Опозицијата се сомнева дека се прави законска рамка за целосно партизирање на јавната администрација
Опозицијата вчера обвини дека се прави законска рамка за удомување на 30.000 партиски кадри на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во јавната администрација. Вакви намери опозиционерите препознаа во измените на Законот за државни службеници, чие прво читање вчера едногласно помина во парламентот.
Социјалдемократите го критикуваа законското решение со кое „министерот за правда, Михајло Маневски, ќе им овозможи експресно напредување во кариерата на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ“, но, гласаа за потребата од донесување.
Признанието на разрешениот министер за финансии, Трајко Славески, дека овој ресор една година е без државен секретар, поради тоа што „со премиерот не успеале да најдат заедничко решение“, за поранешниот премиер, пратеникот од СДСМ, Владо Бучковски е само уште еден доказ за намерите за целосна партизација на администрацијата. Во прилог на ваквото тврдење, а и како своевиден куриозитет, тој го посочи и минатонеделното „појаснување“ од Владата дека државниот секретар во Секторот за евроинтеграции, Перо Димшоски, бил вработен со договор на дело!
„Треба реално да ја погледнеме бројката на партиските војници кои се дел од администрацијата, а немаат статус на државни службеници. Се сомневаме дека нивната броја во државната администрација е 10.000, а во јавната администрација вкупно 30.000“, рече Бучковски. За него се неприфатливи и условите за напредување во службата. „Нема држава во Европа каде што за пет години се доаѓа до највисокото скалило во службата. Затоа и ни се случува Собранието да избира приправници за министри“, заклучи Бучковски.
Неговата партиска колешка Славица Грковска-Лошкова го праша министерот за правда, Маневски, „ зошто се плаши од ЕУ и зошто пред законот нема европско знаменце, па да оди во забрзана процедура“. Таа го потсети Маневски дека уште во март сме добиле препорака од Брисел, колку што е можно побрзо да направиме поефикасна јавна администрација. Притоа, додаде дека наместо професионална, ќе има партиска администрација за членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката Весна Бендевска од СДСМ е убедена дека со споменатите законски корекции, државни секретари ќе можат да бидат и луѓе кои немаат ниту еден ден статус државен службеник. Бидејќи, единствен услов за тоа е тие да биле на раководна функција во јавна администрација.
Според пратеникот Васко Шутаров од ВМРО-ДПМНЕ, опоз��цијата манипулира со бројките, па затоа ја повика обвинувањата да ги поткрепи со докази. „Доколку опозицијата сакаше да ја деполитизира администарцијата, немаше да стави висок партиски функционер на чело на Агенцијата за државни службеници, како поранешниот министер за локална самоуправа, Александар Гештаковски. Тоа беше врвен чин на политизација на Агенцијата на државни службеници“, изјави тој. Шутаров негираше дека целта на овие законски измени е да се смени Гештаковски.
Нагласувајќи дека овие се 17 измени на Законот за државни службеници тој констатира дека „јавната администрација е се' уште во тесни чевли и оди со ситни чекори напред“. Како што рече тој, „никој не тврди дека администрацијата е целосно деполитизирана, но ова е чекор за нејзина деполитизација“.
Voopsto neka ne se somneva opozicijata, javnata administracija veke odamna e partizirana. Uste od koga e sozdadena od 1945 godina, pa navamu. Site ja partizirale, komunisti, sdsmovci, vmrovci...i vo idnina koj kako ke idi ke ja partizira. Se dodeka nasite partii se postaveni vaka kako sto se i se dodeka vo ovaa drzava ne se znae sto e dobro i vredno, a sto ne.
Од: pero
Датум: 14.07.2009 08:16:46
Пиши партиски цепеници....................
Од: Оли Јулчовски
Датум: 14.07.2009 09:53:13
Војводата Лубчо ни остави околу 30 илјади неписмени Вмровци во администрацијата,па затоа нека не се буни опозицијата,Едноставно Вмровците си го згрижуваат членството,А не како
господинот Црванковски,никогаш членовите на СДСМ нема да му ја заборават одлуката од 2002
кога нареди да не се вработуваат луге од надвор на институциите ами да се назначуваат раководители од вработените во фирмата,така се што беше вработено на договор кога во 2006
дојдоа,,метларита,,Вмровци си отиде дома.Затоа и цела администрација е неписмена и Вмровска.
Од: Трпе
Датум: 14.07.2009 10:23:43
Бидејки,помина времето кога се регрутира војници(кога беше задолжителна) ,дојде времето кога се регрутират државни службеници.Мора да има за секои избори лајачи и лепачи.Ова војска работи од избори до избори а сега плата земат само за клати врата (слушам некои и не се појавувале на работните места каде се евидентирани )Многу ми се интересни дпмне-овците,многу мерак имат да копат низ историјата,те тогаш било така де тогаш било онака.Им препорачувам да се крстат во мистер Рејтинг.Но кога ќе му помине времето да не се каат.
Од: zore
Датум: 14.07.2009 13:22:41
tocno e deka administracijata e partiska, no toa e poradi sto taa e prepolna so kadri na sdsm
Од: bez bubuljici
Датум: 14.07.2009 13:29:28
A sto e so onie koi so godini rabotat so dogovor na delo, a sega preku agencii za privremeni vrabotuvanja. Tie lugje nemaat li semejstvo, ne treba li nisto da planiraat, prosiruvanje na semejstvoto, stanben kredit i sl? Koga ke se primeni zakonot t.e. koga site so nad 4 god. koi rabotat na ovoj nacin po avtomatizam ke dobijat resenie za vrabotuvanje bez ogled koj e na vlast?
Koga???
Од: trale
Датум: 14.07.2009 14:53:37
Se e ova poznato. I premieri bez rabotno iskustvo (B.C.; Lj.G.) i se i seshto. No toa ne e najstrashno. Najstrashno e shto se vrabotuvaat kadri od Kosovo bez Makedonsko drzavjanstvo i bez poznavanje na mak. jazik.