Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Анкети многу, кандидати нема

Според анкетата на „Форум“, Керим и Бошкоски имаат најголеми шанси на претседателските избори

Оливера Војновска

Независно од тоа што во главните партии на политичката сцена има целосен молк, ги кријат или, пак, се' уште ги немаат адутите со кои ќе истрчаат на претседателските избори, пробните балони веќе почнаа да се пуштаат од разни политички центри, агенции, медиуми. Кандидатите ги нема никаде, но фрчат анкетите - теренски и телефонски. Во ваквите сондажи се извртеа имињата на неколкумина можни кандидати блиски до власта или до опозицијата, но двете партии не ги откриваат картите.

Вчера неделникот „Форум“ ја објави анкетата според која Срѓан Керим и Љубе Бошкоски имаат најголеми шанси за победа на пролетните претседателски избори. Во анкетата која за потребите на „Форум“, ја изработила агенцијата „Рејтинг“ во почетокот на овој месец, а биле вклучени 1.080 испитаници, се споменуваат шефот на државата Бранко Црвенковски, Имер Селмани, Зоран Ставрески, Благоја Ханџиски, Гзим Острени и Илинка Митрева.

Резултатите од испитувањето покажуваат дека за Керим би гласале 35 отсто, за Бошкоски - 31, за Црвенковски - 25 , за Зоран Ставрески - 24, за Благој Ханџиски - 18, за Гзим Острени - 17, за Илинка Митрева - 13 и за Имер Селмани - 10 отсто од анкетираните.

Главниот и одговорен уредник на „Форум“, Слободан Чашуле, на вчерашната прес-конференција, соопштувајќи ги резултатите од анкетата, констатира дека македонската јавност зрее. Во прилог на ваквата констатација, тој го изнесе податокот дека за Селмани се определиле 10 проценти од испитаниците-Македонци. „Ако понудата од, условно кажано, македонскиот дел е слаба, може македонското гласачко тело да ја побара алтернативата во претставник на етничките заедници, но поради неговата личност, а не поради партиската припадност“, смета Чашуле.

„Излегува дека Срѓан Керим и Љубе Бошкоски практично се изедначени. Ако влезат Бошкоски и Керим во вториот круг, Керим би победил зашто би ги освоил гласовите на етничките заедници, пред се' албанската и турската“, прогнозира Чашуле.

В.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера ја коментираше анкетата на „Форум“ изненаден поради тоа што Црвенковски е претставен како кандидат за следните избори иако јавно потврдил дека нема да се кандидира. Заев рече дека во партијата се' уште разгледуваат кој би можел да биде кандидат и оти предвид имаат партиски членови, но и експерти и дипломати.

Главниот уредник на „Форум“ не е докрај убеден дека Црвенковски нема да влегува во изборната трка. И доколку се случи „поради високи државни цели Црвенковски да се кандидира“, Чашуле смета дека на неговите 25 отсто поддршка би требало да се додаде и дел од поддршката што ја добиле Ханџиски и Митрева. Процентите, се разбира, не може пластично да се соберат.

На последната анкета на ИРИ, на која беше мерена поддршката на неколкумина можни претседателски кандидати, 44 отсто доби Бошкоски, 43 отсто - Керим, 34 отсто - Ставрески, 25 - Пенов и 29 проценти доби Ханџиски.


Статијата е прочитана 800 пати.

Испрати коментар

Од: marjan-viena
Датум: 13.12.2008 01:08:24
Samo Srdjan Kerim i Ljube Boskovski imaat kvaliteti za pretsedatel. ostanatite sto se spomenati se nesposobni.
Од: marija
Датум: 13.12.2008 02:25:06
jas mislam deka branko pak ke pobedi ako se kanditira oti toj e mnogu inteligenten ima stav za pretsedatel ama nena sili da se rasprava so vmrovci samo napred gos. crvenkovski so tebe sme
Од: ljupco,bitola
Датум: 13.12.2008 02:35:53
Па какви се овие анкети што ги објавувате?Збирот на таа од Форум е 173%,а збирот на таа од ИРИ е 175% Иначе,мене не ми треба никаква анкета за да го знам победникот на следните избори за председател.Ако влезе воопшто на гласачкото ливче,Брат Љубе е председател на РМакедонија.
Од: POMNI
Датум: 13.12.2008 03:22:15
Nitu edniot nitu drugiot ne mozat da mu nosat voda na Prof. Nestor za Pretsedatel n Makedonija. VMRO-DPMNE dobro go poznava, a i Brat Ljube samiot go poddrzuva i pocituva.
Од: jas
Датум: 13.12.2008 12:11:53
Jas bi ja potsetil nasata javnost deka do skoro boskoski bese zatvorenik i so toa bi se drasticno namalil ugledot na nasata zemja vo stranstvo sto za nas e mnogu bitno.Dodeka gos. Srgan Kerim uziva golemo pocituvanje od svetskata politicka scena i toa se razbira nasata zemja dobiva uste pogolem ugled vo stranstvo, zatoa treba dobro da se razmisli okolu ova piplivo prasanje po ugledot na nasata zemnja ,zatoa da se poddrzi kandidaturata na gos. Kerim dosta e so neozbilnost ednas treba zemjata da zastane na praf pat a toa moze samo so vakvi politicari kako Kerim sto e bez skandali i zatvori i korupcii kako nekoi politicari vo makedonija.
Од: petar
Датум: 13.12.2008 12:36:40
Od procitanoto i od komentarite bas nemoze mnogu da se rabere ali ona 25% mi padna vo oci za branko crvenkoski dali e toa kolku rabotel vo ovie 4 godini ili tolku od naselenieto ke glasa.i se izvinuvam na missis ili mis marija sto ja prozivam ali ako gi gleda K-15 ubavo lugeto kazaa kade bese skrien predsedatelot a sega poslednava godina se pojavi nekako zagrizen.Starite rekle PRED BOZIK PRASE NE SE GOI.So site negovi izjavi toj izleze vo duel koj kolku srabotil i kakva i e sudbinata na MAKEDONIJA oti nie ne znaeme deka do den denesen site sto bea na vlast ne napravija nisto za Makedonija samo gledame kako ja kolvaat Makedonija natresno i se cudime zosto ne kolvaat i od nadvor . Narodot rekol:" kaj sto ima sloga ima i boga"dali ja ima kaj nas?
Од: someone
Датум: 13.12.2008 12:47:05
Ha ha, Branko imal stav za predsedatel i bil intelegenten. Mislam deka imate takvi na pretek vo Maedonija :)))) Site ubavi, pametni... samo sto Evropa ne vi gi saka mnogu mnogu. A Makedonija se poveke bez stav, pogrda i pogrda... Ako, neka vi e. pozdrav.
Од: MKD
Датум: 13.12.2008 15:25:26
Ljube -narodot go saka, ima rejting, so podrska od VMRO moze da pobedi, no ne znam kakov avtoritet ke ima vo stranstvo so ogled na negoviot politicki bekgraund i odnosite so albancite se mnogu bitni,kako tie ke go percipiraat i prifatat,Vnesuva mnogu emocii,poveke otkolku sto e potrebno za eden politicar, Kerim-avtoriteten vo stranstvo,iskusen vo megunarodnatra politika, no ne znam kakva i od kogo ke ima podrska vo RM,ako go podrzi VMRO pobeduva,ako go podrzi SDSM ke bide silna konkurencija na VMRO,no pobedata ne mu e sigurna vo toj slucaj, Stavrevski, ne e za pretsedatel,ne poradi toa sto nema kvaliteti tuku poradi toa sto treba da se ostavi da go raboti toa sto najdobro go znae, mislam deka VMRO nema da moze da mu najde vistinska zamena na dosegasnoto mesto, BC-vo nikoj slucaj, pokaza deka ne e za pretsedatel na site gragani, deka krajno pristrasen e sprema svoite,ke se pameti samo po abolicijata na Zaev i po intrigite vo politikata
Од: Maja
Датум: 13.12.2008 20:52:24
Samo eden e -drzavnik.
Од: Qvo vadis...
Датум: 13.12.2008 21:51:20
Teshko na Makedonija I na nas koj se ni se nudi za pretsedatel! Kerim covek so svetska reputacija covek so site atributi na avtoritet so stil da go stavite vo ist kosh so.... ne bi spomenuval imainja ! sepak da cuvame dostoinstvo... NO mi ostanuva otvoreno prasanjeto QVO VADIS MACEDONIA !!!! ili potocno koj ke te vodi makedonijo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
САД нема да ја менуваат политиката спрема Македонија
СДСМ застана во одбрана на Бучковски
Државата незаинтересирана да гради автопатишта