Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Владата и дипломатијатаЃорѓи Мисајловски

Владата со некои свои недржавнички и недипломатски потези придонесува за конфузијата на инвалидизираната дипломатија

Најтешко е да ја насловам колумна, посебно кога постои опасност, како овој пат, да употребам класичен плеоназам. Но, немам друг избор да го прикажам апсурдот на оваа, сепак, семејна релација: Влада - дипломатија, при што дипломатијата е секако L'anfant terible. Дека нашата дипломатијата не може да реши ниту еден проблем, тоа е познато. Познато е и дека Република Македонија нема фајде од дипломатијата (а со тоа ниту Владата, претседателот на државата и Собранието). Тоа Владата не го покажува само со кадровските решенија. Владата со некои свои недржавнички и недипломатски потези придонесува за конфузијата на инвалидизираната дипломатија.

Дипломатијата постои да и' ја олесни работата на Владата во донесувањето одлуки од надворешнополитички карактер, а често нејзините сугестии се корисни и кога е во прашање некое внатрешно политичко прашање. Од друга страна, Владата со својата администрација (која е речиси целосно партизирана) би требало да го крене кредибилитетот на дипломатијата. Но, дали тоа се случува? Оваа Влада не успеа да оствари логична корелација со дипломатијата, што е нејзин органски дел. На надворешен план Владата нема концепт, а дипломатијата нема ниту идеи ниту капацитет да ги спроведе. Владата губи надворешнополитички кредибилитет, а дипломатијата треба да ги брани нашите ставови. Веројатно, на нашите кутри дипломати веќе им е преку глава од ситуации - кога ќе заглават во лавиринтите на познатите зданија во Брисел или во Њујорк - и кога соговорниците од нога ќе ги пресечат со најпонижувачкото прашање: „Што можам да направам за Вас, господине?“

Како Владата може да биде ефикасна во контраактивностите на очекуваните дипломатски удари однадвор, кога дипломатијата не може да ги предвиди, дури ни тогаш кога се гледаат со голо око, како што перманентно се случува со Советот на Европа во Стразбур. Нашата дипломатија не го предвиди навреме очекуваното однесување на Грција, односно пред тоа на генералниот секретар на Советот на Европа, институција што со нашите кадровски решенија долго време е потценета. Се разбира, проблемот не се решава во Стразбур, но таму, во храмот на демократијата и на човековите права е место за презентирање на проблемот и за лобирање. Но, тоа некој мора да го одигра. Од дипломати - лоши статисти тоа не можеме да го очекуваме.

Каква порака испраќаме до главните надворешнополитички партнери, кога нашиот претседател Иванов откажува прифатено учество на конференција на која е поканет лично од францускиот министер за национални идентитети - Е. Бесон. Тоа беше можност за будење на подзаспаните односи меѓу РМ и Франција, по неговата афирмативна колумна во „Монд“. Конференцијата беше идеална можност за промоција на нашиот став во врска со прашањето на името, односно за клучното прашање на идентитетот. Па, зар, конечно, обелоденетите советници за надворешна политика на претседателот Иванов (од кои еден ист, по потреба, се претставува во јавноста како негов советник, амбасадор и приватно лице), не проценија дека фактот оти Иванов ќе биде главен гостин и темата на настапот не се доволни причини да не се откаже учество. Тие веројатно ја употребиле кабинетската флоскула „Тоа не е Ваше ниво, претседателе“ или, пак, „Не е обезбедена средба со претседателот Саркози“!

Каква порака се испраќа до Европскиот парламент или конкретно до Брисел (ЕУ), кога писмото (за Законот за антидискриминација) на еврокомесарот Филе, упатено на адреса на премиерот Груевски, заскитало во „сандачињата“ на шефовите на пратеничките групи! Каков сигнал за Европската комисија е обелоденувањето на исчезнувањето на нејзиниот материјал „Ревизија на пристапното партнерство“, упатено до Владата на РМ (СЕП), кој уште не е во редовна процедура (веројатно поради што во него се изразува сомневање за реализацијата на осум критериуми). Каква порака се испраќа кога министерот за надворешни работи Антонио Милошоски коментира уставни промени во врска со идното уредување на Судскиот совет! Каков дипломатски гаф е изјавата на истиот министер по разговорот со шефот на шпанската дипломатија Моратинос „да се разговара директно и дискретно“, како метод за прогрес во решавањето на спорот со Грција. Времето за дискреција помина. Зар на Милошоски не му е познато дека имаме перманентни проблеми со агреманите за нашите амбасадори. Случајот со приправникот што во Тирана чека агреман, го потврдува тоа.

Какви сигнали се тоа кога премиерот доаѓа со светол костум на комеморацијата за смртта на претседателот на Полска, Лех Качињски и доцни. За тоа не е компензација што државната МТВ два дена целосно ги пренесуваше церемониите од Варшава и од Краков. Каков државнички потег е изјавата на претседателот Иванов дека покојниот полски претседател, Лех Качињски, бил негов личен пријател, а не најде чаре (како државниците од географски подалечни држави) да присуствува на траорната церемонија во Краков. Зошто премиерот ја пропушта можноста да учествува на конференцијата на влијателниот „Економист“ во Атина, по два афирмитивни натписа објавени неодамна на неговите страници. Присуството на нашиот премиер во Атина ќе беше добар потег. Тој жртвува надворешнополитички поен во чувствителен момент во односите со Грција, за да добие на внатрешен, бидејќи проценува оти опозицијата е во офанзива и дека е најважно да се спречи падот на рејтингот. Каква грешка правиме кога, место нашите врвни актуелни или некогашни дипломати да се растрчаат низ светот и во финишот на решавањето на спорот да ја објаснуваат и аргументираат нашата јасна позиција, ние дозволуваме тоа да го прави грчки дипломат што, нели, е случајно избран како поранешен амбасадор во Скопје и во Вашингтон. Дали тоа не е продолжување на познатата дипломатска стратегија на меѓународниот фактор во случаи на синхронизирана позиција - проблемот да мора да се реши спрема нивните коренити анализи.

Веќе подолг период овие фактори ја „подготвуваат“ Република Македонија за компромисно придавско решение. Всушност, дипломатскиот термин „приспособување“ не е ништо ново на Балканот. Србија подолг период се „приспособуваше“ за денот за независноста на Косово, сега се „приспособува“ за новата резолуција во Советот за безбедност. Каква порака притоа се испраќа со изјавата на премиерот дека тој, доколку евентуално би се одржал референдум за предложеното решение „Република Северна Македонија“, ерга омнес, би гласал против. Дали е тоа дискрецијата за која апелира неговиот ресорен министер Милошоски? До кого е упатена оваа порака и дали таа ја објаснува нашата позиција? Немам аргументи за оптимизам дека релацијата меѓу Владата и дипломатијата ќе се подобри. Новата барокна зграда на левиот брег е само мамка за партизираната дипломатија, односно администрација, со своите гласови да придонесат на неизбежните избори, за да се вселат во новите одаи во чудесната 2012 година.

(Авторот е кариерен дипломат)


#
Статијата е прочитана 1060 пати.

Испрати коментар

Од: Regaconi
Датум: 29.04.2010 00:23:57
Ambasadorite na EU vo RM , Fuere , Riker, Filipini i dr. nemaat elementarno diplomatsko odnesuvanje kon nas kako drzava a so toa i gragjanite. Se zakanuvaat, ne ucenuvaat so promena na imeto, so nosenje na zakoni po nivna licna zelba, se mesaat vo se i sesto nadvor od nivnite mandati uredeni so megjunarodni svetski standardi. Ne znam cij diplomat ste Vie, cii interesi gi zastapuvate i sakate da gi zastapuvate????? Nas gledam ne ste
Од: ivo
Датум: 29.04.2010 01:06:43
E, vie kariernite diplomati preteruvate! Sto mu fali na Premierot sto dosol vo vakov ili onakov kostum? Pa ne otisol na pogreb so bokserski rakavici! Ako sakal "da dava signali" moze ke se oblecel kako "Carli Chaplin" vo Moderni vreminja, ili kako Cezar vo Monti Pajton, no covekot bil na pogreb od pocit! A se oblekol kako sto mislel deka e dobro! A ako diplomatijata se trenira starovremski, toa e nejzin problem! Cesto gi gledam najvlijatelnite luge kako karikaturi! Pojma nemaat od moda! Koj so kratki rakavi, koj so dolgi, koj so kratki nogavici, koj so dolgi! Ako taka se davaat "signali", kako treba da se oblekuvaat grcite koga se bankrot, ili kontejnerskite makedonci? Moze e najdobro da gi vrzat kontejnerite so "sidzim"( jaze) da im stavat po edna cevka od stof i da glumat prvomajska parada!? Nema sto da glumat! Praznikot si e praznik i site treba da go pocituvaat. Taka i kaj Premierot nema sto da se tolkuvaat nekakvi"tajni" signali!
Од: SMK
Датум: 29.04.2010 01:40:37
Kako zaklucuvame, treba ocigledno da primenime veke videno srpskoto scenario (vo slucaj so Kosovo): 1. akcija vo Generalnoto sobranie na OON za dobivanje Sovetodavnoto mislenje od Megunarodniot sud za pravda za legalitet na dopolnnitelnite uslovi nadvor od Povelbata na OON; 2. pravno deluvanje vo Megunarodniot sud za pravda za dobivanje Sovetodavnoto mislenje za zakonitosta na ovie uslovi (1.referencata i 2. pregovorite). Preispituvanje, pravno, treba da sodrzi prashanje za procenka na legalitet na specificni dopolnitelni uslovi za RM pri priemot vo OON i clenstvoto: 1. Referncata (BJRM); 2. pregovorite za sopstvenoto ustavno ime (praven identitet). Po dobivanje mislenje od sudot, Generalnoto sobranie na OON ke vospostavi RM vo svojata rabota i vo rabotata na drugite tela i organi vo OON. So ovaa postapka proces se zavrsuva
Од: Lidija Boshkovska
Датум: 29.04.2010 01:53:52
Definicija: kolumnata ocigledno e napisana od poranesen jugoslovenski i sega antivladino isfrustriran diplomat ! Pozdrav, Lidija
Од: Лазо Стефанов
Датум: 29.04.2010 08:47:16
Г. Мисајловски, забележувам некои индиции кои упатуваат на тоа дека е тенка и затегната линијата меѓу премиерот и министерот за надворешни работи, па можмно е ладиот шеф на нашата дипломатијата да биде следниот Ивица Боцевски или Трајко Славевски, се разбира што ќе избере.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.04.2010 09:40:45
Како прво не вие точна изјавата за присаство на политичари од подалечни земји.Не присуствуваше светската елита од типот на Обама,Меркел,Браун, Саркози,Берлускони и др.политичари.Само беше од тој калибар Медведев но не и Путин.Инаку за нашата дипломатија во овие 20-тина год.знаеме каква е од партиски аспект.Имаме пијани амбасадори по рамковен принцип,па имаме амбасадори избркано од сопствената партија поради што ги предложил опонентот,па имаме пазарења на линија експреседател на држава со сегашниот премиер,,ако мине мојот ќе помине и твојот партиски кадар,,.и др.политички мотивирани назначувања амбасадорски.
Од: nekoj
Датум: 29.04.2010 09:45:52
Interesno e koga citate komentari i zabelezite deka onie sto ja podrzuvaat politikata na vladata (koja za mene e naludnicava-a mislev deka konecno se nade nekoj da ja sredi rabotata-toa go mislev vo prvite 5 min na pocetokot koga dojdoa), se strasno nekulturni, ne zboruvaat so mislenja i fakti tuku ja navredyvaat licnost, za da na karaj komentarot sto go ostavaat e beznacaen, zasto sepak vo diskusija mene me interesira sto mislat za temata, a ne za avtorot. Izgleda deka vo Makedonija golem del od naselenieto nikogas ne posetuvalo uciliste ili ako da, slabo im se ucelo, a duri i onie koi zavrsile se tolku somnitelnni... Ah da pocnete da citata komentari na luge vo drugite zemji... Mislam deka civilizaciski zaostanuva Mk edno 150 godini. ZA zal. Treba nesto da se promeni zasto vaka, TESKO...
Од: UMD
Датум: 29.04.2010 12:59:56
Dokolu se donese rezolucijata na ON za menuvanjeto identitet na RM, takvata rezolucija mozhe da se obesnazhi preku Sovetodavnoto mislenje dadeno od Megunarodniot sud za pravada vo Hag. Prashanje za Sovetodavnoto mislenje treba da postavi/pobara Generalnoto sobranie na OON! Toa se pravi na makedonskata inicijativa!!

Најди! во Утрински
Мислења
Мујо и Хасо, Made in Macedonia