Број 3447  четврток, 02 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Бидејќи до се' доаѓате тешко, насилно реагирате и имате желба за одмазда. Ситуацијата не е розева, а начинот на кој се трудите да ја ублажите тотално е погрешен. Одморете, размислете добро и пронајдете некое паметно решение. Ќе видите дека се наоѓате во фаза на големо преобразување.



Бик

Напорен ден, полн со непријатни изненадувања доколку однапред се подготвите за него, наоружете се со трпеливост и упорност. Во спротивно, можни се расправии со партнерот во домот, нервози и тешко зборови. Не помислувајте да инвестирате во нешто.



Близнаци

Самите сте виновни за тоа што за некои имавте погрешно мислење. Се трудите од корен да го промените односот со околината. Многу грешите, благодарение на тие комуникации ќе успеете на реализирате дел од идеите. Не заборавајте ги претходните искуства.



Рак

Комуникативни сте и пријателски расположени. Функционирате со зголемена доза на внимателност, а за се' и секого имате објаснување и разбирање. Кога секогаш би биле толку паметни каде би ви бил крајот. Внимателно со личност во знакот на Риби, лесно може да ве изневери.



Лав

Среќни сте и исклучително расположени, бидејќи прославивте се' што може да се прослави. Доколку не сте заљубени во личност од спротивниот пол, во себе нормално сте. Тоа е добар знак, бидејќи закрепнувате од стресовите низ кои поминавте поради нарушеното его.



Девица

Сте придавале на некого поголемо внимание отколку што заслужува, па сознанието дека бевте на погрешен пат за вас е поразувачко. Вината за тоа секогаш треба да ја барате во себе, поради лоши процени се наоѓате во лоша позиција. Ве очекува средба со здравствена установа.



Терезија

Се' што е убаво кратко трае, затоа и периодот на фантазирање е зад вас. Решавате повеќе внимание да посветите на изгледот и здравјето. Бидејќи денес не сте во елемент, направете мал напор за да ги разубавите слободните моменти.



Скорпија

Многу време поминувате во домот. Окупирани сте со семејни проблеми и планови врзани за селидба. Доколку работите со недвижности, ве очекува успех. Не дозволувајте некој од домашните да ве извади од колосек. Доколку се дистанциарте на фин начин, ќе избегнете проблеми.



Стрелец

На повидок е патување. Бидејќи станува збор за примамлива и убава понуда, добро се чувствувате. Незадоволни сте со своето знаење, па планирате усовршување. Моментално сте превртливи, потрудете се да се контролирате. Променете се за да си го поедноставите животот.



Јарец

Вашето расположение зависи од околината. Доколку некој се потруди да ве испровоцира, може да ви го расипе денот, но исто така и да го направи интересен ако ве израдува со нешто. Кога подобро ќе размислите очекувате од другите да влијаат на вас, а вие ништо да не преземате.



Водолија

Со околината делите и добро и зло. Бидејќи денот е многу интересен секоја минута ќе ви се случува по нешто интересно. Важно е да бидете во добро расположение или и друштвени, па со леснотија ќе ги пребродите вознемирувачките искуства.



Риби

Во фаза сте на правење планови кои се премногу убави за да бидат реални. Не занесувајте се, потрудете се незадоволството од моменталната состојба да го поправите на вистински начин. Не заморувајте се премногу и мирно чекајте ги своите пет минути.






#
Најди! во Утрински
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars