да се промени иднината“. Дали е доволно да се интервенира во образованието? И да продуцира образованието врвни кадри, каква иднина ќе пронајдат во ваква чемер економија? Можеби одговорот е - променете ја иднината, со тоа што ќе ја измените сегашноста. Има и одговорни за ваквата сегашност, подеднакво и од власта и од опозицијата. На сите нив им одговара ваквата состојба: најлесно се лови во матно. А транзицијата ќе трае се’ додека има што да се разграбува. На крај ќе не остават и без куќа и без нива и без плот. Во сопствените куќи ќе седиме под кирија, за на излет ќе плаќаме баждарина. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: terezija -
Датум: 22.05.2010 13:43:40
Nikoj dosega, ne sum slushnal od osnovno obrazovanie - direkno da prodolzi na visokoto... Kako da se "sredi" SEGASHNOSTA (?!)... "It's a question now..." ???!!! A za idninata, mislam deka ushte dolgo-dolgo treba da pochekame... Od moeto dosegashno zivotno iskustvo - smetam deka nemame shansa za takvo neshto ; nitu imame "materijal" a kamoli "majstori" za takvi NEVOZMOZNI potfati !!!
Од: ја
Датум: 22.05.2010 16:13:38
Јордане!Го спомнуваш Тито како крвник.Ти или си малолетник или појма немаш кој е Тито.За да ти појаснам - Тито е човекот на кој треба да му заблагодариме за денешнава наша држава,Тито е човекот кој сите нас не образува и од неписмени не направи господа,во негово време и на жел.станица во непознато место да спиеше немаше влакно да ти фали.Во негово време на вести се слушаше за работни успеси а не за убиства.И за крај Тито им сметаше на 5% население а 95 % живееја одлично А СЕГА, да не набројувам, има многу слепи при очи што плукаат по „комуњарите“ ама сепак се југоносталгичари.
Од: nastavnik
Датум: 22.05.2010 16:52:54
Slabo ozes da pomognes Filip zatoa sto ne mozes da ja najdes sustinata na problemot,a toj se naogja pred se vo semajstvoto,a potoa vo sistemot na obrazovanie.Vospituvanjeto deca (vo semejstvoto) e isto taka nauka za koja makedonskite roditeli ne znaat deka postoi,ane da citaat,ucat i da razmisluvaat okolu vospituvanjeto na svoite deca od niv samite,a ne od nasatvnicite.
Од: lazar
Датум: 22.05.2010 19:46:44
Pa bravo be Filipe. Konecno da napises edna korisna kolumna, a ne samo napadi, obvinuvanja, i ne znam sto ti ne uste kakvi nekorisni i neproduktivni raboti. Se soglasuvam so tvojata konstatacija deka treba da se raboti na promena na idninata, no nemoj da zaboravas deka treba da pocneme prvo od sebesi. Namesto da sedime so skrsteni race i da pisuvame po vesnici, treba da izlezeme na teren i da pocneme so gragjanski inicijativi za mnogu problemi koi sto go kocat razvojot na nasata drzava. Prvo: za komunizmot...tocno e deka socijalistickoto ureduvanje na SFRJ vodeno od KPJ imase doblesti i pogodnosti za ovoj narod, toa e moze da se negira. No, vo isto vreme donekade i go osakati narodot nanacin sto golem del od nasiov narod i den denes ceka "nekoj drug" da mu dade rabota, da mu gi zavrsi negovite zadaci, da mu ja cuva negovata drzava, da mu ja garantira negovata bezbednost, itn. Znaci komunistickiot rezim kolku bese dobar tolku i ne cinese....
Од: Kristina
Датум: 22.05.2010 22:55:22
Definitivno reformi vo obrazovanieto!Ne stanuva zbor za kvalitetni kadri,tuku za nastavnite programi,nacinot na prezentiranje na materijalot i nacinot na ucenje sekako.Nemozam da ja razberam logikata na ispit od 1000str;bez pritoa da se obrne vnimanie na prakticniot del,na primeri i debati;koi kako sto napomena Filip ke ja razvijat kreativnosta i intelegnecijata. Od druga strana, zboruvajki za peridot na tranzicija i faktot deka znacitelen broj mladi odat vo pogresna nasoka(da ne kazam vo kor sokak)ne se slozuvam deka tie samite ne se vinovni. Zarem treba nekoj da im dade do znaenje deka vo zivotot treba da postavat visoki celi,prioriteti?Do koga opstestvoto ke bide vinovno za toa sto golem broj mladi seuste ziveat od mama i tato i nikako ne im doaga na pamet nesto da promenat.Dokolku se prisposobile na loso spored zaklucokot, zosto ne se stremat da go transformiraat vo dobro?Se dodeka od doma davaat i davaat za kafe-kafana sema, nema nikakva volja za nitu edna promena kon podobro!
Од: ?!
Датум: 23.05.2010 00:03:25
Единствен рецепт за да не биде и нас и светот воопшто е да си речеме дека ќе не биде.Инаку,вака,мислејќи дека светот се урива,личиме на човек на кој конзилиумот му кажал дека деновите му се избројани,па тој се зела да ужива растурајќи се пред себе.На многу народи пред нас тоа им се случувало.Но нашата одговорност е најголема,бидејќи располагаме со најсофистицирани средства и методи тоа да го направиме.Тие сиротите и да сакале не можеле,а затоа светот,еве до денес опстојува.Прашање е дали по нас се ќе биде по старо.Дали циклусот ќе го оставиме да си продолжи?Зависи од тоа дали ќе најдеме лек против засигурно дадената дијагноза која се вика сакале да признаеме или не,лудило при чиста свест.Се сеќавам кога старите за аџамиите велеа,луди години.Дали сите станавме аџамии?Какви ли аџамии сме биле сите,со седи бради,разбушавени коси.А,децата молат,да го слушнеме нивниот аџамиски вик.Остајтени нешто!Колку за расад ако не повеќе!
Од: Komentator
Датум: 23.05.2010 10:25:01
E.. kako de Filipco..ednostavno.. da ja preripame ...pa ponataka sto dade GOSPOD....!!! i onaka se krstime vo nego veke dva milenija....!!!

Најди! во Утрински
Мислења
Кариери на ригиден национализам