Број 3388  среда, 22 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Настојувате да бидете во центарот на случувањата. Искористете го талентот за пропаганда на адекватен начин. Не трачарете без потреба, трошејќи ја енергијата на личности што не го заслужуваат тоа. Може да бидете изневерената страна, но може и да очекувате финансиска добивка.



БИК

Благодарение на изразената ментална активност, влијаете врз околината. Добивате заслужено признание, според ситуацијата во која се наоѓате. Проблем на денот може да се јави доколку се конфронтирате со партнерот. Потрудете се се' што ќе ви каже тој, да влегува од едно уво, а од друго да излегува.



БЛИЗНАЦИ

Желбата за комуникација и усовршување е зголемена. Доколку се обидувате правилно да насочите некој близок, нема да успеете. Бидете внимателни. Тоа може целосно да ви ја извлече енергијата. Избегнувајте расправии и не оптоварувајте ги луѓето. Потрудете се да си го зајакнете имунитетот.



РАК

Моментално не сте способни да донесувате важни одлуки, затоа потрудете се да одложите се' што е во таа насока. Не реализирајте некакви планови, нема да ви оди од рака. Потрудете се да бидете трпеливи и да го почекате вистинскиот момент. Извлечете порака од моменталната ситуација ако сакате да ја пребродите кризата.



ЛАВ

Само со работа ќе заборавите на лошите ситуации и проблеми. За депресија имате време, работата е на прво место. Бидете смирени и ладни како само што вие знаете и умеете во слични ситуации. Не сте расположени за расправии, бидејќи ве очекува материјална добивка.



ДЕВИЦА

Ви се нудат две варијанти, а на вас е за која ќе се определите. Пријателите почнаа да ве оптоваруваат на агресивен начин, пожелно е да ги елиминирате на кратко. Некој се труди да ги минира вашите ставови. Не дозволувајте кој било да влијае врз вашиот живот.



ТЕРЕЗИЈА

Прекрасно се чувствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Се' зависи од вашите афинитети. Некои од вас очекуваат работна експанзија, а некои се во нова интересна врска. Денот е полн со нови и пријатни случувања, препуштете се на себе на својствен начин. Борете се за своите права.



СКОРПИЈА

Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле, денес тоа со леснотија ќе го завршите. Поради нешто стравувате, но непотребно. Имате лоши искуства, па не сакате да ви се појават слични непријатности. Активирајте ја фантазијата и занимавајте се со креативна работа.



СТРЕЛЕЦ

Искористете го моментот, бидејќи со одлучна акција ќе ги решите проблемите. Поделени сте меѓу желбата и фантазијата. Не ви е лесно, но морате да бидете трпеливи. Успевате да го остварите тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате лесно. Насочете се кон здравјето.



ЈАРЕЦ

Окупирани сте со семејни проблеми. Сакате на што подобар начин да го решите станбениот проблем. Среќни околности ви одат од рака. Воопшто не внимавате на здравјето, намалете го алкохолот. Партнерот ве поддржува во се', слушајте ги неговите совети.



ВОДОЛИЈА

Пожелно е да го искористите оптимизмот и потребата за партнерство ако сакате да ја остварите тимската соработка. Денот е во знакот на друштвените и професионални контакти. Доколку сте максимално попустлви, ќе ги сносите последиците. Не нервирајте се и одморете се.



РИБИ

Вашите планови немаат многу врска со вистината, затоа бидете внимателни. Посебно обрнете внимание на своите афинитети. Сакате без напор да остварите разни цели, но ќе наидете на многу проблеми. Половина од она што ви се нуди ќе го фрлите во вода. Се надевате дека дел од проблемите ќе ги елиминирате.






#
Најди! во Утрински



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing