Што прават денеска
Тони Китановски
музичар
Во Скопје сум и со скопсково изгор лето се справувам работно. Наутро го спроведувам кафе-ритуалот, па влегувам во студио и излегувам следното утро. Работам на нов албум и вистинско задоволство е да се соработува со музичари како што се Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски - Шпато и Александар Секуловски.
Благица Павловска
пејачка
Вчера од Охрид допатував во Скопје, но само накратко. Веќе утринава тргнувам на пат за Струмица, каде што имам настап, но планирам да направам и излет во Дојран, а можеби и во Грција. Се' зависи од расположението и подносливоста на задоцнетите летни горештини.
Жанко Голабовски
радио и ТВ-водител
Денеска си живеам стандардно - охридски. Времето е сончево и топло, па наутро од 8 до 12 ч. ќе си ја водам емисијата „Охрид не бери гајле“, па потоа се препуштам на чекањето да мине и оваа недела, да си одат скопјаните и да одам на плажа. Инаку, дрвата ни стигнаа, па помирно им се препуштам на убавините на летото. |