Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

И јас сакам акции во „Кока-Кола“

Купувањето акции во странство го спречува Законот за девизно работење, па тоа е можно само преку инвестициските фондови

Соња Маџовска


Сакам да купам акции во „Кока-Кола“, „Мекдоналдс“, „Џенерал моторс“, ама не може. Тоа кај нас не го дозволува Законот за девизно работење, се жалат македонските граѓани. И додека тие можат да купуваат станови и куќи во странство, се' уште не можат да инвестираат на странските берзи, купувајќи акции во светските брендови, за разлика од соседите кои во последниов период навалија на светските берзи и таму си ја бараат среќата за добра заработувачка.

Кај нас единствен прозорец кон светските берзи засега се инвестициските фондови. Само преку нив домашните инвеститори можат своите пари да ги оплодат со вложување во акции на светските берзи. Но, доколку купите удели во фондовите вие не одлучувате и каде ќе се инвестираат вашите пари, бидејќи инвестициската политика ја кројат самите фондови. Моментно берзите во Бразил, Русија, Кина и во Индија се цел за оплодување на парите. Поконкретно, руските и австралиските златни рудници се пикирани како најдоходовни.

Од фондовите велат дека овие вложувања даваат резултати и дека во последниве две години тие се извор на поголеми добивки, а не берзите во САД или во Европа. Инвестирањето во компан��и, како што се „Кока-Кола“, „Мекдоналдс“ не е предизвик за фондовите, бидејќи станувало збор за стабилни, а не за брзорастечки акции, кои носат принос само преку дивиденда. „Самите фондови ја креираат инвестициската политика. Сепак, клиентите добиваат извештаи каде им се вложени парите. Моментно инвестираме на берзите во Бразил, Русија, Индија, Кина. Се купуваат акции од компании, како што се кинеската авиокомпанија ’Ер Чајна‘, индиската ’Тата моторс‘, која е позната по производството на најмалиот и на најевтиниот автомобил, рускиот рудник за злато ’Полиос голд‘, како и австралискиот златен рудник ’БХП Билитон‘. Овие вложувања носат добри резултати. Лани на инвеститорите им исплативме добивка од 30 отсто, а годинава засега добивката изнесува10 проценти“, објаснува Александар Манев од инвестицискиот фонд „Илирика“.

Фондовската индустрија во земјава моментно тежи 2,3 милиони евра, што претставува исклучително мал процент, или едно евро на глава на жител. Поради тоа, фондовите се подготвуваат да нудат и други производи, како што е, на пример, полиси за животно осигурување, со што ќе се обидат да ги привлечат граѓаните да штедат, но и да заработат инвестирајќи ги парите во фондовите.

Експертите сметаат дека државата треба да работи и на измените на Законот за девизно работење, бидејќи сега на овој начин со сила се спречува инвестирањето надвор. Со овој закон навидум се спречува одливот на девизи, но има еден куп други начини со кои се стимулира, како што е, на пример, актуелниот увоз на половни автомобили, со кој на големо се одлеваат девизи. Според експертите, многу е подобро одливот на девизи да оди за инвестиции, отколку за стари возила.

„Мора да се работи на измени на Законот за девизно работење, од едноставна причина што не е добро да им се забрани на домашните инвеститори да отвораат сметки надвор од државата, со цел купување хартии од вредност на странските берзи. Во ваков случај инвеститорите се доведени во ситуација единствено тоа да го прават преку инвестициските фондови“, вели берзанскиот аналитичар Крсте Шајновски.

Законот за девизно работење ќе мора да се менува во согласност со договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, но во Министерството за финансии вчера немаше кого да прашаме за да соопшти дали воопшто се работи на овие измени и кога ќе се случи тоа.

Од брокерската куќа „Ауктор и Хит“, која е основана во земјава со хрватски капитал, ги потврдуваат информациите дека во Загреб има една блага еуфорија за инвестирање на странските берзи. „Но, ние вршиме операции само на Македонска берза. Само хрватските инвеститори можат да купуваат на Македонска берза, а македонските инвеститори на Загрепската не можат“, вели Петар Трпески.

Инаку, деновиве излезе информација дека Хрватите повеќе играат на странски берзи, отколку на својата. Дури 60 проценти од парите вложувачите ги трошат во странство. Најинтересен е американскиот пазар, особено Наздак, ама не ги заобиколуваат и Њујоршка берза, како и берзите во Франкфурт, Париз, Лондон, па и Љубљана и Белград.

И додека Хрватите знаат точно од која компанија сакаат да купат акции, македонските брокери велат дека ние сме многу далеку од сето тоа. Според нив, домашните инвеститори не се едуцирани ниту за инвестирање на Македонска, а камоли на светските берзи. Но, дел од берзанските играчи, пак, велат дека овој став на брокерите не држи, бидејќи штом ќе се прошири информација каде што може добро да се заработи, сите веднаш стануваат експерти.






#
Статијата е прочитана 3466 пати.

Испрати коментар

Од: Мите
Датум: 07.10.2010 12:59:24
Уште еден заостанат закон од комуњарскиот период, заедно со забрана за тргување со златни монети, кои н.пр. во националната банка на Солунското пристаниште се купуваат и продаваат исто како и еврото, доларот и слично.. друг е проблемот колку имаме добри врсли со светот, зошто ако тргуваш на странските берзи треба да имаш мошности бргу да одиш таму или треба да престојуваш...
Од: Proveren Izvor
Датум: 07.10.2010 16:55:11
NE E TOCNO DEKA "...И додека тие можат да купуваат станови и куќи во странство, се' уште не можат да инвестираат на странските берзи..." ZAKONOT NE DOZVOLUVA KUPUVANJE NEDVIZNOSTI U STRANSTVO. EVE STO VELI ZAKONOT: 4.2. Vlo`uvawe vo nedvi`nosti Vlo`uvawa na rezidenti vo nedvi`nosti vo stranstvo ^len 11 Rezidentite ne mo`at da vlo`uvaat vo nedvi`nosti vo stranstvo. Isklu~ok na stavot 1 od ovoj ~len se dipolmatskite, konzularnite i drugite pretstavni{tva na Republika Makedonija vo stranstvo. Rezidentite, koi vlo`ile sredstva za steknuvawe sopstvenost na nedvi`nost vo stranstvo, se dol`ni vo rok od 60 dena od denot na nastanuvawe na pravnata osnova za steknuvawe na nedvi`nosta da go prijavat vlo`uvaweto i site natamo{ni izmeni na vlo`uvaweto vo Centralniot registar. Centralniot registar vr{i upis na sredstvata vlo`eni vo nedvi`nosti i na site natamo{ni izmeni na vlo`uvaweto vo registarot na vlo`uvawa vo nedvi`nosti na rezidenti vo stranstvo.
Од: Lepa Brena od Sydney
Датум: 08.10.2010 11:22:30
Aman bre....Uste li go krivite vremeto na ubavoto ziveenje. Izrekata veli "kako ke postelis taka ke legnes'...Mite, toj sto ima pari ke najde resenie kako i kade da gi vlozi. Prasanjeto e , kade Makedonskite bogatasi gi napravile (iskrale) parite. Pogledaj okolu, siromastija, nevrabotenost, sekoj vtor koruptiran - I ti gi krivis 'komunjarite'..Makedonskata ekonomija i socijalniot status na naselenieto denes = MIZERIJA. Nema bare eden politicar sto moze da ja reklamira Makedonija kako drzava vo svetot...Nas krstevkata tek ni prestoi...Mozebi ALbancite ili Ciganite ke ni bidat popovi - nikoj ne znae....Eden den ke prasuvas 'kolku evra mozam da dobija za mojava plata od 300 leva ili drahmi mesecno...Bidi sreken dodeka se osekas Makedonec i ne zali se na ona sto pominalo!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Алхемии со бројките за невработени
Водата е луксуз и мора да се штеди
Убавата калуѓерка Ирина од Осиек
Изгубена солидарност
Завршна игра на Балканот
Гоце Смилевски доби награда за литература во Франкфурт
Дипломатијата не е партиско муабетење
Омилените парчиња облека сега ќе чинат многу повеќе
Последната кражба кобна за момчето од Тетово
Кодош и заштитен сведок
Истрагата за педофилот заглавена во преписки
Без решение за името, нема НАТО и ЕУ
И на дожд - ѕвездено небо за Тоше
Карикатура
Скопје го стресе земјотрес
Панди родени по вештачки пат
Надеж за чилеанските рудари
Почина Љупчо Јордановски






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma