Број 3466  сабота, 25 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Site Meter
Фељтон

Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (14)

Македонските емигранти не беа екстремни

„Стремежот на нашите иселеници за обединување на Македонија беше природен“, вели Трајан Бавтироски

Виктор Цветаноски

„Службата за државна безбедност сметаше дека голем број македонски емигранти се екстремисти. Меѓутоа, тие не беа екстремни. Беа многу едноставни и добродушни и ја сакаа Македонија. Тоа беше голема грешка на тогашната власт, зашто таа не можеше да разбере дека нивната загриженост за Македонија не е екстремизам, дека е тоа природна појава“, вели Трајан Бавтироски, кој речиси цел работен век контактирал со нашите во странство, како секретар на Матицата на иселениците, а беше и генерален конзул на СФРЈ во Мелбурн.

Тој вели дека ретко некој од тогашните македонски политичари го сфатил тоа. Дека Македонците во дијаспората не и' се непријатели на Македонија, се уверил и самиот Томе Буклески – Маќули, кој бил во Австралија како претседател на Матицата. Штом се вратил, во извештај напишал дека стремежот на Македонците за обединување и осамостојување на Македонија е природен стремеж на секој народ. Тоа била храбра процена, бидејќи истовремено тој бил и член на Извршниот комитет на ЦК СКМ. Според Бавтироски, за екстремно однесување се сметало дури и тоа ако во новогодишните календари што ги испраќале преку океанот имале и фотографии на знаменитости и места од другите делови на Македонија.

„Македонските, за разлика од други иселеници од бившите југословенски републики беа многу лојални кон Македонија, а еден дел и кон тогашната југословенска држава. Некои од нив имаа резерви кон Југославија и тоа го кажуваа јавно. Кога ќе разговаравме, на пример, за патни исправи често прашуваа зошто нема македонски пасоши или македонски пари. Никогаш не се организира против Југославија. Постоеше ДООМ на Драган Богдановски, организација која имаше многу приврзаници во Европа и во А��стралија, но таа не преземаше никакви антидржавни активности. Убиството на амбасадорот Владимир Роловиќ во Шведска и другите напади на југословенските дипломатски претставништва беше работа на хрватската и на емиграцијата на други републики“, објаснува Бавтироски

За да ни го илустрира патриотскиот односот на нашата емиграција кон Македонија, тој го посочува примерот на познат Македонец од Леринско, Тели Мариовчето. Тој неколку мандати бил претседател на организацијата Обединети Македонци и сите сметале дека е радикален и голем противник на Југославија.

„Во Македонија доаѓаше често, а мене постојано ми поставуваше прашања од кои ми се смачуваше – ’Дали ќе се обедини Македонија?‘. ’Кога ќе се отцепи од Југославија?’. ’Зошто немате македонски пасоши и пари‘. Јас му објаснувам, а тој се' исто прашува како да не ме разбрал за на крајот да ми речи: ’Не е така‘. Го разбирав и него и сите Македонци кои така дискутираа. Тоа беше нивна природна желба, особено на оние што беа прогонети од егејскиот дел на Македонија, кои практично не ја доживеале слободата што ја доживеавме ние по Втората светска војна“, подвлекува Бавтировски.

Кога Тели Мариовче едно лето дошол во Македонија го замолил да отидат во Битола за да ги пречекаат „некои“ негови роднини, учители во Лерин. Додека патувале за Скопје тој истиот Тели, кој постојано ја критикувал Југославија, на неговите роднини им говорел се' најубаво за Македонија.

„Го слушам и се чудам. Другиот ден го прашувам: ’Тели, што ти стана, така да ја фалиш Македонија‘. ’Ја кажував вистината, им зборував тоа што е Македонија‘. ’А тоа што ми ја вадиш душава секој ден и што ми удираш контра и реагираш на се' што ќе ти кажам?‘, му велам. ’Да ти кажам искрено, јас тебе намерно те провоцирам, зашто убаво ми е на душата кога ќе слушам работи што ти ми ги кажуваш за Македонија‘. Него во Торонто го вбројуваа меѓу најекстремните Македонци. Дури некои го клеветеа дека шурувал со Бугарите. Навистина тој ги провоцираше, но никогаш не соработуваше со нив. Обединети Македонци немаа антијугословенски активности. Ниту еден македонски иселеник не крена рака против никого, дури ни против Србите, со кои не се трпеа. Единствен нивен грев беше што ја сакаа Македонија и говореа за нејзино обединување, дури и за отцепување од Југославија, но не преземаа никакви чекори на тој план“, вели Бавтировски.

Истовремено тој подвлекува дека во неговиот долг работен век многу видел, разбрал и чул многу нешта за Македонците во странство за кои се интересирала и Службата за државна безбедност.

„Јас не можам да ги одделам работите на Службите за безбедност од тогашниот систем. Тие настојуваа да бидат во контакт со нас во Матицата и тоа го правеа доста дискретно. Доаѓаа кај нас и обично се интересира кој иселеник кога дошол и зошто, кој што рекол, дали имал нешто против државата? И тогаш, а и сега го мислам истото - мене не требаше да ме убедуваат да ги информирам за работи за кои мислев дека можат да бидат закана за државата, за мене, за жената, за децата, за мојот имот. Посебно сакам сериозно да нагласам, дека од самиот почеток нив им давав до знаење од мене да бараат мислења какви што очекуваат, туку дека можам да им го кажам она што ќе го чујам и ќе видам. Нашата соработка не беше на објект и субјект, туку на два субјекта, кои се грижат за безбедноста на државата“, ја објаснува Бавтироски неговата улога како секретар на Матицата на иселениците и како генерален конзул во Мелбурн.

Тој вели дека се случувало за многу работи од интерес за државната луѓето од македонските служби да се согласат со неговото мислење и да не го преземаат она што го наумиле. „Имаше еден нашинец од Македонски Брод, живееше во Њу Џерси кој едно лето дојде на одмор во Македонија. Од државна безбедност ми рекоа дека ќе го уапсат и ќе го изведат пред судат, бидејќи избегнал да служи војска. Јас им сугерирав да не го апсат поради неколку причини. Тој и пред тоа беше дојден во Македонија неколку пати и ако сакале требало да го апсат првиот пат. Им објаснив дека неговото затворање може да предизвика сериозни импликации зашто беше државјанин на САД. Еднаш во Њу Џеси го видов со шерифска значка. Ги предупредив дека може да се најдат во ситуација да го пуштат и дури да му се извинуваат. Ја прифатија мојата сугестија“, раскажува Бавтироски.

Тој нагласува дека кога ��е расправало за македонските иселеници никој не се интересирал зошто некои од нив говореле против државата, никој не ги согледал мотивите за таквото однесување и не се запрашал што им тежи на душата за така да реагираат. Бавтироски вели дека е нормално секоја држава да се штити. Кога како генерален конзул пристигнал во Мелбурн му се јавиле од тамошните власти и му рекле дека одвреме навреме ќе доаѓа кај него човек од федералната полиција. И доаѓал редовно. Ги поставувал истите прашања што му ги поставувале од државна безбедност во Македонија: „Дали има луѓе што не се расположени спрема Австралија, што говорат тие, дали преземаат нешто против неа?“

„Кога се вселив во станот, вториот ден телефонот замолкна. Јавивме во пошта, дојдоа и ни рекоа дека апаратот нешто не е во ред и ставија нов. Знаев што значи тоа, па на човекот од федералната полиција на смеа му велам, ако сакам, можам да им давам и погрешни информации додека ме прислушуваат. Се насмеа и ништо не ми одговори. Пред да стасам во Австралија, се случи еден инцидент во генералниот конзулат во Сиднеј за време на демонстрации на Хрватите. Кога се обиделе да влезат во зградата, конзулот исплашен пукал во таванот, а одбиениот куршум погодил едно дете. Тогаш беше извршена голема рестрикција на оружјето што го поседуваа дипломатските конзуларни претставништва на Југославија. Кај нас во Мелбурн оставиле само два револвера, еден за конзулот за безбедност, а другиот за генералниот конзул. Кога пристигнав човекот задолжен за безбедноста на конзулатот, ми го донесе дома и ми рече дека треба да го носам за секој случај. Не го зедов. Сметав ако некој сака да ме убие јас сигурно не ќе можам да се заштитам. Еднаш федералниот полицаец ми вели: ’Поради тоа што не го зеде револверот ние мораме да те обезбедувавме кога шеташ низ паркот‘. Значи, знаеле се' за мене, па дури и тоа дека не сум го сакал оружје. Ова го кажувам за да направиме споредба со тогашната УДБ-а. Безбедносните служби секаде се исти, колку и да е демократска некоја земја таа мора да се штити. Кога го велам ова не мислам на служби кои се деформирани и во кои има луѓе кои ги злоупотребуваат овластувањата. Вистинските безбедносни служби го штитат интересот на народот. Кога се во прашање државните интереси ние и денес треба да соработуваме со македонската служба за безбедност, но чесно, а не да кодошиме некој што не ни се допаѓа. Или како што сега се случува кај нас да си ги вадиме очите“, заклучува Трајан Бавтироски.


#
Статијата е прочитана 3043 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 25.12.2010 13:29:19
Stremezhot na nashite iselenici sigurno deka ne beshe ekstremen, no vo totalitarna drzhava kako shto beshe Titova Jugoslavija se odeshe i za pomali grevovi vo zatvor. Beshe dovolno samo da se komentira deka povekjeto makedonski revolucioneri se chuvstvuvale bugari za da se zavrshi vo zatvor kako najgolem zlostornik. Vo ostanalite komunistichki diktaturi pravoto na nacionalno opredeluvanje ne beshe problematichno.
Од: Bogomil
Датум: 25.12.2010 15:55:43
Господинот Култивиран Балканец, ека е Балканец, нема сомнеж, ама за она -култивиран, му се неопходни многу повеќе докази. Ако фрлиш камен по Титова Југославија, стануваш херој. Ако коментарот му е срочен како реакција на ставовите на Бавтировски во фељтонот, тогаш во општо не ги разбрал, а можеби и не ги прочитал. Човекот толку просто ги разложува и објаснува состојбите во македонското иселеништво и активностите на безбедносните служби, што депласирани се флоскулите од типот ,,се апсело во Титова Југославија,, доколку некој кажел дека ,,повеќето македонски револуционери биле Бугари. Ептен забеганост. Болникави мисли и не без тенденција од некои ,,култивирани,, постојано се пласираат, спакувани божемно коментар. А што се однесува до патриотските чувства на нашите иселеници, не треба многу докази. Македонија е нивниот непребол без разлика од кој нејзин етнички дел потекнуваат.
Од: realen
Датум: 25.12.2010 16:38:35
Edno ne mozam da svatam. Koga eden Albanec zboruva za golema Albanija o odma se etikatira za nacionalist, irendedist. A za makedonceto ako zboruva za Obideneta (golema) Makedonija se opravduva zosto ja saka Makedonija.
Од: ТОА Е ЉУБОВ КОН МАКЕДОНИЈА
Датум: 25.12.2010 19:04:16
Па на некој начин пак ке ја живееме како да е во нешто обединета. Грците вака реагираат абе овие Грци се ама со македонско потекло којзнае што ке им текне. исто како јас што не им верувам на Србите од Македонија а станале Македонци. Тоа и Грција и Бугарија и Албанија го знаат. А во сите три има четири милиони луге со македонско потекло. На неко им е чудно. Да ппред сто години имало повеке Македонци од Грци Срби и Бугари. Па каде се тие луге. Тука се на Балканот и еден милион во светот. Околу седум милиони.
Од: slave
Датум: 26.12.2010 01:21:38
Granicite vo Evropa po 2.Svetska Vojna se potvrdeni na Jalta od Stalin, Cercil i Ruzvelt. Ne e tuka kriv ni Tito ni Jugoslavija, nitu nekoj mozel da ocekuva deka Jugoslavija ke vrsi invazija na zemja od grupata pobednicki vo 2. Svetska vojna.
Од: do KB
Датум: 26.12.2010 05:49:04
A vo istocniot sosed,ako nekoj kazal deka e Makedonec,ne samo zatvor i zivotot vo opasnost mu bese.I sega tamu situacijata ne e mnogu poinakva.
Од: „Љубов кон Македонија“
Датум: 26.12.2010 11:38:42
На Македонија не и е потребна љубов на луѓе со фашистички идеи како тебе.Секогаш,задоен од омраза кон сите,ги пишуваш истите небулози. Човек полн со омраза како тебе,не може да има љубов кон ништо!
Од: Risto Andov
Датум: 26.12.2010 18:10:27
Втората половина на 20-от век, меѓу другото, преставуваше период во кој слободно се остваруваа разни вистини. Бившата држава СФРЈ беше комунистичка, додека политичката номнклатура настојуваше да наметне и оствари нов југословенски идентитет. Како што им е познато на објективните субјекти, голем број граѓани го прифаќаа новиот идентите! За жал, истиот не беше ни прифатлив ни прикладен за Македонците во дијасоирата во глобална смисла, собено оние со потекло од пиринскиот и егејскиот дел на Македонија. Незаштитени и со дилеми, Македонците беа изложени на манипујации, присвојувања и малтретирања од бугарски, грчки и српските шовинисти, додека од некои националистички еленмени во југословенската диплонатија беа третирани како непријателски елемент, иако не преземаа пријателски активности. За разлика од Македонците, хрватските и српските националисти безрезерво покажуваа непријателство кон комунистичка југославија. Еве сега, разни муфљузи, манипулираат со низа факти призволно!!!

Најди! во Утрински
Фељтон

"""