Број 3365  понеделник, 23 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Изградбата на новиот трговски ги уништи игралиштата на „Партизан“

Деспина Трајковска

За само нецел час вчера заминаа во историјата дел од неколкудецениските игралишта на СРЦ „Партизан“. Тие потонаа во земја по налетот на багерите ангажирани од „Мен фешн“, која си расчистува простор за изградба на трговски центар. Малкумина од вработените од спортскиот центар вчера беа сведоци на уништувањето на игралиштата. Иако револтирани оти наводно инвеститорите недозволено им узурпираат и уништуваат дел од имотот, тие останаа беспомошни. Со образложение дека е неработен ден, ниту Градежната инспекција од Општина Карпош ниту кој било друг надлежен не одговори на апелите од СРЦ „Партизан“ да изврши увид на теренот. Багерите уништија половина од фудбалското игралиште кое рекреативците го користеа буквално до завчера, а очигледно беше оти ќе биде сотрено уште едно помошно повеќенаменско игралиште.

„Ова е невиден упад на инвеститорот, без соодветно одобрение влегува во наш имот, згора на се' во недела кога никој од надлежните не работи за да интервенира на терен. Во случајов, сметаме дека станува збор за класична измама, бидејќи од Општина неодамна ни потврдија дека маркичката за трговскиот центар не навлегува во нашиот имот“, револтирано вчера изјави Крсте Станковиќ, раководител на „Партизан“, кој најави дека денеска ќе инсистира општинарите да ја прекинат изградбата, односно расчистувањето на теренот и веднаш да го разрешат случајот.

Разбирливо, поради неработниот ден, вчера немаше кој да објасни од Општината дали инвеститорот има дозвола за копање на теренот на „Партизан“ и дали воопшто ја обезбеди дозволата за градба откако неодамна ги уплати комуналиите. Недостапни за коментар останаа и од „Мен фешн“.

Инвеститорите на просторот помеѓу салата „Партизан“ и булеварот „Партизански одреди“ планираат да градат ексклузивен трговски центар вреден речиси 110 милиони евра. Трговскиот ќе се простира на површина од 113.000 квадратни метри, а ќе има приземје и два ката. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет до 2.000 места. Во трговскиот ќе има исклучиво комерцијален простор, бутици, кафетерии, место за забава, содржини за деца и, воопшто, катчиња како во сите светски шопинг-молови. Трговскиот е предвидено да се изгради во рок од две години.


#
Статијата е прочитана 1719 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Мирче Јовановски
МЕРИДИЈАНИ
Луиџи Зинфалес
Мислења
Ана Павловска-Данева

Џенифер Анистон
Трета шанса за Џон Мејер