Што прават денеска
Есма
пејачка
Во денешниов ден влегувам со особена радост. Вечерва приредувам еден вид матурски коктел за деветмина штитеници на Домот на деца без родители „11 Октомври“, кој неодамна матурираа. Се радувам за нивната истрајност, храброст и успех. За нивниот нов почеток во светот на возрасните ќе им подарам по 100 евра.
Благој Мицевски
костимограф и сценограф
Интензивно работам на костимите за претставата „Калеш Анѓа“, што се подготвува во Битолскиот народен театар за средината на јули. Паралелно ја организирам и работата на костимите за „Хамлет“ на Драмски театар, кој ќе се игра на „Охридско лето“. Радосна вест ми е дека се подготвени костимите за „Љубљанско лето“ за балетот на Рисима Рисимкин.
Магдалена Ризова-Черних
актерка
По осумдневно речиси деноноќно снимање на „Македонски народни приказни“ во Битола, т.е. во селото Маково, овие два-три дена, од вчера само се одморам и ништо не работам. Веќе во петок продолжуваме со снимање нови епизоди, со исто осумдневно ударнично темпо. |