Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Интервју

Добивав закани, но не верував дека ќе се остварат

Фијат Цаноски, сопственик на „Фине“

Сопственикот на фирмата „Фине“ и инвеститор на комплексот „Космос“, Фијат Цаноски, смета дека суштината на проблемот не се неплатените рати за комуналии, туку решението за уривање

Љубиша Станковиќ

Разговорот со сопственикот на станбено-деловнио�� комплекс „Космос“ и пратеник во Собранието од редовите на ПЕИ, Фијат Цановски, го водевме во момент кога фирмата задолжена за уривање на објектот го сечеше и петтиот потпорен столб.

Господине Цаноски, веќе пет дена се урива Вашиот станбено-деловен комплекс „Космос“, а сега се бара активирање на хипотека.

Активирање на хипотеката се' уште нема. Јас тврдам дека само две рати не и' се платени на Општина Гази Баба и затоа нема потреба градоначалникот да лаже. Комуналиите не се предмет и не се многу битни. Предмет треба да биде постапката - зошто се руши објектот. Но, тие немаат што друго да кажат и затоа целата постапка ја водат незаконски.

Ќе успеете ли да го решите проблемот со извршување, односно наплатата од 11 милиони евра?

Судот нека постапува како што треба. Ако мислат така, тогаш добро. Мене не ми се проблем тие две рати да ги платам, а ако дојде до комплетно извршување, нема да дозволам да се продава имотот.

Кој од заложениот имот е цел на пленидба?

Мислам дека се локации. Градежни локации во Скопје и една во Струга, но не и куќата, како што тврдат некои медиуми.

Изјавивте дека „ќе Ве сечат по изборите“. Кој Ви се закани?

Не можам да говорам за имиња. Заканите постоеја, но мислев дека нема да се остварат.

Споменувате некакви државни советници и инвеститори. Ќе посочите ли некои конкретни личности?
Не, не можам да кажам.

Дали е точно дека сте и' дале пари на Општина Гази Баба уште пред да почнете со градбата и со плаќање на комуналии?

Јас ги покажав и повторно ќе ги дадам на увид тие уплати, иако градоначалникот сега тврди нешто сосема друго. Еве од договорот, од 25 октомври 2010 година, во него се потврдува дека сме дале пари, а дозвола за градба добивме дури на 24 декември истата година. Со плаќање на комуналиите, според договорот, требаше да започнеме од јануари годинава. Во октомври градоначалникот ми побара 10 милиони денари и тие пари му беа дадени. Но, овде не говориме за плаќање на комуналии. Тие, повторувам, не се предмет на расправа. Целокупната јавност треба да ја интересира: дали решението за уривање е законско.

Дали јас ќе останам без некој имот и тоа не е некој особен проблем. Проблем на целокупниот македонски народ треба да му биде: дали во оваа држава ќе се почитуваат законите? Дали се водат законски постапки? И дали е законско решението за уривање на „Космос“? Приватна работа е дали ќе ми биде одземен нешто од имотот или не.

На прес-конференција јавно ги повикавте странските инвеститори да не вложуваат во Македонија. Дали го направивте ова само поради она што Вам Ви се случува или поради правната несигурност што владее во државава?

Гледајќи дека се постапува незаконски кон мене, како човек кој се' што заработил во странство го инвестирал овде во Македонија, се поставува прашањето како ќе помине еден странски инвеститор. Јас постојано повторувам дека политиката не треба да се меша во економијата, во бизнисот. Овде, за жал, гледам дека тоа се работи. Еве, доколку инспекторката и Општината направиле пропуст, зошто тогаш Владата, со своите надлежни служби, не им изврши ним контрола во работењето? И сега има време да го направат тоа. Нека ги прегледаат законите, нека се направи повторно мерење, а јас на увид ќе им доставам ново, стручно мислење од Архитектонскиот факултет. Во него се објаснува како треба да се мерат котите. Инспекторката мерела со метар и така констатирала дека котата е надмината за 1,43 метри.

Токму поради ова постои закон, кој што е пишуван од експерти. Тие кажуваат како се мери висината на приземје. Во нашиот случај се работи за повисоко приземје, а не за тоа дали објектот е повисок од пропишаното. Конечно тој треба да се гради уште 40 метри во височина. Тоа е она што треба да се каже. Тука се гледа дека инспекторката постапила нерегуларно.

И луѓето од Општината треба тоа да го проверат она што ние цело време им го кажуваме. Ако немаат таков стручњак ќе им го дадеме мислењето во кое точно е наведено дека „доколку регулационата линија не се совпаѓа со градежната линија, како што е тоа во предметниот случај, односно кога има пад, (тука се тие 1,43 метри), височината на нулта-плочата се определува во однос на котата на заштитниот тротоар на градбата, од страна на пристапната улица“. Сето ова стои и во членот 47 од законот.

Како ги коментирате оркестрираниот настап и на Градот Скопје и на Државниот градежен инспекторат?

Се' е тоа поврзано. Комплетно е поврзано. Мене ми е с��мо жал што жалбите што ги поднесовме до Државниот градежен инспекторат ќе бидат одбиени, но нека внимаваат. Некој ќе треба да одговара за ова.

Сметате ли дека зад случајот „Космос“ се крие политика? Јавно се говори дека ова е притисок врз Вас и врз Вашата партија од опозиција да преминете во позиција.

И да не сакам така да размислувам, сепак е тоа политика... Или е политика или навлегување во бизнисот на одредени луѓе кои се и на јавни функции.

Дали последните случувања само го забетонираа Вашето опозиционерско дејствување?

Не знам зошто немав проблеми додека бев во власта? Како е можно тогаш да сум работел правилно, а сега кога ја сменив страната и преминав во опозиција да работам противзаконски. Јас не сум дел од СДСМ. Тоа треба да се објасни. Имам поинакви размислувања за политиката, но веднаш се прават работи кои што не треба да се прават и кои не се законски. Ние како партија сме пратеничка група и сме дел од опозицијата! Јас и на почетокот, и пред и по изборите, кажав дека ќе дејствуваме како опозиција - до крај!. Што ќе преземеме во иднина ќе кажеме откако ќе заседава Централниот одбор на партијата. Добро ќе размислиме како ќе дејствува и нашата пратеничка група, односно дали ќе треба да се оди на седниците на Собранието или ќе излеземе од него.

Најавивте свикување седница на Собрание на која ќе се расправа за случајот со „Космос“ и формирање анкетна комисија.

Собранието до 18 август е на годишен одмор. Ќе го направиме тоа веќе на првиот работен ден, кога ќе побараме формирање на Анкетна комисија. Имам поддршка од сите опозициони партии, односно од опозиционата коалиција. На таа собраниска седница македонската јавност ќе биде информирана за тоа како се работи и постапува, но и за нерегуларностите во конкретниот случај. Ова не е „Фиком“. Ова е случај за кој е заинтересирана целокупната домашна јавност.

Во јавноста се говори за Ваше преземање на А2 телевизија, дотолку повеќе што долгот на оваа телевизија е проценет на 150.000 евра.

Ние како семејство, а пред се' мојот син, бидејќи најчесто него го посочуваат како иден сопственик на телевизијата, нема да се занимаваме со медиумски бизнис. Дали А2 Телевизија ќе ја преземе другиот зет на Рамковски или некој трет тоа е нивен проблем.

Доколку не успеете во намерите и не го спасите „Космос“, дали тогаш може да се очекува предавање на случајот на Судот во Стразбур?

Знаете каква е процедурата. Најпрво треба да ги поминете сите судски инстанци во државата, па дури потоа се оди во Стразбур, под претпоставка тука да не го добиеме спорот. Убеден сум дека процесот ќе го добиеме во нашите судови и тоа без оглед на тоа кој ќе постапува по него. Аргументите и доказите се на наша страна, само прашање ќе биде колку ќе биде висината на штетата.


#
Статијата е прочитана 7958 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 05.08.2011 00:04:56
Na mnogu raboti ovde nikoj ne veruva, no...
Од: Prilep
Датум: 05.08.2011 00:34:49
Celta ja postignaa, samo neznam ovie luge dali razmisluvaat deka postoi UTRE??!?
Од: neopredelena
Датум: 05.08.2011 01:24:56
EEE, uste li se nadeva nekoj vo Makedonija da napravi nesto, da dobie nesto, da postoi, a da ne mu se poklonuva sekoe utre pred izgrejsonce na klanot Mijalkovi-Gruevski. Se dodeka se tie na vlast - Makedonija ke bide gluva drazavicka.
Од: trpe od gradsko
Датум: 05.08.2011 01:45:34
Tipicen primer na osvetnicko deluvanje bez da se pocituva zakonot...Samo osveta od VMRO-DPMNE... a osnovano se somnevam posebno od Gruevski i negovata banda...za koj sto do vcera bese vo koalicija sega g-dinCanovski e opozicija se trazan nacini da mu se nasteti...Pa neli e sramno od edna strana legalizacija na divogradbi a od druga strana naslnicko rusenje nadvor od site zakoni samo zatoa sto e opozcija...Diktatura na delo na Gruevski i VMRO-DPMNE...
Од: Либија е Медитеран!
Датум: 05.08.2011 03:06:09
Старите рекле, кога ќе претера некој ќе се види...Ако Владата не претера и не ја премина линијата, не ја прелил чашата...немаше да разберат сите. Вака, на погрешни луѓе се намерија...Не е само Цановски, Бошковски, Рамковски...листата е многу долга. Е за вакви работи се случуваат Либии и други медитерански локации...!
Од: skopjanec
Датум: 05.08.2011 04:10:38
Fasizam !!!! Znaci ne smeese da mu se dozvoli da palti razliak, ako ima sto da palti. I vo sopstveno zemjste sekogas apsolutnata kota e 0, ne se meri visinskata kota !!!! Ke dobie otsteta, ke dobie i toa za nasi pari.
Од: Melburn, Avstralija
Датум: 05.08.2011 05:14:18
Hosni Mubarak vo Egipet veke go sudat...i na Gruevski moze da mu dojde redot ako prodolzi vaka...
Од: Jovanka
Датум: 05.08.2011 07:09:02
Podrska do gospodinot Canovski da istrae do kraj vo borbata so ovie nenarodni VLADETELI-FASISTI
Од: Makedonka
Датум: 05.08.2011 07:46:29
Za sramota,ova e rezil sto mu se pravi na ovoj covek.Ima doblest nikoj da ne navredi,da gradi i da zarabotuva i da zivee so svojot trud.Na nekoj toa mu smeta.Nikogas za G-not Canovski ne sum procitala nesto grdo,spored mene toj e covek domakin,jaka licnoct i mislam deka od ovaa nevolja ke izleze uste pojak i pobogat za edno iskustvo!Mu posakuvam da go prati zdravje i sreka i poracuvam:ISTRAJTE GOSPODINE CANOVSKI SE KE BIDE VO RED!!!!
Од: Darko
Датум: 05.08.2011 07:49:29
Makedonija se zali zosto nema stranski investatori.! Pa dali e mozno vo vakva drzava da se investira.? Mk se zalese isto deka pecalbarite(Gasabajterite) ne investirat vo Mk,naravno nema da investirat koga nema nikakva garancija od drzavata,nasprotiv nivnite tesko zaraboteni pari vo stranstvo bea zarobeni, taka da site izgubija poverenje vo Mk.A uste povece gubat poverenje vo drzavata koga citaat vakvi problemi kako sto e gorenavedeniot.
Од: Александар М.
Датум: 05.08.2011 08:14:22
Токму така, господине Цановски. Бизнисот не треба да се меша со политиката и обратно. Цацко те тераше да влегуваш во политиката и заради сватот твој, да работиш против државата. Е, сега ќе научиш дека државата треба и мора да се брани од такви бизнисмени како тебе и твојот сват. А што се однесува до повикот, странци да не вложуваат во Македонија, не и требаат на Македонија некои што ќе вложат 50-100 милиони евра, а за возврат да се однесуваат како Македонија да е нивна. P.S. Далеку си од вистината дека све што си вложил во Македонија си заработил во странство. Прикаски за мали деца.
Од: kiki makedonaki
Датум: 05.08.2011 08:18:53
Fiat 'e si dobie se [to 'e mu se o[teti. Pretpostavkite na inspekcijata deka 'e go nadmine gabaritot 'e vidime dali se to;ni koga 'e se stavi posledniot kat. Glupavi inspektori [to nasednale na ona [to nekoj go pobaral od niv a ne da si go po;ituvaat zakonot. Makedonija 'e pomine isto kako so ri[eweto na ku'ite vo Zloku'ani. Mislite li de3ka Fiat ivestira 60 milioni evra bez da bide pravno za[titen. Pa najdcobrite pravnici se vraboteni kaj nego na FON.Sto misli Grujo ili ni[to ne misli samo slu[a, edna[ 'e se sopne
Од: Pero
Датум: 05.08.2011 08:57:41
Fijat nema da go ostavat bez pari so ova sto go urivaat Kosmos. Dolgorocno, mislam deka kje go dobie sporot na sud i deka preku budzetot site nie kje treba da mu platime za glupostite na odredeni nepismeni partiski poltroni, i za kejfot na nivnite pretpostaveni. Samo i za toa ima lek, a eden den i sud.
Од: realist
Датум: 05.08.2011 09:00:03
Kako ne mu e sram, da gi krsi zakonite a da se povikuva na zakon. zosto mora da raboti von proekt zarem ne e najdobro se legalno. sigurno covekot naviknal se da pravi nelegalno pa misli moze da prodolzi taka. E vece nemoze., dosta promoviraa haos. Komentarite vi se cenzurirani samo za a nisto protiv i vi ste nekoj objektiven vesnik
Од: abadziev
Датум: 05.08.2011 09:09:16
bravo dzordz orvel imal vizija koga go pisuval deloto zivotinska farma, nazdravje neka ni e makedonijo.....i srecna nova 49
Од: Tome
Датум: 05.08.2011 09:20:38
Не немојте да го кривите само кланот тој е и така за жалење, а кај се оние сите полтрони и гниди околу нив па нели гледаме какви изјави даваат па за жалење е оној градоначалник, директор и останати кој клечејчи извршуваат гнасни работи за кој и они сами се сигурни дека се погрешни. Гледаме сите после војните и штетите што се прават одговорноста е на сите и сите одат во сметиштето на историјата така ке завршат и овие само жалосно е што сите ние ке ги плаќаме гревовите на идиотизмот во моментот!
Од: Andrea
Датум: 05.08.2011 09:21:39
Кланот корумпирани мангупи од врвот на власта, го запоседна Водно. Фирмите на браатучедите и другата криминална братија, блиска до нив, градат, крадат, тортурираат, го еродираат стабилитетот на државава и економски и политички. Судството, инспекциите како и дел од гласилата се нивни инструмент за дисциплинирање на народот, на кој тоталитаризмот му се претставува како демократија. Сепак, чашата се преполнува. Гебелсовите синови ќе мора да седнат на црната судска клупа - денес или утре. Анархизмот и дивеењето на семејството мора да биде спречено и казнето.
Од: Gorgi Lazeski
Датум: 05.08.2011 10:01:19
Zosto Prerodbenicite ne Naplatat Danok i Komunalii od firmite Na Goce Zelenkovski KONARTIS i ZMEKS.Dali Prerodbata se Plasi da Cepne vo KONARTIS i ZIMEKS?
Од: marija
Датум: 05.08.2011 10:13:56
zosto site ovie sto gradat ne si gi podmiruvaat smetkite. Zosto Canoski veli "ne se plateni samo dve rati" Pa plati gi i gotovo. Zosto mislat deka na "niv" treba da im se progleda niz prsti. Ovde e obratna rabotata. Ne plakaat oti mislat, "javni licnosti sme pa ako ne fatat ke ja svrtime rabotata "politicki ne gonat" Pa ke placat po televizii i nekoj ke im veruva nekoj ne. Taka mislat ke se protnat..
Од: Брус Ли
Датум: 05.08.2011 10:30:05
Удри Грујо,Мавај Грујо уби ги сви,да нико не преживи од ови олоши!
Од: Јованка
Датум: 05.08.2011 10:52:14
Се додека нашиов народ "не споменува и не посочува имиња", ќе се случуваат вакви работи! И се додека си седат по дома и си гледаат сеир, ќе плаќаме од народни пари за пресуди против државата, донесени во Стразбур. Ако треба инспекторката да го плати евентуално изгубениот спор во овој случај, мислам дека 10 пати ќе размисли дали ќе дозволи власта да ја уценува или не. Ама, таа нема оставено хипотека за вакви случаеви, па може да прави што сака. Сигурна сум дека на послушните држави службеници ваквите "стресови" на некој начин им ги надоместуваат.
Од: ZANA SKOPJE
Датум: 05.08.2011 11:15:45
dali ovaa fasisticka vlast gi rasvetli-fikom,samarija idrugi gradezni aferi.kako ne i sram na ovaa vlast,ke im dojde krajot no ke im bide los za zal.a sudskata treba da bide najloso kazneta.taa raboti protiv zakon,so godini gi provlekuva vakvite predmeti,no da dade gospod se pa i najmiloto vo zivoto da im se vrati.kako me boli mene taka i niv.sto e ovaa glupost od spomenici,falangi skopje go napravija edno golemo selo,samo covek sto ne e od skopje moze da kaze kolku e ubavooo skopje.koja li ke bide slednata afera?inaku kako ke si gi sokrijat svoite gomnenici.ova sto se slucuva vo makedonija e bez presedan.
Од: goran
Датум: 05.08.2011 11:19:47
Citam i vi se cudam zosto go zalite ovoj Canovski??? Belkim, ke vi dade za dzabe nekoe kvadratce od toj kompleks, koj najverojatno necesno i go gradi???kutriot toj aj sega da poplaceme site vo Makedonija vo koja ima na stotici i stotici luge sto nemaat ni za leb. Kako vakvite kako Fijat ne sfakaat deka iritiraat i bodat oci vo vakvi siromasni drzavi kakva sto e nasava?!
Од: 24 godisno mom4e
Датум: 05.08.2011 11:24:47
sega svativme zosto stanovite bile tolku evtini 800 evra na kvadrat toa go nema ni vo kratovo. trebalo samo da se ograbi narodot i cao posle tipicen fikom. se e maski i izmami dogovoreno pomegu fiat i vladata, taka si igrat so nas demek taka bilo onaka bilo pozdrav.
Од: Стојан К
Датум: 05.08.2011 11:26:16
Мафијата на власт го засилува притисокот врз тие што не се со нив. Корумпираат на големо се што можат. Ова значи дека чуствуваат дека има се ближи крајот. Исперени мозоци и корумпирани за ситно ќе дојде денот кога сите ќе одговараат за целокупниот криминал и злото кое му го вршат на народот.
Од: realen
Датум: 05.08.2011 11:58:05
G-dine Canovski, po oblaci doagja sonce. Istrajte vo ovaa stupidna "vojna" so maloumni.
Од: Itar Pejo
Датум: 05.08.2011 12:12:23
Lani ova vreme koj mozese da go zamisli Mubarak legnat vo nosilka zad resetki? Sila bese, izbran bese od narodot, niskoj nisto ne mu mozese.
Од: Ico
Датум: 05.08.2011 12:17:50
Објектот "Космос" на Фијат Цановски, со смислено задоцнување, од власта беше прогласен за дивоградба затоа што тој, ибрикот, иако знае кеде жовее и со кого ќе има работа, отстапил од проектот во висина! Веднаш потоа, експресно, започна урувањето на злосторнички направената дивоградба за да се задоволи законитоста протолкувана произволно од власта! Еве јас како долгогодишен активист во еколошкта сфера, ќе си земам за право и слобода да прашам за судбинната на една вистинска дивоградба оставрена во заштитен простор!? Имено, ние екологистите долго време лелекаме и бараме да се спречи изградбата на диви стабнбени објекти на северната старана на заштитениот локалитет Парк шумата Гази баба, но и да се разрушат истите! За жал, досега не е направен ни обид во таа смисла. Сосема логочно, се наметнува прашањето: "Како Космос, ќе бидат ли срушени и овие вистински диво изградени објекти на заштитен продстор!?" Господа, чекаме одговор и објаснување!
Од: забеган.
Датум: 05.08.2011 12:52:14
Кажи бре Фиат кој ти се закануваше,,,,,,,,,,,Што ги штитеш е додека јавно не се каже за секој кој што работи.Нема да одиме напред него ќе се враќаме назад.Што НАРОД ќе бевме еп те тепат ем ќутеш.
Од: Трпе
Датум: 05.08.2011 13:18:50
Порано ова блада работеше се испревртено,сега работи терсене.Како може да ги дисциплинира инвеститорите и даночните обврзници,кога знаеме како таа се однесува со плаќање кон инвеститори,изведувачи,доверители.Па сите од нив учат како да се однесуват.Но тие за се ке платат кога ке ја изгубат власта.Само да не се разбегуаат низ светот, да си останат верни на земјата во која се богатат и самите знаат како.
Од: Димитар
Датум: 05.08.2011 13:35:38
Чудно. Мене искрено воопшто не ми е жал, ако некои олигарси ги туркаат.
Од: makedonec
Датум: 05.08.2011 13:53:18
Tesko narod edni gi legalizirame,a drugi gi urivame e ova e nesto za da se stavi prst na glava.Site nie da se stavime vo kozata od Fiat togas ke ja osetime bolkata .Ovie izgleda sakaat psihicki da go unistat covekot.I kaj e narodot,kaj e opozicijata zar negleda sto se raboti vi drzavava.Sledniot pat za nikogo nema da glasam,samo ima budal narod vo ovaa drzava.Bruka nevidena,zar nemase resenie,sigurno da,samo covek koga ke umre nemoze da se najde resenie,a ovde se raboti za diktatura.Podrska za Canoski i za vo makedonija tesko da ja najdes pravdata,gledaj postapkata baraj ja vo Strazbur a kako sto gledam imate dovolno dokazi,a najgolem e dokazot sto nekoi divogradbi se legaliziraat vo meguvreme.
Од: struzanka
Датум: 05.08.2011 13:53:50
Пред да почнеш да ми судиш за мојот живот...облечи ги моите чевли тргни по мојот пат, помини преку планините и долините, почувствувај ја болката и среќата,помини низ годините по кои јас минувам, падни пред секое камче кое ми е препрека..Стани и повторно помини преку истиот пат, како што тоа јас го правам... Е дури тогаш...можеш да ми Судиш!!
Од: jole
Датум: 05.08.2011 14:23:52
Sto mesate babi i zabi so fintite sitelovski i dpmenvski ! sto ima vrska rusenjeto so neplatenite rati? po koj zakon sledi toa? toa se dve razlcni raboti. ako ne platil da se rusi neli? odete rusete vo tetovo ako vi stiska. sigurno od BS zgradite se vo red ! da bese uste Fijat vo koalicija ke videvme dali ke se rusese! sramota e za metar i pol da rusis celo objekt kaj bese inspekcijata togas ! celta e da se ocrnat site torbeshi, ne moze vo vakva diktatura pravoslavna torbesh da bide uspesen. Do koga samo vaka narode priglup ???
Од: natasha
Датум: 05.08.2011 16:35:47
Ubavo e da se veruva vo instituciite na sistemot, ubavo ke beshe da bevme pravna drzava, no ako sakame da bideme realni vistinata e sosema poinakva. Dokolku funkcionirashe sistemot nastrana od zelbite na familijata...nemashe ni da dojde do ova situacija.
Од: anonimen
Датум: 05.08.2011 17:20:51
do 24 god.momce i goran sto ne vi e jasno zasto se stanovite tolku evtini ,zapocnete so rabota vlozete gi vo izgradba na vas objekt pa ke vidite kolku treba da bide cenata na 1 kvadrat.Jas gradev i tvrdam deka i ova e visoka cena no davackite kon ovaa selektivna vlas se pregolemi.Ovoj covek samo za komunalii treba da im dade 11 miliona.Sega Tineks koj gi zema najatraktivnite lokacii (ako neka e ,tamu rabotat nasi luge no za zal za 200 E bes den sloboden)ke plati samo po edno evro.Ako neka e, no taa selektivnos vo ocite na realnite gragani stana vidliva,kako i selektivnosta vo odnos na mediumite.Ako i jas sum site da platat se kon drzavata no siguren sum deka ne e taka gradbite na Vodno so grdosijana i stram za Skopje kade sigurno inspektorite utvrdile deka se e pod konec, ha ha zalno e kolku precizna drzava stanavme preku nok pa za edno metro 30 miliona vo voda. Za zal (spored vas) komunistite ni ja sozdadoa ovaa Makedonija ama golemite patrioti ke ja rasturat ... strasno
Од: debar
Датум: 05.08.2011 17:32:32
E gospodine ,,realist,,. Pa zarem samo Fijat vo ovaa drzava go prekrsil zakonot(se razbira spored tebe). Najgolem kriminal vo drzavava e samata drzava, ako neznaes da ti kazam nekolku stotina policajci rezervisti poveke od 15 godini rabotaat vo Policija i redovno se prijavuvaat vo Agencijata za vrabotuvanje kako nevraboteni pa zarem toa ne e kriminal a za urbanata mafija i da ne zboruvame, i sega se nasol eden TORBES malku poimacen i ajde da go sotrime .Stramota ke ni se smeat i Kucinjata.
Од: violeta
Датум: 05.08.2011 17:48:46
gos.CANOVSKI VE MOLAM IZDRZETE GI OVIE RABOTI PORADI VASETO ZDRAVJE I FAMILIJA .IAKO NE VE ZNAM INSTIKTIVNO VI VERUVAM ,I VE MOLAM VERUVAJTE NA CUDEN NACIN SEKOGAS PRAVDATA IZLEGUVA .VIE NAS NI TREBATE, PREKU VASITE MAKI SE GLEDAME I NIE .BORETESE ZA VASITE PRAVA SAMO TAKA KE NE PRETSTAVITE VO PARLAMENTOT .SEKOJA CEST POZDRAV
Од: riki
Датум: 05.08.2011 19:59:21
Abe Canoski ti napravi mnogu golema greska sto tie pari resi da gi vlozuvas vo Ovaa PISLANA od drzava,so takva investicija ke te molea site drzavi da investirash a ne da te blokiraat na sekakov mozen nacin. Tesko narod so vakva selektivna politika. Bog da cuva i da brani
Од: Od Lexus
Датум: 05.08.2011 20:55:27
Stvarno mnogu posten od klanot na veliu ali nejse politika i biznis nese mesa prasajtego Putin..............
Од: dimitar
Датум: 05.08.2011 21:27:15
Grujo nema da si vecen eden den ke padnes od vlast,a potoa nikoj ne bi sakal da bide vo tvoja koza
Од: aleks
Датум: 05.08.2011 23:57:18
mora od negde da se pocne a ovoj ic da ne go zalite neznam ako postoi fasizam dali nekoj normalen obicen graganin na ovaa drzava koj si gi plaka danocite e uapsen jas neznam mnogu cesto se koristi zborot fasizam a pri toa golem del od tie ljuge neznaat kako funkcionira fasizmot glavi letale vo fasizmot a za ovoj nemam komentar neznam od kaj mu takvo bogatstvo za kratko vreme i so ovaa izjava investitorite da ne investiraat vo makedonija zatoa sto nego go gonat se zabetonira kaj obocniot graganin za se drugo postoi sud neka presudi.

Најди! во Утрински
На прво место

"""