Број 3360  вторник, 17 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Ќе чуете добри вести од некој пријател, а тоа се однесува на пари. Ќе влезете во еден деловен потфат што ќе ви донесе голема заработувачка. Во љубовта ќе доминира страста, со повремени изливи на нежност. Здравјето ќе ви биде променливо, но наскоро ќе ви се поправи.



БИК

Пред вас е поволен ден. Финансиската ситуација ви се подорува. Ве очекува патување, како и поволни вести од странство. Не очекувајте премногу од љубовниот живот. Партнерот не се чувствува најдобро, па затоа се можни сексуални проблеми. Здравјето е на солидно ниво.



БЛИЗНАЦИ

Многу очекувате од партнерот и тоа може да биде причина за разочарување оваа недела. Посебно критичен ден бидејќи ќе го фатите партнерот во лага. На работното место ве очекува помал успех. Кога станува збор за финансиите потпрете се на партнерот. Здравјето ви е без промени.



РАК

Оваа недела ве очекуваат многу обврски. Материјалната ситуација се поправа, но ќе имате и големи расходи. На љубовен план состојбата е комплицирана, па ќе имате расправии со саканата личност. Но, ништо посериозно. Посветете малку повеќе внимание на здравјето.



ЛАВ

Премногу сте врзани кон партнерот, но тој е груб со вас. Тоа ќе дојде до израз наредните неколку дена. Страстите ќе ви бидат нагласени и ве очекуваат бурни сексуални искуства. На деловен план ве очекува извесен успех. Не е лошо да посетите лекар.



ДЕЦИЦА

Пред вас е ден во кој ќе морате многу да работите, но од тоа ќе имате корист. Кариерата ќе ви се одвива во позитивен правец. Љубовниот живот ви запаѓа во мала криза, па затоа не очекувајте премногу на тој план. Бидете особено внимателни во сообраќајот, бидејќи можни се повреди.



ТЕРЕЗИЈА

Периодот во кој се наоѓате е прилично поволен за вас, како во материјална, така и во љубовна смисла. Ден кога можете да очекувате максимален успех. Сепак, на работното место можни се мали недоразбирања. Бидете многу внимателни во сообраќајот и избегнувајте да консумирате алкохол. Здравјето ви е нестабилно.



СКОРПИЈА

Овие дена лесно ќе се впуштите во нова авантура. Во секој случај љубовниот живот нема да ви биде ниту малку досаден. Финансиската ситуација е помалку проблематична бидејќи имате големи трошоци. Дури на крајот на неделата тоа ќе се поправи. Внимателно во сообраќајот.



СТРЕЛЕЦ

Поминувате многу време дома. Понекогаш дури и премногу. Односот со партнерот би можел да има турбуленции, па затоа водете сметка што ќе изговорите, за подоцна да не се каете и да морате да се извинувате. Здравјето ви е одлично, но и финансиската состојба ви се поправа.



ЈАРЕЦ

Ова е една од успешните седмици за вас. Партнерот се наоѓа во некое чудно расположение , па не сте сигурни за што се работи, а вие сте склони кон авантури. На работното место ќе имате недоразбирања со колегите од спротивниот пол. Здравствената состојба ви е одлична, иако е пожелно да се занимавате со некој спорт.



ВОДОЛИЈА

Денес сте прилично сентиментално расположени, но и финансиите ви се добри. Што се однесува до наклонетоста на партнерот ќе имате извесен успех доколку не очекувате премногу. Полека ви се средуваат и семејните проблеми. Здравјето ви е прилично добро.



РИБИ

Денес ќе бидете особено осетливи на емотивен план што може да резултира со пад на имунитетот. Финансиската ситуација е добра. Односот со партнерот не ви е најдобар, па треба да р��змислите за некои работи. Ќе ви се даде исклучителна можност да отпатувате во текот на наредниот викенд.












#
Најди! во Утрински