Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

Сами себе си аплаудираа

Слободанка Јовановска

Претежно благо, малку солено и умерено забиберено.

Вака шефот на дипломатијата Антонио Милошоски реагираше на извештајот на Европската комисија за успехот на Македонија во остварувањето на реформите годинава. На скалата на објективноста тој се искачи високо пред премиерот Никола Груевски, кој тврдеше дека во сите погл��вја во кои не' оценуваше ЕК власта добила позитивни оцени. За ваквото игнорирање на реалноста Груевски доби помош токму од Европската комисија, која не сакајќи да ја загрози препораката за преговори се надмина себеси, па ни подготви позитивно-негативен извештај за секакви оцени и употреби. Свесно или не, Брисел испрати порака оти прагот на неговата издржливост е голем и дека, ако е решен да даде позитивна политичка оцена, нема лимит колку може да се изигруваат реформите.

Тоа ја објаснува и ароганцијата со која вчера претседателот Ѓорге Иванов го повика евроамбасадорот Ерван Фуере да му објасни зошто во извештајот на ЕК никаде го нема зборот „македонски“, иако таквата политика на ЕУ не е од вчера, туку е правило што се применува со години. Во стилот на поговорката -село гори, баба се чешла, претседателот се фати за оваа податлива тема за да го сврти вниманието на јавноста од вистинските проблеми што во извештајот и тоа како ги има. Некои од нив се директниот упад на министерот за правда во судовите, незаконското прислушкување, уништувањето на економијата со прекумерни вработувања во јавниот непродуктивен сектор, страшниот притисок врз медиумите, крахот на главната владина политика за економска преродба, зголемените банкротства, игнорирањето на корупцијата во политиката и главната - дека Македонија годинава одела назад, а не напред во реформите, па и дека е спорен правецот во кој оди, со партизацијата и сеприсутното политичко влијание. Место да го објаснат тоа, претседателот и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера продаваа патриотски филмови, па и сами си даваа аплауз, надевајќи се дека се' уште има наивни граѓани што ќе заборават на состојбата во џебот и на статусот, а новинарите тоа дека веќе шеста година Македонија стои во место, додека другите во регионот одат напред. Со ваква манипулација, да ти се смачи да бидеш патриот и да го браниш името на државата.

Во најсериозна варијанта претседателот вчера им испрати експресна порака на функционерите во Брисел дека тоа што тие го нарекоа политичка реалност не допира до нивната свест и дека, не' фалеле или не' критикувале од ЕК, властите нема да преговараат туку ќе спорат за името. Годинава, најдецидно од кога било, еврокомесарот Штефан Филе го услови преговарањето со Унијата со решавање на спорот, ослободувајќи се и од дипломатската фраза дека тоа не е услов, но е пречка да се донесе одлуката во Советот.

Вака, еден месец пред гласањето во Европскиот совет за повторената препорака за преговори да се форсира политички судир со Брисел, за домашна, а можеби и за меѓународна употреба, е самоубиствен потег на штета на интересите на граѓаните во Македонија и на штета на преговарачката позиција на државата, ако воопшто има таква. Исто како поклонувањето пред картата на голема Македонија пред самитот на НАТО во Букурешт, исто како кавгаџиското препукување со Грција пред секое битно гласање во ЕУ и исто како минатогодишниот манир на однесување пред и по извештајот на ЕК. Односно фини и претпазливи додека не се добие позитивна оцена за реформите, а нерационални веднаш по неа.

Она што никого не го интересираше вчера е дека Македонија по одлуката да и' се даде кандидатски статус на Црна Гора и по најавата дека идната година истото може да го добие и Србија, па и двете земји да почнат преговори за членство, останува во групата на малку надежни држави, чии перспективи се затвораат како што поминува времето. Сериозен спор има и Србија, која треба да се откаже од територија и да си ја смени границата, па нашите поплаки колку ЕУ ни прави неправди ќе станат банални кога таа и другите во соседството едно по едно ќе ги затворат отворените прашања и ќе ја остават зад себе Македонија со Косово, БиХ и, евентуално, Албанија.


#
Статијата е прочитана 2009 пати.

Испрати коментар

Од: А ШТО ТРЕБА
Датум: 11.11.2010 13:29:55
Да не треба да се самопоништиме за почеток на преговори. Леле со ова вртење во круг. Европа да и ги скрати пипците на Грција. Доста со поделби ај вие што сте за решение кажете како.
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 11.11.2010 13:30:56
Najprirodno bi builo nasata mila drzavicka da odi vo EU zaedno so Kosovo.
Од: Anakreon,Vlav vo Germanija
Датум: 11.11.2010 15:06:17
Eve jas ke vi davam predlog,kako da se resi sporot so imeto:ILIROSLAVIJA,bidejki toa najmnogu i soodvetuva na situacijata vo "FYROM".MKcite od slavjansko etnicko poteklo i Albancite so ilirski predci tiho,no javno si go podelijaa kolacot na mokta bez nesto da ostane za drugite etnicki zaednici.Namesto da se gradi Drzava po gragjanskiot koncept,se sozdava binacionalen kolektiv.Dobro,za Vlasite ne e ni tolku bitno,bidejki oni,za golema zal,se asimiliraa vo Slavjani.Vo sekoj slucaj,na MK i se vbroeni denovite na opstanok,bidejki i megju dvete najgolemi etnicki zaednici nema harmonija i vsaemna soglasnost po prasanjeto,vo koj pravec da se dvizi Makedonija.MK kako Drzava na site prestana da postoj uste od 2001 i koga ke se resi konecno prasanjeto za Kosovo (=podelba),togas MK i formalno ke se desintegrira.20 godini se istite faci vo MKskata politika ne navestuvaat dobra idnina za nejzini deca-a za toa se krivi samite gragjani na Makedonija,a ne Evropa ili NATO ili sosem tret.Bye,bye FYROM!
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 11.11.2010 15:49:40
Slobodanke ,slobodo makedonska , so kakva arogancija nastapil Pretsedatelot Ivanov !! A so kakva arogancija nastapuval negoviot prethodnik !!?? Arogancija e ako si go branis dignitetot dostoinsvoto ,cesta !!?? E Slobodanke ,slobodo makedonska si gi citas li TI voopsto sopstvenite pisanija !!
Од: karokan "gambit"
Датум: 11.11.2010 17:07:41
E,moj Tome Stojanovski,se nadevam deka rabotite vrzani za el;ektroinzenjerstvoto podobro ti odat, otkolku vaka osmisleniot napad na avtorkata na tekstot. Zboruvas za odbrana na dignitetot,dostoinstvoto i cesta od nekoi tamu od Evropa.A zosrto g-dine Stojanovski moras duri dotamu da go tegnes branenjeto na seto toa,glavno izrazeno preku neupotrebata na poimot makedonski jazik tuku drzaven jazik. A znaes li g-dinr Stojanovski deka nie kako drzava imame podpisano bilateralen dogovor (megjudrzaven) so istiot toj poim (jazikot spored ustavot na zemjata),a ne cisto i jasno makedonski jazik????????????????????? Na kraj na kraevite ako so indignacija ja otfrlame upotrebata na poimot drzaven,a ne makdonski jazik (sto vo osnova mislam deka e vo red),kakva treba da bide nasata indignacija i so kakva arogancija treba da nastapime sprema visoki nasi politicari koi toa go napravija ili go pravat uste ponavredlivo (negatorski)..Verojatno znaes za sto stanuva zbor!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: RETKO
Датум: 11.11.2010 18:37:30
PA VIE ZNAETE KAKO, STO NE PRASUVATE NAS PA .ZATOA VE PUSTIVME ZA DA GO RESITE PROBLEMOT NE NAS DA NE PRASUVATE .GLUPOSTI
Од: nacional-patriot
Датум: 11.11.2010 21:11:48
Na avtorkata na ovoj tekst izgleda i e cudno sto Makedonija ne se odnesuva polzecki i navednato.Toa e taka bidejki SDSM ne e vekje na vlast,a novinarkava treba da pokaze dostoinstvo i pocit sprema nejzinata drzava.Sto se odnesuva do asimilacijata,Vlasite se asimilirani vo Gegi i nikoj ne e naslednik na Ilirite,a sto se odnesuva do opstanokot,voopsto ne zavisi opstanokot na Makedonija od eventualnoto delenje na Kosovo.Opstanokot na Makedonija go garantiraat makedonskiot narod i makedonskite bezbednosnite sili,koi ja pokaza silata i vo 2001godina i vo 2007 na Sar planina i ovaa godina na skopska crna gora.Ovie obidi im propadnaa na neprijatelite na Makedonija i jasno im e na neprijatelite na Makedonija deka ni so vojna ne mozat da go zagrozat opstanokot na Makedonija.Zbogum iredentisti.
Од: Стојко
Датум: 11.11.2010 21:23:33
Резултатите на извештајот се јасни: НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ. Сето друго е замaчкување на очи. Критериумите за успех или неуспех во овој случај се многу прости.
Од: Трпе
Датум: 12.11.2010 00:12:41
На нашиот народ му се допаѓа овој живот ворезерват,раководен од пастирот.Овој народ и ова го заслужува,што си бараше и тоа си го пронајде.Каков НАТО ,каква ЕУ и корења ке јадеме и животот ке го дадеме за идеалите и богатењето на мистер мр Рејтинг.

Најди! во Утрински
Едиторијал






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'