Македонската поп-дива Калиопи е прогласена за најдобра поп-пејачка на Балканот за 2010 година. Признанието и' беше доделено на манифестацијата на која традиционално им се доделуваат награди на најуспешните на Балканот „БиХ музички оскар на популарноста“ што се одржа завчера во салата „Скендерија“ во Сараево.
Калиопи настапи со хит-композицијата од компилацијата „Милиграм“, „Невиност“ и беше поздравена со бурни аплaузи и овации, а публиката заедно со неа ја отпеа и легендарната „Бато“.
Покрај Калиопи, меѓу наградените се најдоа и Халид Бешлиќ, Драгана Мирковиќ, Ханка Палдум, Тифа... Манифестацијата ја снимаше националната телевизија на Босна и Херцеговина, а ќе биде емитувана во рамките на новогодишната програма.
Bravo! No, da se svrti malku i kon tolku zaleniot Bato i Vasilco, ta neli sakaa dete ili Zagreb e dosta dobar, sepak evropski grad za ziveenje. Sovet: i pokraj se ostanuva vpecatok, moj licen, deka site pesni i se na ist terk-prepoznatliv i muzicki i interpretatorskii aranzerski. Ako misli deka treba na tie godini tolku da se dokazuva, toa e nejzina privatna rabota, so koja manifestira licno nezadovolstvo od dosega postignatoto, ako ne se vodi od sportskata parola za podobra,.......
Од: darko
Датум: 13.11.2010 14:57:14
Cestitki za Kaliopi, no vo gorenavedeniot tekst trebase da spomnite deka uste edna nasa folk pejacka na istata manifestacija vo Saraevo dobi Oskar . Vi blagodaram
Од: redovna citatelka
Датум: 13.11.2010 17:21:58
Честитки на Калиопи, незапирлива е и секогаш одново оригинална и инвентивна!