Број 3463  среда, 22 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Околината ве прави несигурни. Чувствувате емотивно ограничување во врската. Бидејќи многу се разочаравте од едно пријателство, размислувате да го прекинете. Не оптоварувајте се со одлуката, туку концентрирајте се на паметните предизвици.



БИК

Не сте во дилема. Одлично се соочувате со суровата реалност. Трезвено размислувате, јасно знаете што сакате и што ви е потребно, а воедно сте свесни и за фактот зошто не можете да реализирате нешто. Затоа што ве очекуваат успеси на сите страни, тргнете во напад.



БЛИЗНАЦИ

Подготвени за уживање и за забава, денот го минувате во добро расположение. Ќе добиете можност за работно унапредување. Иако редите успеси на работен план, не можете да се пожалите ни на емотивен. Посебна радост ви носат партнерот и лицата што ви значат.



РАК

Ќе се нервирате доколку губите сила за работи на кои тешко можете да влијаете. Можно е вашите имагинативни моќи да бидат нагласени, затоа занимавајте се со уметност или со нешта на кои им е неопходна доза од вашата имагинација.



ЛАВ

Очигледни се вашите настојувања да изнудите невозможни работи од колегите. Идеите ви се премногу очигледни, но бараат значителна флексибилност, својство, за кое многумина само можат да сонуваат. Здравствената ситуација ви наложува да излезете на воздух и да прошетате со партнерот.



ДЕВИЦА

Работен успех, емоционална нестабилност. Дали се радувате или плачете? Радувајте се, бидејќи љубовните недоразбирања се минливи, а смирувањето дополнително ќе ја зацврсти врската. На емотивен план се појавија ограничувања предизвикани од вашите неконтролирани постапки, главно, од љубомора.



ТЕРЕЗИЈА

Пред вас се прекрасни моменти. Сите планови се реализираат, па можете да бидете задоволни. Постои мала тензија поради вашата променлива природа. Не брзајте со активностите и чувајте ги личните работи, посебно вашиот паричник. Емотивно сте задоволни благодарение на некој Јарец или Овен.



СКОРПИЈА

Одличен бизнис-период, проследен со финансиски успех. Ќе ви се исплатат сите нервирања и смели инвестиции. Можни се здравствени проблеми, влошена крвна слика, па обидете се на некој начин да ја подобрите. Сето тоа ќе се смени со адекватна исхрана.



СТРЕЛЕЦ

Променлив период во кој давате различни идеи и уште поразлични заклучоци. Вашата променлива природа може лошо да дејствува врз соработниците и најблиските пријатели. Сетете се дали и тие постојано ве торпедираат со нелогични нешта? Бидете разумни и приземни.



ЈАРЕЦ

Концентрирајте се на работата. Земате премногу време за себе и за своите задоволства. Вашите колеги ја чувствуваат вашата несигурност. Време е за голем потфат што ќе им го сврти вниманието и ќе ја добиете посакуваната доверба.



ВОДОЛИЈА

Време за љубовни моменти. Некој Рак веќе подолго време ги набљудува сите ваши постапки. Бидете решителни, пријдете и разговарајте со лицето што може долг временски период да биде крај вас. Водолиите што се во врска ќе имаат пријатни моменти со партнерот.



РИБИ

Мала доза на имагинација предизвикува бескрајна радост. Пријатните мигови ќе донесат и шлаканица од реалноста. Не е лошо да танцувате и со разумноста. Финансиски успех на повидок, а љубовта ќе цвета доколку бидете искрени кон партнерот.














#
Најди! во Утрински
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks