Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
На прво место

Затворите ќе добијат нов лик


 Целосно менување на ликот на македонските затвори со нивна комплетна реконструкција, најави вчера министерот за правда, Михајло Маневски, зборувајќи за Проектот за реконструкција на казнено-поправните установи. Тој додаде дека со него ќе се надмине лошата слика за казнените домови.

Вкупниот износ на проектот изнесува 52.000.000 евра, од нив 46 милиони се заем од банката за развој при Советот на Европа, Македонија ќе учествува со 2.500.000 евра, а останатите се од ИПА 2009 и ИПА 2010, како и од Фондот за инфраструктурни проекти и од владата на Норвешка.

„Со реализација на овие средства и изградбата на новите капацитети целосно ќе се промени ликот на затворите во Македонија, односно ќе се обезбедат услови за функционирање на затворите според европските стандарди“, изјави министерот Маневски.

Тој информираше дека ќе се реновираат и ќе се изградат нови објекти во казнено-поправниот дом „Идризово“, воспитно-поправниот дом Тетово, затворот „Скопје“ и кумановскиот затвор.

Во „Идризово“ со изградбата на нови објекти ќе се зголеми сегашниот капацитет од 900 на 1.510 лица. Ќе се гради ново приемно одделение, затворено, полуотворено, нови одделенија во Женскиот затвор, здравствено одделение.

Градежните работи во четирите установи ќе стартуваат во 2011 година. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 483 пати.

Испрати коментар

Од: Andon
Датум: 22.05.2010 02:02:41
Eden minister od edna vlada od nekoja drzava, pri obikolka na instituciite na drzavata so svojot sef na cabinet pristignuva vo edna bolnica I zapoznavajki se so teskite uslovi vo istata, dava nalog na sefot na kabinetot paricno da I se pomogne na istata so 100 evra. Pri slednata poseta na edna detska gradinka, od humanitarni pricini ministerot I dodeluva 150 evra. Najposle go posetuvaat drzavnot zatvor, kade sto najmogu se zadrzuvaat I ministerot dava nalog za donacija od 2.000 evra. Sefot zbuneto prasuva: gospodine minister, ako smeam da prasam zosto prethodno dadovte malku, a ovde mnogu. Ministerot nervozno odgovara: Dosta be budala eden, da ne mislis deka posle funkcijata ke odime vo detska gradinka.
Од: Durmolski
Датум: 22.05.2010 13:21:13
APSURD,vo 2015 godina zatvorenicite ke imaat podobri uslovi za ziveenje od ucenicite,studentite i site onie prosecni makedonski semejstva koi sto vrzuvaat kraj so kraj.
Од: XXL
Датум: 23.05.2010 12:54:50
Nasata mila ni zemjicka ..polna e so cudata..Da..konecno treba da se renoviraat zatvorite..koi licat na zatvor od "Grofot na Monte Kristo."..Se prasuvam sega.. koga ke se doteraat po EU standard ..i kriminalci i nevini ..ke "jurisaat" na toj standard ..barem vo apsana da vidat sto e Eu standard na delo mislam...!!
Од: Stojko
Датум: 23.05.2010 16:57:38
Samo sto sakav da dadam komentar zosto zatvori da se gradat a ne bolnici i skoli, ama Andon mi gi otvori ocite.

Најди! во Утрински
На прво место
МПЦ не замина на чествувањето на Св. Кирил во Москва
Тарчуловски се надева на помала казна