Како да се дојде до врвот во компанијата
Една петтина од извршните директори во Америка се поранешни извршни финансиски директори
Маркетингот порано беше отскочната штица за фотелјата на извршен директор, меѓутоа светот се промени. Сега, вели Моника Хамори, професорка по човечки ресурси во „Инстито де Емпреса“ во Мадрид, финансиските директори се тие кои најверојатно ќе ги добијат и највисоките функции, иако искуството во раководењето - управување со делови од компанијата - исто така, е од суштинско значење.
„ЦФО магазин“ (сестринска публикација на „Економист“), основан во 2005 година, открива дека една петтина од извршните директори во Америка се поранешни извршни финансиски директори, речиси двојно повеќе од процентот пред една деценија. Важноста на тримесечното финансиско известување и повнимателниот надзор од спроведувањето на Сарбенс-Оксли, Законот за корпоративно управување, го стави ЦФО во центарот на вниманието и му даде можност да блесне.
Друг фактор во стигнувањето до врвот е дали сте останале во компанијата во која сте се вработиле во младоста. Истражувањето на Хамори (со Питер Капели од Вортон школата во Филаделфија) обрна внимание на компаниите во „Ѕ и П 500“, „ФТСЕурофист 300“. Таа открива дека оние кои целиот свој живот го минуваат работејќи една професија доаѓаат на врвот за 22 години во Америка и 24 години во Европа. На „скокачите“ кои менуваат меѓу четири и повеќе компании ќе им бидат потребни во просек 26 години да станат извршни директори. Инсајдерите добиваат унапредувања што го рефлектира нивниот потенцијал, бидејќи нивните шефови имаат доволно информации да бидат разумно сигурни во нивната способност. Меѓутоа, кога извршните директори преминуваат од една во друга компанија, тие имаат помала тенденција да продолжат со искачувањето во хиерархијата, откриваат истражувачите.
Се намалува времето потребно за да се стигне до највисоката функција. Просечното време од првата работа до извршен директор се намали од 28 во 1980 година на 24 години во 2001. Успешните извршни директори трошат помалку време отколку што тоа беше случај на секое средно работно место - во просек по четири години - и на патот кон врвот тие минуваат пет функции, што е намалување од п��етходните шест места. Една причина за ова забрзување е тоа што хиерархиите на компаниите се поеднолични отколку што беше случај порано. Друга важна промена е доаѓањето на жени за извршни директори. Во 2001 година, жени беа 11 отсто од извршните директори на водечките американски компании, според истражувањето на Хамори/Капели, додека во почетокот на 1980-тите воопшто немаше жени.
Америка вообичаено се смета за дом на суровиот капитализам, со млади менаџери кои преминуваат од компанија во компанија и го пробиваат својот пат кон врвот. Меѓутоа, истражувањето на Хамори/Капели и она на консултантската компанија „Буз енд компани“ покажуваат дека за извршните директори Европа е подинамична и потешка средина отколку Америка или Јапонија. За почеток европските извршни директори се помлади, просечна возраст од 54 години, во споредба со оние во Америка кои имаат над 56 години. („Економист“) |