Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

САД нема да ја менуваат политиката спрема Македонија

Вашингтон - Продолжувањето на македонско-грчките разговори за изнаоѓање прифатливо решение за името, интегрирањето на Република Македонија во НАТО и состојбата на Балканот, беа темите за кои прексиноќа во Стејт департментот разговараа министерот за одбрана, Зоран Коњановски, и Даниел Фрид, помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Фрид изразил жалење затоа што администрацијата на претседателот Џорџ Буш не успеала да и' помогне на Република Македонија да стане полноправна членка на Алијансата. Според него, администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама нема да ја промени политиката на САД спрема Република Македонија. Во таа насока тој е убеден дека за многу брзо време ќе се изнајде решение за Република Македонија да стане членка на НАТО.

Министерот Коњановски го посети и Националниот универзитет за одбрана, каде што секоја година 54 земји испраќаат свои кандидати на дошколување. Моментно магистерски студии посетуваат двајца македонски офицери. Претседателот на Универзитетот, Франсис Вилсон, ги нагласи посветеноста и подготвеноста на македонските офицери, изразувајќи подготвеност да се продолжи соработката со Министерството за одбрана и со Генералштабот на АРМ. Досега петмина македонски офицери се стекнале со магистерски дипломи од Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон. (МИА)


Статијата е прочитана 409 пати.

Испрати коментар

Од: ja
Датум: 13.12.2008 01:41:56
ovoj konjanovski gi fasciniral znai ne znam samo so to. dali so zgodnoka ili recitost.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
СДСМ застана во одбрана на Бучковски
Анкети многу, кандидати нема
Државата незаинтересирана да гради автопатишта