Број 3048  среда, 29 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Најзаљубени личности се Овните. Многумина по којзнае кој пат се наоѓаат во состојба на заљубеност. Ќе бидете среќни и задоволни под услов да расчистите со некои работи и да се приспособите на другите. Ситуацијата ќе се искристализира до средината на август. Дотогаш - слатка неизвесност.



Бик

Моментите на задоволство имаат и своја негативна страна. Не ни дозволуваат да напредуваме, така што инстинктивно се препуштаме на уживањето. Неконтролираното јадење носи повеќестрани последици. Мора да бидете свесни за фактот дека се', па дури и среќата е минлива. Денот е во знакот на успехот и уметничките склоности.



Близнаци

Само ограничувања. Кој ви е виновен што на случувањата гледате песимистички. Партнерот го доживувате негативно и склони сте да ги забележувате само неговите лоши страни. За почеток, купете розови очила, насмевнете се, па може ќе успеете да го ублажите длабокото внатрешно незадоволство.



Рак

Полни сте со живот, па нормална е и вашата потреба да им се препуштите на ситните радости. Ви годи се' што е удобно и убаво, бидејќи чувствувате потреба да прескокнете нешто. Денот го поминувате во друштво на личности кои ве расположуваат и покрај саканата личност. Се' е толку едноставно. Неизвесноста е зад вас.





Лав

Благодарение на поволните случувања сте среќни и задоволни, склони да се препуштите на уживање. Направете го тоа на ваш својствен гламурозен начин. Доколку сте сами, компензација ќе барате во слатките, што на индиректен начин го лачат хормонот на среќа. Чувајте се од шеќер во крвта.



Девица

Бидејќи ситуацијата на емотивен план се смири, почнавте да размислувате и да сфаќате дека сето тоа било плод на потребата за идеализација. Партнерот до таа мера ги изневерил вашите очекувања што се' ви станува смешно.



Терезија

Се чувствувате фантастично, среќно и задоволно. Не размислувајте за обичните нешта и животните проблеми, туку насочете ги мислите кон љубовта, уметноста. Но, се' што е добро има и своја лоша страна, така што ќе имате некои здравствени проблеми.



Скорпија

Побарајте ја конкретната причина за незадоволството. Иако мислите дека виновници се вашето друштво, луѓето, работата и се' што се однесува на другите, грешите. Причината за незадоволство побарајте ја во болната состојба на телото и духот што ве спречува ситуациите да ги гледате реално. Размислете околу тоа.



Стрелец

Бидете реални кога вашите можности се во прашање и однесувајте се во согласност со тоа. Само на тој начин ќе го избегнете преценувањето на сопствената сила и нервните проблеми. Моментално ви се советува да не бидете премногу горди и самобендисани. Се' останатото се одвива на задоволувачки начин. Ќе придобиете нечија наклонетост.



Јарец

Денешните активности бараат дополнителен напор доколку сакате да ги спроведете според планот. Дали сте подготвени за тоа и дали сте во состојба да се изборите. Размислете! Помина времето кога можевте да се однесувате пасивно. Во меѓувреме, станавте свесни за сопствените потреби. Но, најизразена е потребата за духовен мир.



Водолија

Со сугестии остварувате се' што сте замислиле. Бидете скромни и реални во идеите, бидејќи златната средина е идеална. Доколку нештата околу себе ги доживувате премногу интензивно, може да доживеете и нервен слом, па така едноставно заборавете на резултатите. Важно е само да ја избегнете нервната раздразливост и да постигнете рамнотежа на телото и духот.



Риби

Бидејќи се евидентни препреките за што било да се фатите, чувствувате потреба за самотија. Не сакате другите да ве видат нерасположени. Пожелно е денес да ги извршувате само најважните задачи. Во таа ситуација ќе бидете задоволни и добро ќе функционирате. Во спротивно, ве очекува нервоза и неисполнетост.
Најди! во Утрински