Каролина Гочева
- пејачка
Куферите речиси не ги распакувам еден месец, постојано патувам. Денеска одам за Охрид, каде што вечерва ќе имам настап во „Куба либре“. Веднаш со бендот имаме мала проба, малку одмор, па на работна забава. Останувам 2-3 дена во Охрид, најмногу за настапот на Боб Синклер в четврток.
Новица Василевски
- музичар
Денеска од Охрид семејно се упатуваме кон Битола. Сакам да се видам со тамошните колеги - музичари, па најверојатно голем дел од денот ќе минам на кафе на Широк сокак. Всушност, остануваме неколку дена во Битола, на одмор во домашни услови.
Катерина Шехтанска
- Лаковски - актерка
Паузирам од актерството т.е. се' уште сум на породилно отсуство, па најмногу време минувам со децата, избегнувајќи ги горештините. Всушност, веќе се подготвуваме за одмор т.е. треба да извадиме пасоши за децата. Така што денешниот ден ќе биде малку поврзан и со административни работи.
|