Број 3342  понеделник, 26 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Невремето ги запали цените на земјоделските производи

Родот е намален од 30 до 50 отсто, она што се произведува се извезува, па слабата понуда ги крева цените

Александрија Стевковска

Временските непогоди, кои во последниот период се речиси секојдневна појава, го опустошија земјоделството. Родот е намален од 30 до 50 отсто, она што се произведува во најголем дел патува на пазарите од регионот, па слабата понуда на она што останува на домашниот пазар достигнува астрономски височини.

Еве и да се подзамижи пред фактот дека земјоделските производи како никогаш досега во овој период од годината го горат семејниот буџет на секое семејство, не може да се затворат очите пред најавата дека цените и натаму ќе растат. Земјоделците, од една страна, оштетени, од друга страна, офајдени од високите цени на она што останало недопрено од невремето, се во недоумница каков ќе биде крајниот есап од оваа производна сезона.

Едно е сигурно! Губитници ќе има многу.

Во нивните редови веќе се влезени потрошувачите, но и производителите чие производство е мало и целосно уништено, па сега немаат ни род ни пари. Освен што го изгубиле родот, тие ќе немаат ни обесштетување, бидејќи никој од помалите производители не ги осигурува посевите.„Не можам да кажам дека цените на производите ќе одат нагоре, бидејќи нив ги диктира пазарот, но факт е дека невремето однесе повеќе од 30 отсто од родот, а најдобар пример за тоа се доматите. Оние што останаа на нивите, пак, останаа без доволни сончеви денови да созреат, па понудата дополнително се редуцираше. Тоа и досега ја држеше висока цената на овие производи на пазарот, а со оглед на тоа дека слична е ситуацијата и на регионалните пазари, па голем дел од производите се извезуваат, одржување на високите цени, па и нивни раст е невозможно да се избегнат“, вели производителот Ристо Тасев.

Освен раст на цените на градинарските производи, веројатно, е и поскапувањето на житните култури, кои предвреме ги оженеаја дождот и градот, што ги имаше во некои региони. Тоа значи дека житото ќе оди како алва, бидејќи освен владината мерка за врзување на увозот со откупот на домашната пченица и недостигот ќе си го направи своето, па целиот род ќе се продаде и тоа, веројатно, по добра цена. Тоа, пак, сосема извесна ја прави новата цена на лебот, која најверојатно веќе од есен ќе го земе својот данок од потрошувачката кошница.

„Невремето го зеде најголемиот данок кај пченицата каде што се намалени приносите, но и квалитетот. Нечепнати не останаа ниту другите култури, кои помалку или повеќе ги уништи невремето. Десеткуваните приноси, плус извозот ги подгреа и онака високите цени на сите култури. Најлошото во целата ситуација е што очекувам цените и натаму да растат. Од оваа ситуација делумно се офајдија земјоделците, бидејќи доживеаја високи откупни цени, но тоа оди на сметка на помалиот принос, што во крајна линија и не е некој плус. Како и да е, губитници се и потрошувачите и производителите, а кој колку, ќе покаже крајната сметка“, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци. Намалени приноси од глобалните климатски промени се регистрирани кај речиси сите градинарски култури, освен кај зелката.

Производителите велат дека помалите приноси ќе се одразат врз целиот синџир на производство, ќе има помалку и поскапа храна за луѓето, но и за животните, чија исхрана ќе биде поскапа, а сето тоа, пак, ќе доведе до поскапување на млекото, месото... Спиралата на поскапување е одвртена, велат тие, и ништо нема да може да ја запре. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 1733 пати.

Испрати коментар

Од: Vasil
Датум: 26.07.2010 08:40:21
Kako sto moze zemjodelcite, da protestiraat i da barat minimalna granica za nivnite proizvodi, sega graganite treba da izlezat na protest so baranje za maksimalna granic. Ako se visoki cenite velat ne e do nas pazarot gi diktiral cenite, a ako se niski drzavata e kriva Mn pametni tie
Од: vesna
Датум: 26.07.2010 12:12:43
PA site sme na fakultet nema koj da sadi !

Најди! во Утрински
Економија
Седум европски банки не го поминаа стрес-тестот
Извршниот директор на БП поднесува оставка
Симболите на водечките светски монети - случајност или намера
Грција ќе ја добие втората рата од ЕУ и од ММФ