Почна реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“
Стартуваше реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ на потегот од влезот во населбата Маџари до надвозникот кон населбата Ченто, во должина од 800 метри. Постојниот коловоз ќе биде целосно отстранет, а ќе се постави нова коловозна конструкција со тампонски слој и нов асфалт со дебелина од 15 сантиметри. Раскопув��њето ќе биде искористено за поставување нова атмосферска канализација Ф-800 во должина од 562 метра. По целиот дел ќе бидат поставени нови рабници, а тротоарите ќе се поплочат со бекатон. За комплетната реконструкција на сообраќајницата Градот ќе потроши 26 милиони денари.
Градежните зафати ќе ги изведува фирмата „Бауер“, која треба да ја заврши работата до крајот на август. Додека траат изведбените работи, сообраќајот ќе се одвива пренасочено по булеварот „Александар Македонски“, улицата „Методија Андонов-Ченто“ и потоа по „Благоја Стефковски“. Забраната за движење по првиот дел на улицата започна да важи од вчера и ќе трае до 31 август.
„Вториот дел од сообраќајницата е претходно реконструиран, а проблематични беа првите 800 метри. Ќе се работи нон-стоп за да не не' фати 1 септември кога почнува учебната година“, истакна Трајановски. (Сн.К.)
|